Автор: Николоска Биљана
Post Views: 8 Три дена траше подготовката на 1600 литарската рибја чорба за Денот на рибарите. Четврта година по ред, по стариот добро познат рецепт со 400 килограми лосос, професорите и учениците од охридското средно угостителско училиште „Ванчо Питошески“, се потрудија на охриѓани и бројните гости да им зготват деликатесна рибна чорба. Подготовката на чорбата ни стана рутина, рецептот се покажа добар и не го менуваме, вели наставникот Блаже Јорданоски.„Во подготовката на чорбата учествуваа околу 15 ученици, 8 професори и кадар од нашето училиште. Значи се подготвуваше во...
Алтернативната медицина добива законска рамка
Post Views: 13 Нема некој што не би сакал да направи арома терапија со употреба на етеричните масла кои во 1 капка содржат 2000 цветови, вели Сузана Наумоска, сопственичката на салонот за убавина Изида Спа. Таа додава дека со оваа терапија телото за еден час успеваат да го вратат во нормална состојба дури и кај доста нервозните клиенти. Но охриѓани сеуште малку се присутни на третманите од алтернативната медицина, потенцира Наумоска.„Морам да кажам дека економската ситуација охриѓани малку ги направи да имаат некаква линија а да не доаѓаат во салони, но, со туристите нема...
Трајкоски ќе го решава проблемот со отпадните води во Велмеј и Лешани
Post Views: 11 Општина Дебрца ќе аплицира во Министерството за финансии за добивање грант, неповратни средства за инфраструктурни проекти во рурални општини. Станува збор за средства во висина до 260.000 евра. Градоначалникот на Дебрца, Игор Трајкоски вели дека тие уште од минатата година ја изготвиле проектната документација со цел да можат веднаш да аплицираат.„Со овој повик ние како локална имаме спремано проектна документација за изградба на фекална канализација во село Велмеј значи со тој проект ќе аплицираме и ќе оствариме едно од ветувањата дадени пред граѓаните во...
„Мој термин“ во Охрид, функционира добро
Post Views: 18 Мал број пациенти не се јавуваат на закажаниот преглед од Мој термин, во охридската болница. Како што информираат од таму, секој ден со оваа Владина мерка се извршуваат по 24 прегледи, на сите одделенија од Општа болница Охрид. Д-р Лилјана Ангелеска нагласува дека досега проектот одлично функционира, малку биле отстапките кај пациентите да не дојдат на закажаниот преглед, посебно на интерно одделение и смета дека кај пациентите дава позитивни ефекти.„Пациентите закажани на термин 90% доаѓаат, евентуално можат да закаснат малку меѓутоа добро функционира, некои од...
Божиќен ручек на геријатрија од нашиците во Австралија
Post Views: 6 Денес кога се слави големиот христијански празник Божиќ весело беше на одделението за геронтологија при општа болница Охрид. Годинава нашите иселеници од Мелбурн, Австралија пациентите од ова одделание ги почестија со богат празничен ручек. Атмосферата ја развеселија членовите на ансамблот Билјана Јуниор. За време на ручекот директно од Мелбурн се јави Васко Ангелоски од здружението Св Наум Охридски.„Особена чест е да Ви го честитем празникот на празниците Божиќ за век и веков, нека се слави и вознесува името божјо, Христос се роди. Честити да ви се божиќните...
Спектакуларен дочек на Новата 2015 година во Охрид
Post Views: 7 Охрид во празнична новогодишна еуфорија. На дочекот на најлудата ноќ кафетериите во Охрид беа полни, а на плоштадот Св Климент Охридски едвај место да се помине. Студеното време не ги спречи охриѓани и бројните гости на градскиот плоштад да бидат дел од прославата на градот која ја организира Локалната самоуправа. Новата година на присутните најпрво им ја честита познатото музичко име Владо Јанесвски, а веднаш по него таткото на градот Никола Бакрачески. 2015 ќе биде запишана во историјата на Охрид како година со најголем број реализирани проекти кои значат...
Охриѓани дома за најлудата ноќ
Post Views: 11 Одбројувањето може да почне! Часови не делат до Новата Година. Најголем дел од охриѓани најлудата ноќ ќе ја дочекаат дома. Дел од граѓаните кои ги анкетиравме велат дека причина за тоа е плиткиот џеб и лошите временски услови, поради кои не се осмелуваат да заминат на пат надвор од Охрид.Градот е подготвен за пречек на најлудата ноќ. Локалната самоуправа на плоштадот Св Климент Охридски организира заеднички дочек на Новата 2015-та година за охриѓани и туристите. Новогодишната програма ќе започне во 21 часот со настапот на естрадниот уметник , Петар Нечоски по што...
Итната медицинска служба со полни раце работа
Post Views: 7 Итната медицинска служба бележи зголемен број повици од хронично болни пациенти и срцево болните, но не и пациенти со повреди и скршеници. Очекуваат бројот на пациенти да се зголеми деновиве поради мразот на улиците. Од друга страна, непроодните патиштата им претставуваат голем проблем на екипите на брзата помош. Тешко се пробиваат на одредени локации во градов како и до селата за да интервенираат во итни случаи, како што нагласи раководителот на службата д-р Александар Стојаноски. „Во овие временски услови бројот на интервенции е нешто зголемен не така драстично...