Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

sporni stanovi

Нова закана од извршител за станарите од „Карпош Војвода“

Post Views: 62И после една година останува неизвесна битката на пет охридски семејства за нивните станови на ул „Карпош Војвода“.  Правната голгота на овие семејства која започна минатата година поради имотно правен спор  помеѓу Агенцијата за стопанисување со станбен и деловен простор од интерес на РМ и АДГ Трудбеник продолжува. Иако тие по судски пат ја докажаа сопственоста врз становите  сега извршителот им се заканил со ново насилно попишување на истите. Денес тие јавно запрашаа, до кога ќе трае малтретирањето од страна на извршителот на АД за стопанисување со станбен простор, и...

Продолжи со читање

opstina debrca

Дебрца ќе стане модерна и современа општина

Post Views: 53Осовремување и модернизација на Општина Дебрца, главна заложба на градоначалникот  Игор Трајкоски за 2015 година. Тој најави повеќе проекти меѓу кои изградба на систем за фекална канализација во село Велмеј како приоритетен. Според Трајкоски системот ќе биде во должина од 9354 метри, а ќе се состои од главен крак, колектор кој ќе минува низ средината на селото и кој ќе ги прифаќа останатите секундарни краци.„Во овај проект предвидени се вкупно 237 ревизиони и каскадни шахти. Секундарните краци  ќе се поставени на начин, да ги зафаќаат отпадните води од сите објекти  и по...

Продолжи со читање

deponija

Општина Охрид подолго време нема комунален инспектор

Post Views: 47Депонија на приватен имот нагрдува дел од улицата  „Дејан Војвода“. Тука може да се забележи различен смет, од комунален, градежен до зелен отпад. Граѓаните велат дека тука кој како ќе стигне фрла смет. Иако е во центарот на градот никој од надлежните не излегол на терен да ја констатира состојбата ниту да даде налог истиот да се исчисти. Како што кажаа граѓаните до пред 15 години тука живеела сопственичката на куќата, а  после нејзината смрт никој не водел грижа за тоа место. Законот за јавна чистота е дециден дека кога станува збор за депонија во објект кој е во приватна...

Продолжи со читање

srusena kuka

Невремето ја урна куќата на Неџат Рамадан, самохран татко на две болни деца

Post Views: 47Без покрив на глава остана Неџат Рамадан самохран татко на две деца со пречки во развојот, 19 годишниот Омер и 20 годишната Рената. Поради обилните врнежи од снег и дожд неговата  стара куќа на почетокот од февруари се сруши и од неа не остана ништо. Среќа во несреќа е што Рамадан имал претчуство дека куќата ќе се урне и се сместил кај соседот кој му отстапил дел од својата куќа, без да палќа кирија, само давачките за струја, вода и комунално. „Ние куќата ја напуштивме денски и од невремето од дождот и снегот на први, втори во 5 часот изутрина куќата целосно беше рушена. Ние...

Продолжи со читање

detsko odmoraliste

Локалната заинтересирана да помогне за реконструкција на детските одморалишта во Охрид

Post Views: 200Ќе заживуваат ли детските одморалишта во Охрид. На Охридското крајбрежје има две детски одморалишта „Радости“ и „Славејче“. Нив ги одржува и со нив стопанисува Републичкиот Сојуз за грижа и воспитување. Објектите со во добра состојба но факт е дека треба реновирање. Засега раководните структури од одмаралиштата сами се снаоѓаат за опстојување на објектите без поголема помош од институциите, но за поголеми финансиски зафати се надеваат на помош од општествено одговорни компании. Од охридската Локалната самоуправа со оптимистички најави, подготвена е да помогне повторно да...

Продолжи со читање

humanitaren koncert

Голем хуманитарен концерт за помош на поплавените жители

Post Views: 47Охрид дел од иницијативата за собирање на помош за жителите од поплавените подрачја во Република Македонија. Утре 8-ми февруари 2015 година во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи голем Хуманитарен концерт. Координаторот на концертот,  Дарко Мојсоски вели дека со организација на еден ваков хуманитарен концерт со настап на познатите музички имиња ќе се даде еден мал допринос за помош на нашите сограѓани.„По повод новонастанатите природни катастрофи кои што се случија во РМакедонија, поплавите во некои подрачја, излеговме со проект  концерт за помош на настраданите...

Продолжи со читање

studencisko

Слаб интерес на охриѓани за јавните дебати

Post Views: 47Денес во општина Охрид се одржа јавната расправа и увид на извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за неколку Урбани заедници. Согласно законската регулатива Јавната расправа ја организираше градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески. Евидентно беше присуството на добар дел од експертската и научна фела за животната средина од Скопје, претставници на еколошките друштва од Охрид, од Хидробиолошкиот Завод, додека пак речиси и да немаше присутни од луѓето од нашиот град кои се најповикани во оваа проблематика. И покрај можноста да се произнесат...

Продолжи со читање

socijalna zgrada

Сеуште нема насока за откуп или закуп на социјалните станови во Охрид

Post Views: 54Социјалните станови во Охрид Во Охрид има 71 социјален стан. Дали и овие станови корисниците  ќе можат да ги купуваат исто како и општествените,  од охридската подружница на АД „За изградба и стопанисување со станбен и деловен простор на Македонија“, немаат никаква насока од ресорното министерството, вели првиот човек на подружницата Гоце Георгиески. Додава дека го имаат во предвид фактот дека станува збор за корисници  од ранливите категории на кои примањата им се ниски.„Тешко дека социјален случај ќе може да го купи станот. Без разлика, чекаме насока од Министерството за...

Продолжи со читање