Автор: Николоска Биљана
Post Views: 476 Некогашната детска градинка „8 ми Март“ која што во 2007 год беше пренаменета во средно музичко училиште повторно ќе се врати на децата од предучилишна возраст. Деновиве на социјалните мрежи излегоа слики на кои се гледа дека овој објект веќе попушта, таванот и ѕидовите се оштетени, а од некои места и прокиснува. Градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко вели дека овој објект за брзо време повторно ќе биде градинка бидејќи листата на чекање за деца од предучилишна возраст ја надминува бројката 300. „Сите ученици кои посетуваат настава кај старото училиште „Браќа...
Отчет за 100 дена од мандатот на Рамиз Мерко
Post Views: 294 Отчет на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за 100 те дена од работењето после Локалните избори. Мерко посочи дека затекнале општина со многу проблеми и долгови, но рече дека нивна обврска која ја ветиле пред граѓаните е да Струга да ја направат подобро место за живеење за сите граѓани подеднакво. „Во изминативе 100 дена превзедовме сериозни чекори со тоа што ја деполитизиравме администрацијата на општина Струга и истата им ја вративме на граѓаните да им служи како сервис, а не за своите лични потреби и интереси. Професионалната служба ја вративме на граѓаните...
Во Струга ќе се гради нова болница
Post Views: 423 Во Струга ќе се гради нова болница на нова локација, обелодени денес министерот за здравство Венко Филипче. Тој денеска оствари работна средба, со градоначалникот Рамиз Мерко и со менаџерскиот тим на Општа болница Струга, со цел да се запознае со проблемите кои што секојдневно ги притискаат докторите како и за потребата истите да се надминат. Министерот Филипче посочи дека на струшката болница потребна и е потенцијална реорганизација во смисла на регионализација како и потребите за нови кадри и нивна едукација. Според него тоа би се постигнало со реализација на нов...
Во Струга под итно да се постави мерна станица за испитување на квалитетот на воздухот
Post Views: 534 Струга сеуште не е дел од мрежата за следење на квалитетот на амбиенталниот воздух. Според најавите на Министерството за животна средина , стружани за поставување на една мерна станица треба да чекаат дури до 2021 година. Граѓанските здруженија на ваквата одлука од страна на ресорнот министерство реагираат и сметаат дека во Струга под итно треба да се постави мерната станица. Ардијан Демири од граѓанска иницијатива „Стружани за Струга“ смета дека министерството треба да го промени планот. „Апсолутно сметам дека сите чинители кои што придонесоа за влошување на амбиенталниот...
Мена: Моја главна цел унапредување на квалитетот на здравствените услуги
Post Views: 641 Микробиолошката лабораторија која што функционира во струшкиот Завод за нефрологија, работи по најсовремените медицински методи. Микробиолозите од оваа лабораторија континуирано ги надградуваат своите стручни знаења за извршување на високостручна микробиолошка дејност, вели д-р Валентина Докоска, специјалист микробиолог. Додава дека за извршување на квалитетна микробиолошка дејност значително придонесува несебичниот ангажман на првиот човек на оваа Установа, д-р Сами Мена кој успеал да обезбеди современа и квалитетна опрема. Докоска вели дека досега не се случило...
Томче Голабоски го фати чесниот крст во Струга
Post Views: 307 Томче Голабоски го фати чесниот крст во Струга. Традиционално, положувањето на светиот крст во водите на реката Црн Дрим во Струга претставува посебен чин кога се осветуваат водите, како и ден кога капачите скокаат во вода за здравје и успешна година. Годинава на овој настан присуствуваше премиерот на Р. Македонија Зоран Заев, како и градоначалникот Рамиз Мерко, кои на стружани им посакаа успешна година многу здравје, среќа и бериќет. Заев на граѓаните им посака добра иднина, здравје, добра волја и соочување со сите предизвици што претстојат на личен и заеднички...
