Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

rakomet

РК Охрид подготвен за супер лигата

Post Views: 51РК „Охрид 2013“ на само еден ден пред почетокот на ракометната супер лига за мажи, подготвен е за успешен старт. Димитар Спасески претседателот на клубот во име на Управниот Одбор кажа дека главната цел минатата година била остварена, односно обезбедиле опстанок на клубот во рамки на супер лигата. „РК Охрид 2013 АД“ оваа година влегува со поголеми амбиции од минатата година како резултат на тоа зголемен е буџетот од страна на локалната самоуправа и бизнис заедницата која го поддржува клубот. И сакма да изразам голема благодарност до градоначалникот Бакрачески и Локалната...

Продолжи со читање

jordan mialkov

Улицата Јордан Мијалков сеуште чека реконструкција

Post Views: 61Улицата „Јордан Мијалков“ во месноста Бејбунар конечно се најде во програмата за 2014та година на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици. Граѓаните кои што живеат на овој потег 5 години чекаат да се стави во функција оваа сообраќакница затоа што води кон локација каде што се градат станбни комплекси. Години наназад тие реагираа дека градежната механизација и камионите кои се движат кон градилиштата поминуваат по тесните улички буквално под нивните прозорци, создавајќи тесни грла во сообраќајот. Од Локалната Самоуправа пред една година немаа прецизна замисла што ќе...

Продолжи со читање

proakva

Резервоарите за водоснабдување во Охрид се безбедни

Post Views: 60Деновиве информацијата за нападот на вработен во Проаква пред чуварската барака на ЈП на ул . „Сирма Војвода“ ја вознемири охридската јавност. Дел од граѓаните отворено прашуваат колку резервоарите за водоснабдување во градов се безбедни кога може да се дрзне некој на сред бел ден да изврши напад на чуварот во истите. Местата каде што се сместени резервоарите за водоснабдување во Охрид се безбедни, тврди директорот на МЈП Проаква Р.Е. Водовод Охрид, Томе Паскалоски.„Континуирано има обезбедување на сите објекти 24 часа, се работи во смени, сите се обезбедени со заштитни...

Продолжи со читање

kavaeva

Ќе се уреди вечното почивалиште на Д-р Елена Kаваева

Post Views: 119Охрид се одолжува на д-р Елена Каваева. Нејзиното вечно почивалиште доби старател, односно Локалната самоуправа на општина Охрид. Истовремено ЈП „Градски Гробишта“ со средства од нивниот буџет, веќе отпочна со средување на нејзиното гробно место, како што изјави првиот човек на ЈП Зоран Симоноски.„Ние пред неколку дена добивме барање за постапување од Локалната самоуправа односно од градоначалникот Бакрачески, по кое што барање ќе постапиме тоа барање е поткрепено со одлука за преземање на старатрелството на вечното почивалиште на Др Елена Каваева. Старателството врз тоа...

Продолжи со читање

zavod za statistika

Гостите од Турција најбројни во јули

Post Views: 54Државниот завод за статистика излезе со податоци за бројот на туристи за месец јули годинава. Според нивната статистика турците биле најмногубројните странски туристи што ја посетиле земјава потоа србите, холанѓаните, полјаците па грците. Споредбено со истиот период лани бројот на странските гости е за 9,9 отсто поголем, додека пак  бројот домашните туристи во јули годинава во однос на 2013 година е намален за 3,9 %, а бројот на ноќевања е намален за 7,0%  Вкупно гости во земјава според статистиката на Државниот завод,од Турцијa дошле 6913, од Србија 5. 742, Холандија...

Продолжи со читање

turci rumeli

Турскиот канал Румели ќе пишува за Охрид

Post Views: 48Tурски новинари од познатиот медиум Румели се во посета во Охрид. Тие подготвуваат материјал за документарна емисија со која сакаат да воспостават Мостови на пријателство помеѓу двете земји. Целта е луѓето кои некогаш се отселиле од Македонија во Турција да погледнат колку напреднале местата во кои некогаш живееле нивните предци вели директорот на Кушукавак, Рифат Јакупоглу. Тој веќе 28 години е иселен од Бугарија во Турција и вели дека неговото срце е во Балканските земји.„Има многу луѓе кој што се иселени од овој простор во Турција и затоа што нивните внуците кои што се...

Продолжи со читање

sportski bon ton

Спортски бон-тон и фер плеј традиционални игри во Охрид

Post Views: 49Тегнење јаже, скокње во вреќа, борба за седнување на столче и уште неколку традиционални игри, покажаа децата учесници на манифестација Спортски Бон – Тон која денес се одржа на кејот Македонија во Охрид. Целта на проектот е преку традиционалните спортски игри да се врати значењето на детската игра и меѓусебното дружење. Претседателот Ѓорге Иванов изјави дека децата кои учествуваат во овој проект го согледуваат светот кој е надвор од нивните училници, надвор од компјутерите и новите технологии.„Од реакциите што ги гледаме кај децата навистина на нив им годи да се потестуваат...

Продолжи со читање

gradski pazar

Директорот на Градски пазар комуницира со СМС и преписки

Post Views: 40Од ЈП Градски пазар денеска со допис одговорија на прашањата кои вчера во прилог во Дневникот на ТВМ беа поставени јавно до директорот Тони Коталески а во врска со работењето на претпријатието. На прашањето колку врабoтени од претпријтието моментално се на принуден одмор, од таму со одговор дека во моментов 8 вработени ја користат можноста за привремен принуден одмор, и тоа  3 лица од администрација, 1 лице наплатувач на паркинг, 2 лица инкасатори на зелен пазар и 2 лица општ комунален работник, и тоа по нивно барање. Претпријатието им излегло во пресрет на нивните барања ...

Продолжи со читање