Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Охрид и Струга да се нудат во пакет

Post Views: 4 Охрид, Струга, Пештани односно  цело крајбрежје од Радожада до Св Наум на туристите треба да им се нудат во пакет. Само со една таква промоција на големите тур оператори ќе им дадеме до знаење дека сме значајна туристичка дестинација која нуди над 10 000 легла. Вакви се размислувањата првиот човек на ХОТАМ Крсте Блажески, околу промоцијата на туристичките капацитети на Охридското крајбрежје. Конкретно за Струга Блажески смета дека градот е  застапен онолку колку што заслужува да се промовира со постоечките хотелско угостителски капацитети. „Ако треба да се троши...

Продолжи со читање

ХОТАМ: Со измени во Законот за угостителство до подобри стандарди во туризмот

Post Views: 3 Македонските угостители бараат начинот на кој се пресметува ДДВ на храната да претрпи корекции. Намалување на ДДВ од 18 на 5 проценти за храната хотелите и во рестораните, што би значело стимулации во угостителството и во хотелиерството, неодамна иницираа претставниците на Здружението на угостителството и на туризмот при Стопанската комора на Македонија. Според престедателот на ХОТАМ Крсте Блажевски, измените во Законот за угостителство би придонесле пред се да се подигнат стандардите во туризмот. Според него, доколку сите хотелско ресторански услуги би имале 5%...

Продолжи со читање

Стружани бараат итна дислокација на депонијата

Post Views: 7 Граѓаните на Струга исправени пред сериозен проблем, дивата депонија во Струшко поле, во непосредна блзина на градот. Речиси и да нема ден а стружани да не ја почуствуваат непријатната миризба и чад кој се шири од оваа депонија кон градот. Ваквата состојба е доволна причина граѓаните итно да побараат нејзина дислокација. Со оние со кои што разговаравме, велат дека срамота е за еден туристички град првата слика која им ја нудат на посетителите да биде онаа со купиштата ѓубре пред влезот на градот. Гледано од биолошкот аспект, проф Беким Зиба вели дека жалосно е ова...

Продолжи со читање

Стружани полесно до институциите во општината

Post Views: 6 Чекор по чекор низ постапките во општината. Млдите активисти од Центарот на заедницата при општина Струга, подготвуваат водич за граѓаните. Станува збор за активност со која на граѓаните на дланка ќе им бидат сервирани сите информации околу процедурите и постапките кои се потребни да ги знаат за што подобро да се снајдат низ институциите на општината.„Секој граѓанин ќе може да најде информации како да се обрати до општината, односно во секторите кои што имаат работа директно со граѓаните, кои се документите кои треба да ги достават, на пример во секторот за...

Продолжи со читање

Еко марш во Струга

Post Views: 2 Триесеттина ентузијасти од Струга, љубители на природата денес организираа мирен еко марш. Тие јавно го подигнаа својот глас и укажаа на надлежните институци дека мора да излезат на терен да видат што се случува во природниот резерват Јабланица. Андреј Бандовски од планинарското еколошко друштво „Занкамен“, реагира дека долг период наназад упорно барале информации од надлежните за она што се случува на планината Јабланица, но од нив не добиле никаков одговор. Сите сознанија што ги имале за Јабланица биле од локалното население, додава тој.„Целта на овој еко марш е...

Продолжи со читање

Кајакот во Струга пропаѓа

Post Views: 5 Кога се зборува за кајакот во Струга, секој стружанец ќе ви го посочи Ристе Чуркоски. Овој некогашен врвен кајакар кој цела своја младост ја посветил на овој спорт во клубот „Црн Дрим“ од Струга, со голема носталгија опишува како некогаш струшките кајакари се дружеле, спортувале и не ретко се радувале на високо постигнатите резултати на бројните регати од републички, државни и светски првенства.„Во тоа време во овој клуб изгледаше малку поинаку, нормално е и нешто да застари но не и да не се одржува. Уште поголема е трагедијата што во тоа време имаше деца од сите...

Продолжи со читање

Месните заедници во Струга, пасивни

Post Views: 5 Месните заедници од општина Струга треба да се вклучат во носење на локалната политика, сметаат од Центарот на заедницата при општина Струга.  Како што појасни координаторот Ѓоко Милески, веќе била спроведена обука на тема „Граѓанско учество и партиципативна демократија“, со што сакале месните заедници да ги поттикнат активно да работат и да се вклучат рамките и во процесите на општината.„Имаме различни МЗ во општината, некои се активни и работат на терен, а на некои им треба малку поттик и во иднина да ја продлабочат нашата соработка, а и тука ја гледам и нашата...

Продолжи со читање

Струшката библиотека работи со полн капацитет

Post Views: 6 До дел од струшките граѓански здруженија пристигнале забелешки дека градската библиотека „Браќа Миладиновци“, кубури со книги. Тоа се однесувало на литературата за деца, на албански јазик. Дел од родителите на децата укажале дека се случува книгата која ја бараат за лектира да ја нема во градската библиотека па биле принудени да ја купат. Слободанка Попоска директорката на ЦК „Браќа Миладиновци“ во чиј склоп работи и градската библиотека, одговорно тврди дека не се случува да враќаат нивни членови поради немање на одредена лектира. Според неа проблемот е сосема...

Продолжи со читање