Автор: Николоска Биљана
Post Views: 56Во Охрид има 30 општествени станови со нерегулиран статус. Граѓаните корисници на вакви станови согласно последните измени на Законот за домување имаат рок до 31 март годинава, да поднесат барање за откуп или закуп. Првиот човек на охридската подружницата на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор на Македонија, Гоце Георгиески, потсетува дека нивните служби им стојат на располагање на граѓаните за да им дадат инструкции како и под кои услови можат да склучат договор со Министерството за транспорт и врски.„Ги замолувам сите станари да...
За пет години во Охрид целосно ќе бидат заменети азбестните цевки
Post Views: 52 Во Охрид има 28 километри незаменти азбестно-цементни водоводни цевки. Поголеми потези опфатени со вакви цевки сеуште има на ул „Гоце Делчев“ од амбуланта Воска до Подмоље, на бул. Туристичка на потегот од стара царина до влезот на Охрид. Од ЈП Водовод велат дека азбестните цефки треба да бидат целосно отстранети во следните пет години. Според податоците на РЕ Водовод Охрид во далечната 1960 до 1972 година на територијата на општината биле монтирани околу 53 километри азбестни цевки. Од тогаш па наваму како што појаснува раководителот Сашо Сотироски со МЕАП проектот од 2002...
Се бара простор за дислокација на Центарот за наркозависници
Post Views: 58Се бара простор за дислокација на Центарот за наркозависници Охрид, кој се наоѓа во непосредна близина на Центарот за социјална работа и до детската градинка Развигорче. Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов при денешната посета на Охрид истакна дека во соработка со општината и градоначалникот Никола Бакрачески работат на изнаоѓање решение за дислокација на овој центар.„Јас и во посетата на Центарот за социјални работи разговарав и со граѓаните кој живеат тука бараме соодветен простор кој што мора да биде во државна или во општинска сопственост. Се надеваме...
На 90 охриѓани отпишани им се долговите
Post Views: 49Доцни исплатата на социјална парична помош, реагираат примателите на овој вид надомест. Последната исплата била за месец октомври. Тие велат дека години нанзад парите од овој вид надомест на сметка им легнувале од 1 до 10 во месецот. Од тогаш па до денес не е исплатена социјална помош за 11, 12 месец минатата година, а веќе изминува и јануари 2015 година. Тие средства многу ни значи да ги добиваме без задоцнување затоа што ни престставуваат единствен извор на средства со кои ги подмируваме пред се потребите за храна, реагираат граѓани од оваа ранлива категорија. Министерот...
Куќата на Коле Котуш цели шест и пол децении заборавена од надлежните
Post Views: 57Куќата на Коле Котуш во стариот дел на Орхид иако претставува значаен културно историски објект оставена на забот на времето. Куќата е сосема руинирана и претставува опасност за бројните минувачи и туристите по улицата Цар Самоил. Сопствениците Љупчо и Јасминка Маслови секојдневно стравуваат дека куќата ќе се сруши, и не дај Боже некој ќе го земе на душа. Маслов кажува дека неколку пати преку писма, дописи и лични контакти укажувале до надлежните установи за опасноста од руинираниот објект, но до ден денес останале без одговор.„Не почестија со елаборат и проект за куќата дека...
Цубалески: Охриѓани гладни се за работа
Post Views: 84Динамиката на воспоставување кооперански односи на странските инвеститори со локални компании и ангажирање на што поголем број работни кадри од Охирд е една од суштинските потреби на градот. Ова денеска го истакна Градоначалникот Никола Бакрачески на средбата со проект менаџерот на фирмата ODW-elektrik, Огнен Цубалевски. Градоначалнкот беше запознат со досегашната реализација на оваа германска инвестиција во Охрид.„Денес во текот на оваа работна средба ги видовме сите аспекти. И понатака ние како Локална самоуправа силно остануваме посветени на можностите да дадеме...
Студена чекaлна на охридска радиологија
Post Views: 52Одделението за радиологија при Општа болница Охрид е ладно и нема санитарни јазли. Пациентите реагираат дека во сред зима во чекалната премрзнувале со саати. Овој проблем не е нов и е добаро познат на раководството на оваа установа. Првиот човек Љубен Арнаудов, појаснува дека објектот каде што се вршат рентген снимања е многу стар и тешко дека за брзо време работите во тој дел можат да се променат.„Таму таваните се високи по 5-6 метри, огромни простории се и во најдобар случај не можат адекватно да се загреат, плус чекалните се директно на ладен воздух, бидејќи постојано се...
Намален интересот за училишното осигурување
Post Views: 71Средношколка од Охрид на час по физичко образование паднала и се здобила со повреда на левата рака заради што во специјалната болница Св Еразмо и поставиле гипс. Родителот на ученичката кој сака да остане анонимен, за ТВМ обелодена дека секоја година плаќале по 100 денари за училишно осигурување, но и покрај тоа, кога се случила незгодата осигурителната компанија не и платила ниту денар обештетување иако уредно ги доставиле сите потребни документи.„Ги поднесов јас лично документите, прво поднесов фотокопија со изјава од девојчето како се случило, потоа ми рекоа не фотокопија...







