Автор: Николоска Биљана
Post Views: 7 Директорот на Општа болница Охрид, еден ден во неделата после работно време, три часа ќе биде резервиран за пациентите и персоналот. Тоа го налагаат новините од Министерството за здравство вели Љубен Арнаудов, првиот човек на Општа болница Охрид.„Конкретно за нас определивме во четврток од 17 до 20 часот во мојата канцеларија можат да доаѓаат сите лекари кои имаат забелешки пофалби или поплаки исто и пациентите за било кој проблеми, кои сметаат дека ги имаат и дека можат да се решат тука можат да доаѓаат. Ние сме должни тоа јавно да го објавиме на огласни табли“...
Нова премиера на охридскиот театар
Post Views: 4 Нова премиера на охридскиот народен театар. Денеска со почеток во 20 ч во Центарот за култура Григор Прличев, премиерна изведба на претставата „ На дното“ по текст од Максим Горки, а во режија на Кирил Петрески. Претставата се занимава со човекот, во потрага по вистината и борбата за опстанок којашто се случувала во минатото, а која и ден денес сеуште трае. Режисерот Кирил Петрески вели дека претставата е подготвена за релативно краток период и се игра во еден специфичен и мал простор од 50 седишта, односно во подрумскиот простор на центарот за култура. Во тој...
Семејството Хусоски, бара кров над глава
Post Views: 8 Во една соба од трошна куќа која е на распаѓање во близина на амбулантата Воска, под кирија живее семејството Хусоски од Охрид. Покрај болеста која се надвиснала над нивното едногодишно дете, кое е категоризирано како телесно инвалидно лице, најтешка форма, тие едвај крај со крај врзуваат со скромната плата која ја зарабтува сопругот Сенат, вработен како метач во ЈП „Охридски Комуналец“.„Со таа плата од 8050 плаќам 4000 денари кирија струја и вода по 1200, мене од таа плата ми остануваат 500 со тие пари што да купам . Немам услови, немам болјер да го искапам...
Екс градоначалникот на Охрид заработи нова кривична пријава
Post Views: 8 СВР Охрид покрена уште една кривична пријава против поранешниот градоначалник на Охрид, Александар Петрески, поради постоење основа за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Портпаролот Стефан Димоски информира дека пријавениот спротивно на законските нормативи вработувал, а тоа го правел без претходно да има соодветни писмени барања од страна на раководителите на сектори и другите организациски единици во рамките на општинската адмистрација.„Пријавениот кривичното дело „злоупотреба на службена положба и овластување“го направил во...
Одбери љубов! Кажи не на насилството!
Post Views: 10 Насилство во охридското економско училиште. Група ученици од оваа установа денес беа сведоци на вербална расправија помеѓу нивни соученици. За среќа овој инцидент беше само симулација која пред учениците ја демонстрираа активистите од ЖЦ „Бисера“, Охрид. Препознавањето на проблемот на насилството врз жените, девојките и децата е прв чекор кон негово решавање, вели претседателот на Центарот, Наде Мартиноска. Таа нагласи дека денешната импровизирана сцена на кавга меѓу двајцата средношколци е непријатана глетка за сите, па затоа таквата појава треба да се препознае и...
Пицата најомилена меѓу средношколците
Post Views: 7 Пица, хамбургери, тостови во комбинација со газирани пијлоци, претежно се на менито на младите особено на средношколците. Ова го покажале податоците од анкетата која ја спроведе ФТУ од Охрид. Идејата за едно вакво испитување се родила како резултат на истражувањето по предметот нутриционизам кое го спровело факултетот уште во 2012 година под водство на професорката Ангела Василеска. Тони Павлески дипл. менаџер по хотелско ресторанско работење анкетирал 550 ученици од цела Македонија со цел да се дознае како се хранат младите средношколци, дали спортуваат, дали...
Четкањето на заби се учи од мала возраст
Post Views: 8 Едукација за правилно четкање на заби денес се одржа во детската градинка Јасна Ристеска. Познати стоматолози од ординациите Денторија и Сашо Стоев на дечињата им предочија што треба да јадат за забите помалку да им се расипуваат, како правилно да ги четкаат запчињата и на крај им поделија пакет подароци. Проектот е поддржан од Лајонс клубот Охрид, а планираме да продолжи и во наредните години, истакна др Ертан Омеров од стоматолошката ординација Денторија. Тој додаде дека децата одлично соработувале со нив, а тие запишале колку има млечни, расипани и трајни заби...
Општина Охрид: Тунтев да престане да лаже
Post Views: 9 Во однос на делот во кој се споменува Градоначалникот Никола Бакрачески, Општина Охрид, го замолува првиот човек на локалниот огранок на СДСМ Томислав Тунтев, да престане да изнесува лаги и манипулации. Господине Тунтев, фактите кажуваат а и охриѓани знаат дека во периодот кога Вие бевте заменик градоначалник на општина Охрид, таа заедно со јавните претпријатија се стекнаа со долг од над 50 милиони евра, долг кој не го памети поновата историја на Европа за толку мал град како што е Охрид. Дали ова за вас е манипулација г-дин Тунтев? Новата локална...