Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Доделени дипломите на матурантите од ОСУ „Св Климент Охридски“

Post Views: 6   Матурантите од ОСУ „Св Климент Охридски“ пред охриѓани синоќа на Антички театар се претставија во најдобро издание и покажаа дека се подготвени да продолжат со предизвиците кои им ги носи животот. Тие најавија дека своето образование ќе го продолжат на некоја од високообразовните институции и изразија надеж дека со идниот ангажман во општественото живеење ќе бидат носителите на идниот развој на локалната заедница и државата. Родени сте да успеете, вака во името на општина Охрид на завршените средношколци и на останатите присутни на Антички театар им се обрати...

Продолжи со читање

Денес македонските верници се поклонуваат пред Св Петка

Post Views: 12 Велгошти синоќа и денес беше претесно да ги собере верниците кои се поклонија пред Св Петка Римска заштитничката на селото. Според велгоштани, по повод големиот христијански празник над 20 000 верници го посетиле ова свето место за кое се верува дека има чудотворна моќ, посебно лековитата вода  која помага при очобол, како што кажаа мештаните. Интересно е и тоа што мештаните од Велгошти кога ја зборуваат вистината се колнат „Жими златна Св Петка“.„Најголемиот ден за нас да ни поможи златна Св Петка да даде здравје, таа е заштитничка на стари, млади и на градови...

Продолжи со читање

Пази, отворена шахта

Post Views: 8 Отворени шахти без заштитни капаци се уште има низ повеќе улици во Охрид. Дел од нив, односно отворените шахти во близина на Бејбунар, како и на потегот помеѓу двата кружни тека кај населбата Бараки, подолг период служат како контејнери. Жителите не сакаа да зборуваат пред нашата камера, но позади камерата кажаа дека дупката на потегот кај Бараки, 5 години стои отворена и досега никој не презел ништо, иако во Фондот за комунален развој патишта и сообраќај уредно укажале за овој проблем. Тие бараат одговорните да го решат проблемот, пред некој да настрада. Од...

Продолжи со читање

Бекатонски крпеници, наместо асфалт

Post Views: 5 Ударните дупки во делови од градот наместо со асфалт во последно време се крпат со бекатон плочки. Таквите бекатонски крпеници најочигледни се на бул. Туристичка. Од Локалната самоуправа со свое објаснување. Портпаролот Томе Џамтоски вели дека забелешките и укажувањата на граѓаните биле на место, но согласно одлука на Совет во периодот од 01 јули до 1 август имале забрана за изведување на поголеми градежни зафати.„Како што од Секторот за сообраќај и улици најавуваат во текот на овој месец или најдоцна до септември ќе треба да се пристапи кон изготвување на тендер за...

Продолжи со читање

Брза помош Охрид со полни раце работа

Post Views: 9 Се зголеми бројот на посетите и јавувањата во брзата помош во Охрид. Тоа пред се должи на високите температури, напливот на гости посебно за време на празниците и тоа не само кај хронично болните туку и кај здравите луѓе. Раковдителот на брза помош д-р Ацо Стојаноски нагласува дека во овој период на зголемена фрекфениција на прегледи и повици посебен ризик се јавува кај луѓето што се со срцево белодробни заболувања, стари лица, деца, трудници. Присутен е стомачниот вирус но имало интервенции кај лица кои се пожалале на зголемена телесна температура, треска итн....

Продолжи со читање

Изложба на Емел Махмуд во куќата на Робевци

Post Views: 7 Синоќа во куќата на Робевци беше отворена првата самостојна ликовна изложба на Емел Махмуд. Како што кажа уметникот Никола Николоски за делата на Емел, публиката нема видено досега вакви неоткриени дела. Додаде, дека Емел сликите ги чувала само за себе бидејќи нејзиниот сензибилитет не и дозволувал своите дела да ги покаже во јавноста.„Преку доста голем број на разговори ние успеавме да ја натераме на некој начин да отвори своја изложба во прекрасната куќа на Робевци во Националниот Музеј и ова е една прекрасна можност да ги видиме нејзините слики кои со години биле...

Продолжи со читање

Илинден одбележан во Охрид

Post Views: 7 Македонија и Охрид знае кое е значењето на втори август, рече градоначалникот Никола Бакрачески на денешното чествувањето на Денот на републиката. Тој на сите македонци каде и да се им го честита најголемиот македонски празник и истакна дека денес живееме во време кога еден мал народ по број, но голем по душа се уценува да биде обезличен и идентитетски избришан и да се откаже од заветот кој го дадоа нашите предци пред 111 години и пред 70 год на двата Илиндена од заветот  за кој тие крвареа и страдаа.„Денес во овој нов милениум во време на модерен живот прогрес и...

Продолжи со читање

Крвава тепачка на тинејџери во Охрид

Post Views: 7 15 тинејџери од Скопје физички се пресметувале синоќа на Kеј Маршал Тито . 10 минути после полноќ  дошло до  тепачка меѓу две групи тинејџери од Скопје, во која на  едно лице му биле нанесени убодни рани од нож. Избодениот тинејџер бил пренесен во Медицински центар Охрид, каде му била извршена хируршка интервенција и е задржан на понатамошно лекување. СВР го потврдува настанот. Портпаролот Стефан Димоски вели дека веднаш излегле на лице место на настанот и презеле активности за расветлување на случајот што резултирало со откривање на сторителите.„Во текот на...

Продолжи со читање