Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Вредна донација од Швајцарија доби пожарна Охрид

Post Views: 13 Противпожарна опрема од Швајцарија доби Охридската Територијална против пожарна единица. Станува збор за донација вредна околу 40 илјади евра, добиена преку посредство на Лазо Јованоски и неговиот зет Хуан Карлос Леон кој бил командир на Пожарната единица во Лутербах.Опремата  многу ќе ја подобри работата и успешноста на нашите пожарникари, во справување со пожарите, изјави заменик командирот Горан Маркоски.„13 комбелезони за заштита од пожар, 32 пара интервентна униформа, 19 противпожарни пожари 56 работни комбелезони, 5 јакни за раководителите на смени 37 пара...

Продолжи со читање

Охриѓани чекаат попусти за да купуваат

Post Views: 11 Празничната потрошувачка еуфорија тешко ги зафаќа и продавачите и купувачите. Најголем дел од излозите на бутиците и продавниците  се или скромно или воопшто не се украсени во новогодишен дух. Многу е мал бројот на трговци кои со налепници на излозите маркирале новогодишни попусти од „-20 %“ „-30 %“, „-50 %“. Дел од граѓаните сметаат дека цените се превисоки и дека газдите на дуќаните не го користат периодот на празнична потрошувачка треска со намаленија да ги привлечат потрошувачите.„Да ги чекаме само ќе видиме во стварност колку е попуштено. Во некои продавници...

Продолжи со читање

Охридската пошта кубури со кадар

Post Views: 10 Охридската пошта кубури со поштари и шалтерски работници. Дека има потреба од нови вработувања потврдува и директорот на Македонска пошта подружница Охрид, Сејфула Хани. Во моментов околу 20 работни места се празни и потребно е нивно потполнување. Првиот човек на охридската подружница  додава дека прават напори за брзо време да се надмине овој горлив проблем и веќе од Министерството за финансии чекаат согласност за нови вработувања.„Според законот имаме монопол за поштенски услуги,  посебно за работата што ја вршат поштарите за доставувањето и мислам дека тука...

Продолжи со читање

На 15 декември истекува рокот за барање на откуп за државно земјиште

Post Views: 8   Гужва пред одделението на Управата за имотно правни работи Охрид. Рокот за поднесување барања за приватизација на земјиште во државна сопственост истекува на 15 декември 2014 година како што информираа од Министерството за финансии. Охриѓани информирани, но постапката им се видела комплицирана, бидејќи изминативе години по неколку пати тропнале на вратите од подрачното одделние на Управата за имотно правни работи. „Не доаѓам прв пат, за дворно место, доаѓам ме одбиваа па се тужев. Одамна имам подадено, носам  тужби, жалби да се разберам што е работата никој ништо...

Продолжи со читање

Ул. „Сирма Војвода“ сеуште голема каллива нива

Post Views: 14   Штом започне врнежиливото време започнуваат и главоболките на жителите на улицата „Сирма Војвода“.  На само неколку метри од центарот на градот, улицата се претвора во каллива нива која секој ден треба да се премине на пат до работа, училиште, град и назад.  Чизмите ни се обувки и во лете и зиме, велат жителите, а маката ги натерала да се снаоѓаат и со други реквизити. „Гледате дека сме во вода закопани во кал, децата и жените одат на работа ставаат најлони за да поминат од тука летно време се ова е змијарник.  Ние бевми два патив во општина кај секретарот,...

Продолжи со читање

Достојно одбележан патронот на ОСУ „Св Климент Охридски“

Post Views: 13 ОСУ „Св Климент Охридски“ достојно го одбележа својот патрон. Синоќа пред бројната публика во ЦК „Григор Прличев“, беше одржана свечена програма на гимназијалците од ова училиште. Училишниот хор заедно со рецитаторската секција се покажа во вистинско светло, така што прсутните ги оставија без здив. Тие приредија незаборавна едночасовна програма исполнета со песни и поезија. Директорката на гимназијата Вера Јовческа во  своето обраќање нагласи дека и годинава докажале дека се достојни следбеници на Климентовото дело.  „Најважниот мотив за работа е задоволството што...

Продолжи со читање

Банско и Копаоник, најбарани за зимување на охриѓани, а Истанбул за најлудата ноќ

Post Views: 10 Банско, Боровец, Копаоник се најбараните дестинации кои ги одбрале охриѓани за зимување. Сезоната е на прагот, а плановите на охриѓани за излез од обврски и релаксација се различни за секого, но целта е една – одмор, велат дел од охридските туристички агенции. А тука се и новогодишните празници. Пакет аранжманите за новогодишните празници се готови, има голем број понуди речиси за сите европски метрополи, за тродневен, четвородневен, петодневен аранжман со автобуски и авионски превоз, вели Елида Битрак од ТА „Елида Турс“.„Дубаи 5 ноќи со авионски превоз и...

Продолжи со читање

Јоксимовиќ и Милески официјално кумови на Водици 2015

Post Views: 13 Жељко Јоксимовиќ балканската поп ѕвезда и бизнисменот Зоран Милески ќе бидат кумови во Охрид на празнувањето на еден од најголемите христијански празници, Богојавление – Водици 2015. Ова денес на свечената седница го обелоденија од здружението на граѓани „Богојавление“. Зошто Јоксимовиќ? Интенцијата на здружението била манифестацијата Водици да прерасне во Балкански настан.„Значи ние почнавме меѓу нас како градска Охрид , потоа со Чифлиганец македонска, па сега одиме на балканска. За оваа година оценивме дека  кумството треба да го добие Жељко Јоксимовиќ и Зоран...

Продолжи со читање