Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Мозочните удари 80% можат да се превенираат

Post Views: 4 Новоформираното здружение „Мозочен удар“ ја организира досега најголемата акција од своето три месечно постоење. Утре на градскиот плоштад од 11 до 14 часот сите граѓани на Охрид кои сакаат да се прегледаат и да го дознаат својот статус за ризикот од мозочен удар ќе добијат бесплатни едукативи совети и здравствени прегледи. Др Маја Божиноска Смичоска, невролог во Специјалната болница „Св Еразмо“ вели дека нивното здружение делува во насока да го свртат вниманието на граѓаните за превенцијата од мозочен удар.„Во нашата акција утре ќе имаме тим лекари и медицински...

Продолжи со читање

Охридските политички партии за двојазичните табли во ПИОМ Охрид

Post Views: 6 Од Фондот за ПИОМ во Скопје и после десет дена од барањето одговор за поставувањето на двојазични табли во ПЕ на Фондот во Охрид, без никакво објаснување. Лицето за односки со јавност Анифе Метај кое ни беше посочено како стручно лице кое може да ни одговори на прашањата во врска со поставените табли на македонски и албански јазик пред канцелариите на оваа институција во Охрид, првично уште на 15 октомври ни вети одговор.  После низа незуспешни обидида стапиме во било каков контакт со службите на Фондот, денеска Метај не  информира дека нашите прашања се испратени...

Продолжи со читање

Македонските јадења се позначајни во развојот на руралниот туризам

Post Views: 16 Традиционалните македонски јадења на менијата во рестораните се позначајни во развојот на туризмот посебно на руралниот. Едноличната понуда на пици, скара и шопска кои претежно се нудат низ угостителските објекти во охридско-струшкиот регион ги мотивира одредени угостители да се навратат кон корените односно старите рецепти. Таков е примерот со семејството Ѓоршески кое во етно ресторанот Св Петка во Велгошти нуди богата  трпеза со специјалитети подготвени исклучиво на дрва, под сач, по рецептите на нашите баби . Главен „виновник“ за тоа е Елизабета Ѓоршеска, која...

Продолжи со читање

Охриѓанец на велосипед стигна до Белград да ја следи воената парада

Post Views: 8 На велосипед по дожд, магла и сонце, охриѓанецот Илија Костоски, традиционално секоја година вози до Ниш со цел да присуствува на 14 октомври Денот на 63 тата падобранска единица. Но годинава Илија ја продолжил својата рута. Тој годинава со велосипед отиде до Белгарад за да присуствува на воената парада и во живо да ги види воздушните акробации на славните руски стрижи. Се протекло според предвидениот план, односно после 4 и пол дена патешествие на велосипед Костоски издвои еден момент кој кај него предизвикал посебни импресии.„На самиот марш и на говорот на Путин...

Продолжи со читање

СДСМ: Градоначалникот и ВМРО -ДПМНЕ не го исполнаа ветеното

Post Views: 4 Задолжувањата на охриѓани и неисполнетите ветувања од изборната програма укажуваат дека ВМРО – ДПМНЕ и градоначалникот Никола Бакрачески имаат неодговорен однос кон граѓаните на Охрид, обвинија на денешната прес конференција од ОО на СДСМ. Советникот Јован Стојаноски истакна дека ВМРО – ДПМНЕ и градоначалникот не донеле напредок за Охрид ниту пак го направиле подобро место за живеење.„Бакрачески и ВМРО – ДПМНЕ ветија изградба нова современа автобуска станица како приоритет, помина година и пол ама нова автобуска станица нема. Не е реализирано ниту ветувањето за нов...

Продолжи со читање

Охридски Комуналец дел од акцијата Македонија без отпад

Post Views: 12 Охридски Комуналец дел од акцијата „Македонија без отпад“. Утрово екипите на ЈП на патниот правец Охрид -Скопје, на потегот од сообраќајната клучка на влезот во Охрид до с.Подмоље, го исчистија целиот комунален отпад кој што лежеше од двете стграни на коловозот. Првиот човек на ЈП Елена Скрческа нагласува дека во расчистување на патот биле исклучиво вклучени нивните вработени.„Собрани се некаде околу 40 тина вреќи најлонски со ситен отпад, пластики, најлон, хартија. Учествуваа поголем број на наши вработени тоа е специфичен потег каде што не можат да учествуваат...

Продолжи со читање

Молк од институциите околу поставувањето на двојазични табли

Post Views: 9 И после два дена од нашето барање до ПИОМ во Скопје, во интерес на охридската јавност да добиеме одговор, дали поставувањето на двојазични табли е во согласност со Законот за употреба на јазици и врз основа на која одлука истите се поставени, од таму без одговор. Иако од страна на лицето за односи со јавност со кое што првично контактиравме ни беше кажано дека ги добиле нашите прашања и истите ги проследиле до правните служби и дека одговорот ќе го добиеме уредно во најкраток можен рок, ништо од тоа. Без став за двојазичните табли останавме и од Локалната самоуправа...

Продолжи со читање

Анализа на летната сезона 2014

Post Views: 8 Туристичката сезона 2014 во поглед на гостите и остварените ноќевања, слична со минатогодишната. Ваков е ставот на ТЛЕР базиран врз статистичките податоци заклучно со месец август, изјави раководителот Ѓоко Апостоловски. Втора година по ред Секторот за туризам одржува состанок со хотелиерите и угостителите од градов односно се врши анализа на летната туристичка сезона и презентација на резултатите добиени од анкетните истражувања кои се реализирани од страна на ТЛЕР во соработка со ФТУ Охрид. Апостоловски нагласува дека според видувањата на угостителскиот сектор...

Продолжи со читање