Автор: Николоска Биљана
Post Views: 58Ден на ашурето во ОУ „Братство и Единство“. Со цел да се продолжи и зачува традицијата основците од „Братство и Единство“ заедно со родителите и наставниците во рамки на проектот за мултиетничка интеграција во образованието го организираа овој настан. Наставничката Фахрие Реџеп истакна дека по примерот на ашурето, каде што десетици производи се спојуваат во една смеса, така и муслиманите, христијаните и сите други верници треба да се собираат и да бидат заедно.„Тргнавме од симболиката дека многу различни нешта се ставаат во подготовката на ашурето, така да истакнувајќи го тоа...
ОУ „Братство и Единство“ го одбележа денот на албанската азбуката
Post Views: 51ОУ „Братство и Единство“ денес ја прослави 106 годишнината од Битолскито Конгрес на кој било унифицирано писмото на албанците. Директорот на училиштето Муамер Доко истакна дека денешниот ден е мошне значаен празник и секоја година му придаваат важност.„Денес во нашето училиште се одбележува 106 години од одржувањето на Битолскиот конгрес, односно конгресот на азбуката каде што е донесено на ниво на сите балкански и европски земји сите албанци каде и да се да имаат една азбука еден говор еден јазик со цел да се оди како што се чита пишува така и да се зборува. Така да со една...
Охрид домаќин на семинар за ветеринарни прeпарати
Post Views: 44Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Попоски, денеска не беше расположен да одговара на новинарски прашања во врска со времената забрана за увоз на пилешко месо од Холандија, Германија и Велика Британија и опасноста од врусот птичји грип. Тој само кратко кажа дека сите производи на македонскиот пазар се безбедни и оти за нив се добиени ветеринарни сертификати од државите што ги испорачуваат. Попоски во Охрид беше домаќин на Семинарот за ветеринарни препарати. Експерти од 32 земји од Европа разменуваа искуства за заштита на луѓето и животните од болести...
Охридските гимназијалци се покажаа на сцена
Post Views: 46Сценски импровизираниот охридски чинар ја раскажа „разгледницата за Охрид“. Сите приказни кои се плетат под неговите гранки, од љубовни, озборувачки и што уште не, ги пренесоа охридските средношколци од ОСУ „Св Климент Охридски“ во истоимената театарска претстава „Разгледница за Охрид“. Од тука произлезе и пораката дека креативноста, соработката и прифаќањето на разликите се двигател за меѓусебно разбирање и соживот. Раководителот на проектот на УСАИД за меѓутничка интеграција во образованието, Небојша Мојсоски, истакна дека нивните очекувања биле исполнети, а целта на...
Само една такси постојка во Охрид е дислоцирана
Post Views: 48Такси постојката на пресекот од ул „Гоце Делчев“ и „Кирил и Методиј“, која што требаше да биде дислоцирана уште во јули месец сеуште на старото место. Според локалната, поместувањето на постојката имаше за цел да им се излезе во пресрет на барањата на Урбаните заедници, во случајов Кошишта, како и увидувањата на Секторот дека во летниот период заради оваа такси станица се формирало тесно сообраќајно грло. Просторот на местото на такси постојката требаше пред 5 месеци да биде уредено како пешачка зона.„Што се однесува до дислокација на такси постојката на ул Гоце Делчев на...
Студентите од ФТУ учеа грчки специјалитети
Post Views: 55Традиционалната грчка кујна и музика денес беа дел од амбиентот на ФТУ Охрид. Студентите имаа една несекојдневна можност од врвните мајстори на грчката кујна да научат како се подготвуваат дел од грчките јадења, суфлаки, гиро, брускети, реванија. Нашата интенција е да направиме високо профилирани кадри кои ќе излезат на пазарот и ќе бидат конкурентни, вели професорката Ангела Василеска. Додава дека вратите на факултетот се широко отворени за сите угостители кои сакаат да соработуваат со нив.„Јас постојано велам дека имаме една стандардизирана монотона понуда во нашите...
И годинава одложена е изградбата на ул. „Јордан Мијалков“
Post Views: 50Изградбата на ул „Јордан Мијалков“ во Охрид ќе чека подобри времиња. Новопроектираната улица кај Бејбунар цели 4 години не е ставена во функција. Од локалната во неколку наврати имаше ветувања дека оваа улица е една од приоритетните во градот но истата никако да се најде во годишните програми на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици. Последната информација од одделението за односи со јавност во врска со оваа улица беше дека таа ќе се изгради оваа есен како дел од опсежните градежни проекти на целата територија на општина Охрид. Зошто тоа не се случи причините ги...
70 години слободен Охрид
Post Views: 68Охрид го празнува Денот на ослободувањето, 7- ми ноември. Седум децении градот живее во мир со стремеж кон просперитет и благосостојба, секогаш сеќавајќи се со должна почит кон оние кои ги положија своите животи за слободата. Свежо цвеќе беше положено пред спомен бистите на борците Мите Богоески, Петре Пирузе-Мајски, Андон Дуков, Спас Банџов, Јасна Ристеска и Споменикот на паднатите борци на градските гробишта Охрид. За минатото на вечно револуционерниот Охрид, во Спомен паркот на револуцијата историски час одржа професорот Григор Ангеличин. Тој ги потсети присутните за...







