Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Стружани донираа за ранливата категорија

Post Views: 32 Општина Струга денес организираше собирна акција, во која се вклучени струшките ЈП и ОО на Црвен крст и Центарот на заедниците. Секогаш се залагаме за хуманоста која треба да постои, да се негува и секогаш треба да се користи како алатка за помагање на лица кои навистина им треба помош од институциите и граѓаните, исткна градоначалникот на Струга Рамиз Мерко. Тој нагласи дека од 2007 година Локалната самоуправа финансиски го оддржува здружението „Порака“, а новиот совет го зголеми буџетот за нив.. „Ево и денес и во наредните денови и месеци и во целиот мандат,...

Продолжи со читање

Неизвесна е градбата на социјални станови во Струга

Post Views: 28 Граѓаните на Струга сеуште во неизвесност дали ќе се градат социјални станови за ранливата категорија. Бројот на лицата кои немаат покрив над глава или пак живеат во лоши услови во општина Струга од ден на ден расте. Во 2015 година од Агенцијата за стопанисување со стамбен и деловен простор имаше најава дека и во оваа општина треба да започнат со изградба на социјална зграда, дури беше позната и локацијата, во населбата Плитишта, но за жал тогаш не нашле заеднички јазик со поранешниот градоначалник Зијадин Села, околу реализација на овој проект. Актуелниот...

Продолжи со читање

Едно возило за цела болница во Струга

Post Views: 28 Општа болница Струга располага само со едно болничко возило. Тоа е за потребите на сите одделенија во оваа медицинска установа. Не ретко посебно во летниот период се случува да има потреба и по неколку пати во текот на денот ургентно да треба да се транспортираат пациенти до Државната болница во Скопје, открива директорот на болницата д-р Асим Муса. Тој додава дека често и тоа возило и покрај тоа што е функционално, има дефекти. „Вистина е дека имаме само едно возило. Истото е од 2007 година и има поминато 400 илјади километри. Цела болница го користи само тоа...

Продолжи со читање

Тевдовски: Целосно транспарентен процес во јавните набавки

Post Views: 32 Со цел да имаме Закон за јавни набавки кој ќе биде квалитетен, донесуваме нов закон кој ќе биде применлив и прифатлив подолго време, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски на денешната втора дебата за реформите во јавните набавки која се одржа во Струга. Според него значајни промени во насока на надминување на утврдените слабости во системот на јавни набавки предвидува новиот предлог закон, посочувајќи дека наместо „најниска цена“ како единствен критериум за јавните набавки како што беше досега, со една од промените како критериум за најповолна понуда се...

Продолжи со читање

Струшкото музичко училиште ќе се сели во стариот објект на ОУ „Браќа Миладиновцви“

Post Views: 10 Некогашната детска градинка „8 ми Март“ која што во 2007 год беше пренаменета во средно музичко училиште повторно ќе се врати на децата од предучилишна возраст. Деновиве на социјалните мрежи излегоа слики на кои се гледа дека овој објект веќе попушта, таванот и ѕидовите се оштетени, а од некои места и прокиснува. Градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко вели дека овој објект за брзо време повторно ќе биде градинка бидејќи листата на чекање за деца од предучилишна возраст ја надминува бројката 300. „Сите ученици кои посетуваат настава кај старото училиште...

Продолжи со читање

Отчет за 100 дена од мандатот на Рамиз Мерко

Post Views: 14 Отчет на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за 100 те дена од работењето после Локалните избори. Мерко посочи дека затекнале општина со многу проблеми и долгови, но рече дека нивна обврска која ја ветиле пред граѓаните е да Струга да ја направат подобро место за живеење за сите граѓани подеднакво. „Во изминативе 100 дена превзедовме сериозни чекори со тоа што ја деполитизиравме администрацијата на општина Струга и истата им ја вративме на граѓаните да им служи како сервис, а не за своите лични потреби и интереси. Професионалната служба ја вративме на граѓаните...

Продолжи со читање

Во Струга ќе се гради нова болница

Post Views: 8 Во Струга ќе се гради нова болница на нова локација, обелодени денес министерот за здравство Венко Филипче. Тој денеска оствари работна средба, со градоначалникот Рамиз Мерко и со менаџерскиот тим на Општа болница Струга, со цел да се запознае со проблемите кои што секојдневно ги притискаат докторите како и за потребата истите да се надминат. Министерот Филипче посочи дека на струшката болница потребна и е потенцијална реорганизација во смисла на регионализација како и потребите за нови кадри и нивна едукација. Според него тоа би се постигнало со реализација на...

Продолжи со читање

Во Струга под итно да се постави мерна станица за испитување на квалитетот на воздухот

Post Views: 11 Струга сеуште не е дел од мрежата за следење на квалитетот на амбиенталниот воздух. Според најавите на Министерството за животна средина , стружани за поставување на една мерна станица треба да чекаат дури до 2021 година. Граѓанските здруженија на ваквата одлука од страна на ресорнот министерство реагираат и сметаат дека во Струга под итно треба да се постави мерната станица. Ардијан Демири од граѓанска иницијатива „Стружани за Струга“ смета дека министерството треба да го промени планот. „Апсолутно сметам дека сите чинители кои што придонесоа за влошување на...

Продолжи со читање