Автор: Николоска Биљана
Post Views: 9 Летнава сезона во Охрид помина без фатален исход, во доменот на делување на спасителите на вода. Спасителите, целосно ја покажаа својата професионалност, ажурност, подготвеност да реагираат во секакви ситуации, нагласи Сашо Точков, претседателот на ОО на Црвен крст Охрид. Тој додава дека тие претставуваат гордост за градот, бидејќи покрај тоа што од нив биле задоволни концесионерите на плажите, добиле и бројните коментари на социјалните мрежи од сите страни на светот. „Можам да кажам дека споредбено со минатата година кога имавме 25 интервенции на давеници, оваа...
Со обука за братендери и баристи во Охрид до светските метрополи
Post Views: 13 Охрид ги доби првите едуцирани бартендери, односно професионалци за приготвување коктел во баровите. Денеска во охридското средно угостителско училиште „Ванчо Питошески“ 20 невработени лица кои ја следеа обуката за стекнување со меѓународен сертификат за бартендер, полагаа испит. Идните бартендери задоволни се од обуката и велат дека воопшто не била тешка, а дел од нив веќе имале искуство во работа на шанк, послужување на гости и подготовка на коктели. Еден од кандидатите, Бобан Пашоски, кажа дека оваа обука за него претставува дополнителна можност да се научи,...
Костеска: Да не се врши притисок за упис на децата во охридската градинка
Post Views: 9 Стартот на учебната година напорен во охридската детска градинка „Јасна Ристеска“. Капацитетите на установата максимално дури двојно повеќе се исполнети, односно во моментов запишани се 780 деца а 130 чекаат. Директорката на јавната општинска установа Розе Костеска го потврди зголемениот интерес за упис во оваа учебна година, посебно огромниот интерес од страна на родителите нивните деца да бидат згрижени и восапитувани во централниот објек . Па оттука Костеска категорична, адресата на живеење е адреса за влез во кој објект ќе бидат запишани нивните деца, и...
Жешка тема од безбедноста на информатичкиот универзитет во Охрид
Post Views: 5 Тренинг на математичари и информатичари под покровителство на НАТО за шифрирање и дешифрирање на пораки поврзани со безбедноста или криптографија. На научниот собир се обрати министерот за одбрана, Зоран Јолевски. Тој истакна дека активностите кои ги презема Владата за инвестирање во високото образование за поврзување на македонските високообразовни институции со универзитети од Европа и САД како и активно учество во слични заеднички научни проекти, ќе ги подобри условите во вклучување на нашето образование во светските трендови, што е еден од основите за развој...
Голема дупка на ул. „Богомилска“
Post Views: 4 Раскопана ул. Богомилска. Голема дупка од која линее вода десеттина дена не само што ја нагрдува улицата туку околу неа се создава кал, која се разнесува насекаде, а надлежните не интервенираат, реагираат мештаните. Дупката е на фрекфентно место, односно оттука поминуваат голем број граѓани кои ги посетуваат двете приватни здравствени установи а и многу возила бидејќи од тој потег директно се поврзуваат на Туристичка и Даме Груев. Тие не сакаа да коментираат пред камерата на ТВМ но кажаа дека жалосно е што оваа улица актуелниот градоначалник Никола Бакрачески на...
Од Охрид започнува откривање на таленти
Post Views: 7 Раната идентификацијата на талентите треба да започне од најраната возраст. За прв пат во Македонија се реализира еден грандиозен проект „Откривање и работа со надарени и талентирани во предучилишните установи“. Според проф. Љупчо Кевероски, во фокусот на овој проект е раната идентификација и препознавање на талентите или со други зборови кажано, Македонија прави еден радикален чекор кога станува збор за компетенциите за воспитниот и другиот стручен кадар, да направи своевиден пресврт во однос на гледањето на оваа популација. „Се работи под секакво соучество на...
Успение на Пресвета Богородица – Празник на мајката Божја
Post Views: 16 Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско денес го одбележува големиот христијански празник Голема Богородица. Овој ден спаѓа во дванаесетте големи христијански празници а поради големиот култ што го има мајката Божја меѓу верниците, овој празник се празнува многу свечено со големи народни собири. Река од луѓе денес ја посетија истоимената црква „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско во Охрид, се помолија за здравје, ксмет, запалија свеќи, каснаа нафора наполнија од осветената вода а некои се причестија после двонеделниот Богородичен или...
Слаб одзив во Пештани на „Отворени социјални денови“
Post Views: 13 Директорот на Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа, Екрем Каљоши во посета на туристичката населба Пештани, за да ги слушне проблемите на луѓето кои се под социјален ризик. Одзивот на мештаните беше слаб, но сепак и оние малку присутни, го поздравија Владиниот проект „отворени социјални денови“ во руралните средини и го изнесоа нивното мислење во врска со средбите од ваков карактер. Тие бараат поголема вклученост на институциите не само на Центарот туку и на Локалната самоуправа на Охрид.„Имам болно дете од аутизам и задоволна сум од услугите од Центарот, но...