Автор: Николоска Биљана
Post Views: 10 Охриѓани покажуваат голем интерс за акцијата за еднократен отпис на долговите за најсиромашните граѓани. Секој ден околу 50 барања се доставуваат во Меѓуопштинскиот Центар за Социјални работи поточно до одделението за детска заштита при центарот кое се наоѓа наспроти амбулантата „ Маларична“, вели првиот човек на центарот Екрем Каљоши „Сметам дека освен неопходната потреба од чекање, активностите се одвиваат непречено, имаме добар прием кај граѓаните се надеваме дека бројката на луѓето кои што ќе го остварат ова право за Охрид ќе биде задоволителна односно луѓето...
Охрид ќе соработува со Дортмунд, Германија
Post Views: 9 Поранешниот градоначалник и актуелен советник во Советот во Дортмунд, Германија, Рутиге Шмит, во работна посета на Охрид. Тој оствари средба со градоначалникот Никола Бакрачески. Германскиот советник со став дека денешната средба претставува добар почеток за широка и долгорочна соработка помеѓу двата града. Градоначалникот Бакрачески нагласи дека постои реална потреба за една ваква соработка во повеќе сфери што е и цел на денешната протолколарна средба. Додаде дека таа соработка во иднина би дала долгорочни резултати помеѓу Охрид и Дортмунд.„Разговаравме за...
Ќе се менува грбот на Охрид и името на охридскиот кеј
Post Views: 18 ТВМ во неколку наврати информираше дека според правилата на УНЕСКО треба да се промени грбот на Општина Охрид, бидејќи симболите на оваа меѓународна организација не смеат да се употребуваат во ознаки на други институции. Иако беше најавувано дека новиот грб ќе биде промовиран на Свечената Академија по повод патронот на градот Св.Климент Охридски, тоа не се случи. За промената на симболите на грбот на Охрид, ќе одлучуваат Охридските советници, на наредната седница, која е закажана за петок 22ри август. Освен за грбот, советниците на оваа седница ќе одлучуваат и...
Бакрачески: Туристичкава сезона ќе биде подобра од минатата
Post Views: 11 „Ве уверувам дека годинашнава туристичка сезона ќе биде подобра од минатата и претходните години“, истакна градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. Додаде дека ова ќе го потврдат обработените статистички податоци кои ќе ги имаат за месец и пол дена после продолжената летна сезона. Охрид не е било која туристичка дестинација во светот, нашиот град на едно место ги има културните, историските, природните, духовните вредности, кои се реткост за една туристичка дестинација и тоа сите треба да го ценат.„Јас сум човек кој што е познат по тоа што не манипулира со...
Државно првенство во кајак на мирни води
Post Views: 6 Денес се одржа државното првенство на Македонија во кајак на мирни води. Силите во неколку категории ги одмерија кајакарите од двата охридски кајакарски клуба Ехо и Стрмец и КК Црн Дрим од Струга. Се веслаше патеката од 500 метри со старт од пред хотел Палас до финишот пред хотел Милениум. Три екипи не учествуваа на државното првенство од непознати причини вели главниот судија Менсур Рифат.„Се одржаа трки на 500 метра во К1 и К2 во сите категории, значи пионери, пионерки, кадети кадетки, јуниори јуниорки, сениори сениорки, времето не послужи“ – изјави...
Почна фестивалот на вино и сирење во Охрид
Post Views: 7 Плоштадот „Крушевска република“ во Охрид синоќа беше преполн со посетители. На дваесет штандови луѓето имаа можност да ги вкусат разните видови сирења и преработки од млеко, да го дегустираат традиционалнолто бело, розе и црвено вино, а и да се заблажат од пчелните производи. Фестивалот на сирење и вино навистина е магнет за привлекување на туристи, велат граѓаните кои ги анкетиравме„Убаво е да се случува се почесто. Пробав пита со сирење и ѓомлезе. Можам да ја поздравам една ваква манифестација затоа што привлекува доста туристи сакаат да пробаат од овие наши...
Меѓународна академија по пијано од 17 до 27 август во Охрид
Post Views: 9 Уште еден фестивал на мапата на Охрид за промоција на градот. Станува збор за фестивалот Пијано Самер Охрид кој ќе се одржува од 17 до 27 август, а воедно во рамките на фестивалот во исто време ќе се одржува и меѓународната летна академија по пијано. Јана Бегин организатор на овој фестивал нагласува дека остварувањето на една ваква замисла пред се се должи на поддршката на Лоалната самоуправа на Охрид. „Самата идеја за организирање на една ваква летна академија потекна од нашето пријателство. Вакви академии досега сме организирале во Верона во Италија, на...
Зафати во Болничките цркви од наесен
Post Views: 9 Како што телевизија ТВМ информираше пред десеттина дена, сепак ќе се уредува дворното место на болничките цркви Св Богордица и Св. Никола. Поттикнати од бројните забелешки на граѓаните кои постојано укажуваа на грдата слика од разурнатиот ѕид, ја продолжуваме сторијата за болничките цркви. Првиот човек на Завод и Музеј Тања Паскали Бунташеска открива дека есенва ќе се уредува дворнотo место на овие две цркви. „Ќе се регулира во теков на есенскиот период, моментално изработуваме заштитно конзерваторски основи потребни за урбанизација на тој простор и се надевам дека...