Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Спорна местоположбата на тезгите за свеќи и цвеќе на Градски гробишта

Post Views: 21 Државниот комунален инспекторат по претходно извршен инспекциски надзор на ЈП „Градски гробишта“, побара отстранување на продавницата за погребална опрема и објектите за услужна дејност. Првиот човек на ЈП Зоран Симоноски рече договорот кој што го затекнал за закуп со приватниот оператор кој што е сместен во една од нивните простории, за нив бил неприфатлив и штетен и од негова страна бил раскинат еднострано. Додава дека работата е на суд и за брзо време чекале пресуда која што ќе ја почитуваат. А што се однесува до отстранувањето на објектите за услужна дејност,...

Продолжи со читање

ЈП Градски пазар испушта вработени на 70%

Post Views: 9 Дел од вработените во јавното претпријатие Градски пазар  пуштени на принуден одмор односно примаат 70% од платата. Во ова претпријатие работат околу 30 лица од кои 50% јавна администрација а 50% оперативци. Според информациите до кои дојде ТВМ најголем дел од вработените пуштени на принуден се оперативците односно чистачите, редарите на пазарот и паркингот.  За потврда на овие информации се обративме до  директорот на ЈП „Градски Пазар“ Тони Коталески. Два дена со директорот комуникацијата е сведена на смс пораки, во кои тој неизлегувањето пред јавноста со одговори...

Продолжи со читање

Депониите во Рамне сеуште неподигнати

Post Views: 12 Дивите депонии во Рамне сеуште не се подигнати. И после една недела од апелот и критиките на мештаните, преку нашиот медиум,надлежните си ја префрлаат топката од едни на други. Од ЈП „Охридски Комуналец“ се правдаат дека не добиле налог од НП „Галичица“. Од таму пак кажаа дека не е нивна надлежност да издаваат налози туку состојбата да ја пријавуваат до општинскиот инспекторат.  Од Државниот инспекторат за животна средина велат дека секој во својот делокруг треба да си ја извршува својата работа, затоа постојат овластени инспектори за животна средина, комунална...

Продолжи со читање

На Охрид му е потребна велосипедска инфраструктура

Post Views: 7 Освен на булеварот „Туристичка“ во градов нема обележани велосипедски патеки ниту пак уредени паркиралишта за точаци и друга велосипедска инфраструктура. Граѓаните реагираат дека патеката на булеварот Туристичка во делови е избришана а на делови се вратени назад контењерите врз патеката. А на добар дел од неа се паркираат автомобили. Факт е дека во општина Охрид не постои велосипедска инфраструктура, но и основна култура на третирање на велосипедистите и пешаците како рамноправни учесници во сообраќајот, вели Жанко З`Ш Голабоски од ВК З`Ш Точак. Тој смета дека итно...

Продолжи со читање

Велосипедска тура на основците од „Христо Узунов““

Post Views: 9 Велосипедска тура на основците од „Христо  Узунов“. По повод денот на независноста на Р. Македонија 8 ми септември, 100 тина велосипедисти од активот на физичка култура на училиштето, денот го одбележаа со несекојдневен настан. Директорот Тони Симоноски, задоволен од масовноста на децата како и од кадарот кој се вклучи во оваа интересна велосипедска тура.„Целта беше со нивни разговор да кажеме дека и велосипедистот е еднаков во сообраќајот а секако и да го воздигнеме малку младиот дух да спортува да вози велосипеди односно се со цел за зачувување на здравата животна...

Продолжи со читање

Диви депонии во Рамне

Post Views: 4 Несовесни граѓани охридското село Рамне го претворија во вистинска депонија. Ниската култура на граѓаните кои своето ѓубре го фрлаат насекаде го нагрдува ова прекрасно село кое од повеќе места е видиковец на прекрасниот Охрид и Охридското Езеро. На неколку места нашата камера регистрира купишта градежен шут, кабаст отпад и друга покуќнина. А имало случаи на дивите депонии да завршат и мрши од животни. Мештаните се крајно револтирани и ги повикаа надлежните да излезат на терен за да видат со каков проблем се соочува оваа месност.„Секој ден овде се фрла ѓубре а сакаме...

Продолжи со читање

Гробиштата во Пештани стануваат претесни

Post Views: 16 Постојните гробишта во туристичката населба Пештани веќе се исполнуваат, а на таа локација повеќе нема простор за ширење. Пештани ќе нема каде да ги погребува покојните, ако во меѓувреме не се изнајде некоја нова локација, укажува претседателот на Месната заедница Драган Тренески. Тој кажа дека стручните служби на општина Охрид биле известени за овој горлив проблем и ветиле дека  ќе изнајдат начин за негово решавање.„Самото проширување е технички неизводливо и како модерна туристичка населба бараме дислокација односно отворање на нови гробишта. Тие нови гробишта со...

Продолжи со читање

Бакрачески ќе ја поттикнува локалната економија

Post Views: 6 Локален економски раст и креирање на нови работни места е основна заложба на охридската Локална самоуправа. Во таа насока денес градоначалникот на Охрид, Никола Баскрачески, оствари работна средба со сопствениците на компанијата ЕКО Спар, која се занимава со производство на камини и котли на пелети, кои ги задоволуваат сите еколошки стандарди. Бакрачески изјави дека поддршката ќе се состои во обезбедување на инфраструктурни погодности за производствените компании и други олеснителни околности кои што законот ги предвидел во рамките на ингеренциите на локалната...

Продолжи со читање