Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Дислоцирано одделението за поддршка на Совет

Post Views: 6 Опаѓа квалитетот на функционирањето на Советот на општина Охрид, реагира советникот од ВМРО – НП Јоне Станкоски. Тој нагласува дека не треба да се заборави дека Советот е нормативен орган и согласно Законот за Локалната Самоуправа, тој е највисоко тело во една општина. Станкоски посебно е револтиран од дислокацијата на одделението за поддршка на Советот.„Последно нешто кое што се случи кое што уште повеќе значи деградирање на институцијата Совет, Советничките канцеларии односно одделението за поддршка на Совет кое што беше сместено веднаш до големата сала за седници...

Продолжи со читање

Чист оџак топол дом

Post Views: 7 Чистењето на оџаците е задолжително за сите, без разлика дали се работи за станбен објект, куќа или пак јавна институција. Грејната сезона официјално започнува од 15 ти октомври, а неисчистените оџаци можат да бидат сериозна опасност за објектите кои се затоплуваат на тврдо гориво. Од охридската противпожарна единица апелираат до граѓаните, за време на грејната сезона три пати да ги чистат оџаците.„Посебно внимание треба да се обрне на чистењето на оџаците чадоводните канали од ложиштата кои ги користат грејните тела, но не само тоа, пред грејната сезона треба да се...

Продолжи со читање

Охридските доктори на специјализација во Љубљана

Post Views: 10 Др Христијан Паункоски од Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“ заминува на специјализација во реномиран клинички центар во Љубљана. Тој изрази надеж дека за време на 5 годишната специјализација во странство ќе ги стекне сите потребни искуства кои подоцна би ги пренел тука во специјалната болница, односно на неговите колеги, со што смета дека би придонел за развивање на ортопедијата не само во Охрид туку и во целата држава.„Да се биде еден од четворицата од Охрид кои ќе заминат на специјализација во странство е голема чест но исто така и...

Продолжи со читање

Долгот на општина Охрид, намален за 4 милиони евра

Post Views: 5 Фамозниот наследен долг од околу 35 милиони евра за прв пат во историјата на градот е намален, открива првиот човек на општина Охрид, Никола Бакрачески. Градоначалникот додава дека со овој факт треба да биде запозната охридската јавност, со цел да знае дека оваа локална власт уште од самиот почеток на мандатот се залага за решавање на овој горлив проблем, околу наследениот долг од претходната гарнитура.„Она што збирно можам да го кажам во овој момент за вас како медиуми и за охридската јавност е дека долгот на општина Охрид после година и пол раководење со оваа...

Продолжи со читање

Информациите од Локалната Охрид, за некои лесно достапни, за некои потешко

Post Views: 13   Граѓаните на Охрид на разни начини преку медиумите, избраниците во градскиот совет  дирекно во локалната администрација бараат одговори на прашања поврзани со проблемите кои секојдневно ги тиштат.  Комуналните проблеми, шалтерскот работење во институциите, вработувањето како и проблемите од сферата на урбанизмот сеуште најактуелни кај граѓаните на Охрид.  Во секое време сме достапни и нашите простории се отворени за нашите граѓани вели Илија Арнаудовски координаторот на советниците од ВМРО – ДПМНЕ. „Досега нема, ретко да се случи наидеме на некоја препрека...

Продолжи со читање

Охриѓани повторно кажаа „не“ на штрајкот на СОНК

Post Views: 8 Десетици членови на охридскиот огранок на синдикатот за образование наука и култура денеска излегоа на мирен протест пред просториите на СОНК во Охрид. Тие изразија револт против намерата на претседателот на СОНК Јаким Неделков за разрешување на претседателот на охридскиот регионален огранок Аце Речкоски.„Претседателот Јаким Неделков дојде со намера да ја побара мојата оставка, со што не беше удостоен, значи нема јас сега да ја поднесам мојата оставка, или пак побара да има мое разрешување на Советот на СОНК“– вели Речковски.Неделков побарал оставка од...

Продолжи со читање

Во фокусот на РК „Охрид 2013“, младинскиот погон

Post Views: 6 Во фокусот на РК „Охрид 2013“, младинскиот погон. Овој клуб ги отвара вратите за сите млади деца кои сакаат да бидат дел од успешниот ракометен тим од Охрид. Претседателот на Управниот одбор на клубот Димитар Спасески вели дека младинската школа  отпочна со работа уште минатата година и отогаш активно работат со младите со цел да произлезат повеќе играчи кои ќе ги бранат боите на РК од Охрид.„Втор сегмент на кој што особено сме фокусирани во рамки на Ракометниот клуб е развојот на младинската школа. Апсолутно сме задоволни од функционирањето на младинските категории...

Продолжи со читање

Фонтаната во охридската чаршија полна е со алги и смет

Post Views: 11 Фонтаната на градскиот плоштад „Крушевска Република“, се претвора во жабурник и место каде несовесните граѓани го одлагаат сметот. Покрај оваа фонтана секојдневно шетаат охриѓани, бројните туристи и екскурзијанти.  Скоро и да нема организирана група на туристи која во својата агенда за разглед на градот го нема овој плоштад и чинарот. За жал многу често тука ги пречекува и една неприајтна гледка на неисчистената фонтана.„Фонтаната не се одржува на потребното ниво, ужасно е нечисто, не се одржува хигиена, инаку фонтаната прекрасна е за плоштадот но не е одржана и...

Продолжи со читање