Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

trotoari

Охрид во сообраќаен метеж, неисчистени улици и тротоари на периферните делови

Post Views: 53Сообраќаен метеж, неисчистени улици и тротоари, ваква е сликата во делови на туристичкиот бисер Охрид, посебно во Варош. Варошани од дома тешко можат да излезат поради непроодните улици затрупани со снег, добар дел од нив замрзнати, а паднатите дрва и каблите кои висат на сите страни и ги налегнале бандерите се дополнителен проблем. Паднатите гранки и дрвја на места попречуваат дури цели улички и досега никој од надлежните не дошол да ги отстрани од патот. Варошани не сакаа да коментираат пред камерата на ТВМ, но очигледно беа многу револтирани за ваквата состојба и дофрлаа...

Продолжи со читање

снег

Бакрачески: состојбата во Охрид ќе се стабилизира

Post Views: 63Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, рече дека е во постојана комуникација со менаџментот од МЕПСО и дека според нивните тврдења состојбата ќе се стабилизира и во наредните денови Охрид нема да остане без струја. Во врска со обилните врнежи од снег, градоначалникот рече дека екипите на сите јавни претпријатија постојано се на терен и ги чистат наносите од снег. Бакрачески најмногу се осврна на синоќешната акција кога конвој со два багери и џипови предводени лично од него и од градоначалникот на Струга Зијадин Села, учевствувале во акцијата за помош на затрупаните...

Продолжи со читање

podvodna elka

Подводната елка по 13 пат накитена во Охридското Езеро

Post Views: 48Триесет нуркачи членови на клубот за подводни активности „Амфора“ денеска во Заливот на коските кај Градиште по 13 пат ја накитија подводната елка. И годинава на овој несекојдневен настан младите нуркачи наздравија со детското шампањско, а добија и подароци од Дедо Мраз. Чуството да си под вода во пресрет на Новогодишните празници е необично, ново, и нешто што не може секој да го направи, кажаа најмладите.„Ова многу значи за мене бидејќи јас почнав  со нуркање пред шест месеци и многу е интересно е за мене лично, новогодишна елка под вода тое е многу ретко, нешто чудно звучи...

Продолжи со читање

gerijatrija

Пензионерите и годинава празнично на геријатрија

Post Views: 54Охридското пензионерско здружение во посета на одделението за геријатрија при Општа болница Охрид. Традиционално во очи на претстојните празници, вештите раце на пензионерките направија различни домашни специјалитети како комат, штрудла питулици, ванилици, и ги поставија на трпезата на геријатрија за да ги вкусат пациентите. Годинава охридските пензионери покрај визита на пациентите, беа во посебна мисија, да ги видат условите на геријатриското одделение, како и тоа да дознаат до каде е реализацијата на идејата за проширување на истото.„Ги видовме условите тие се подолго...

Продолжи со читање

socijalen rucek

Традиционално и годинава софра за луѓето од ранливите категории

Post Views: 52Трета година по ред ОО на Црвениот Крст од Охрид во соработка со Локалната самоуправа за 150 семејства обезбеди ручек и новогодишни пакетчиња за децата од социјално ранливите категории. Заменик градоначалникот Ангел Јанев рече дека ваквите манифестации нема да престанат, но, се надеваат дека наредната година на оваа софра ќе седнат помалку луѓе од социјално загрозените семејства.„2015 година веќе ќе одиме со најавите кои што ги имаме од државно ниво дека еве во тирз зоната како што реков најавено е две огромни фирми ќе отворат 2000 – 2500 места за вработувања. Јас верувам во...

Продолжи со читање

risto cado

Улицата „Ристо Чадо“ во очајна состојба

Post Views: 150Ристо Чадо е само една од охридските улици која се наоѓа во очајна состојба. Без тротоари, раскопан, пропаднат и преполн со дупки асфалт, расфрлан отпад насекаде, без улично осветлување, е сликата која најдобро зборува за проблемот со кој се соочуваат жителите од овој дел на градот. Но не само за нив оваа улица е проблематична за одвивање на сообраќајот и сите останати кои не ретко поминуваат по оваа улица за да се вклучат на регионалниот пат за Битола. Како што кажаа жителите, речиси три децении, нивната улица претрпува различни инфраструктурни зафати како што е поставување...

Продолжи со читање

ginekologija

За високиот процент на царски резови во Охрид имаат оправдување од болницата

Post Views: 41Неодамна ФЗОМ објави алармантни податоци, односно висок процент на породени по пат на хируршка интервенција. Според нив дури 50% или секоја втора охриѓанка и стружанка биле породени со царски рез. Д-р Ѓоко Танески од гинеколошкото одделение при општа болница Охрид вели дека процентот на царски резови во Охрид, пред да отидат на работа во струшкото гинеколошко одделение во времетраење од три години поради реконструкција на болницата, се движел до 30%.„За тие три години во струшкото одделение се породија околу 1800 пациентки од Охрид од нив скоро половина се породени со царски...

Продолжи со читање

cekalna

Бирото на Лихнидос ќе биде чекална

Post Views: 45  Проблемите со кои се соочуваат патниците на меѓуградската автобуска станица во Охрид не се новост. Автобусите на зима се чекаат под ведро небо, на дожд и снег а  на лето патниците ги пече сонце. Со цел барем да се ублажат ваквите услови, охридскиот автопревозник АД „Галеб“ деновиве работи на адаптација на објект наменет за чекална. Согласно Законот за превоз во патниот сообраќај секоја автобуска станица треба да има една таков соодветен простор. „После извесно време што ја користеше ДОЕЛ Лихнидос, друштвото основано од општина, конечно во владение ни е вратена таа барака и...

Продолжи со читање