Се е подготвено за големиот Богојавленски водосвет, во Струга
Post Views: 544 Се е подготвено за големиот Богојавленски водосвет, во Струга. Стружани достојно ја одбележуваат вековната традиција. После утринската богослужба со света божествена литургија која ќе се одржи во црквата Св Ѓорѓи, отпочнува церемонијата околу фрлањето на крстот во водите на реката Црн Дрим. Ѓаконот Христијан Костоски вели дека утре се осветуваат сите води во земјава. Додава дека овој настан во Струга е посебен. „Стружани од памтивек не заборавиле на верата на тоа кој се и што и кои се нивните корени и секоја година на Водици одиме на мостот го дочекуваме Владиката...
Новиот статут на Струга предвидува официјализација на албанскиот јазик
Post Views: 539 Официјализација на албанскиот јазик се предвидува во новата нацрт верзија на статут на општина Струга. На последната седница на струшкиот совет нацрт статутот беше ставен на гласање, што предизвика полемика помеѓу коалиционите партнери ДУИ и СДСМ. Од советничката група на СДСМ не потврдуваат дали ќе ја поддржат новата верзија. „Како советничка група ќе ја почекаме јавната расправа која е предвидена согласно законските прописи. Ќе имаме и свои мислења и предлози, во моментот кога ќе се отвори расправа и на седница на совет при донесување на предлог законот СДСМ ќе...
Се нормализира состојбата во ОУ „Јосип Броз Тито“ во Струга после поплавата
Post Views: 420 Полека се нормализира состојбата во ОУ „Јосип Броз Тито“, Струга, после поплавата која деновиве се случи во ова училиште. Како што информираа од училиштето, окако некој случајно или намерно заборавил да ги затвори чешмите водата три дена течела низ објектот при што поплавила 8 училници. Директорката на училиштето Наташа Пинтоска Беќароска вели дека ќе бара одговорност. „Се уште утврдуваме од што точно, дали од невнимание или некој сакал да си поигра. Во петокот немаше вода во цела Струга. Најверојатно некој или заборавил или намерно ги оставил чешмите во две училници....
Буџетот на општина Струга тежи 1 милијарда денари
Post Views: 330 Буџетот на општина Струга за 2018 година тежи 1 милијарда денари. Во споредба со 2017 година тој е повисок за 28% . На денешната четврта седница на струшкиот Совет мнозинството го изгласа предлог буџетот за 2018. Во новиот буџет предвидени се 200 000 евра за решавање на проблемот со струшката депонија. А ќе бидат искористени и 200 000 евра од буџетот за 2017 година кои средства ги определи државата за надминување на проблемот со дивата депонија. Градоначалникот Рамиз Мерко оптимист за решавање на проблемот. „Убава вредност на средства со кои ние ќе почнеме еднаш...
Пречистителната станица за третман на отпадни и фекални води во колапс
Post Views: 439 Сериозна е состојбата со пречистителната станица во Враништа. Дел од фекалиите директно се влеваат во реката Црн Дрим во Струга, односно во Охридското Езеро. Пречистителната станица веќе 6 месеци е во колапс вели директорот на МЈП „Проаква“ Р.Е. Струга, Ваит Ајро. Според него механичките дефекти кои што настанале изминатиов период и не биле решени се причина поради вакавата состојба „Конкретно дневно се прелеваат 700-800 литри во секунда непречистени фекалии во реката Дрим, а делумно и во Охридското езеро, тоа е вистинска еколошка бомба, реално системот предизвикува...
Стружани покажаа голем интерес за јавната дебата за буџетот и развојните прогрми на општинатa
Post Views: 433 Општина Струга го слуша гласот на своите граѓани истакна првиот човек на градот Рамиз Мерко. Денес во хотел Дрим Струга беше презентиран концептот на граѓанскиот буџетски форум, кој се одржува трета година по ред во организација на Центарот на заедницата на општина Струга. Мерко во оваа пригода истакна дека како општина сакаат да бидат транспарентни и отворени пред граѓаните што всушност на граѓаните тоа им било и ветено во изборната кампања. „Тоа и го правиме да ги слушнеме граѓаните за нивните потреби односно за нашите мислења за развојот на градот поточно за...