Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Македонија утре ги слави двата Илиндена

Post Views: 7 Илинден е празник кој ги обединува сите македонци каде и да се. Денес, еден ден претходно се собравме да го одбележиме најголемиот празник на Македонија и македонскиот народ. Со тоа даваме почит и се потсетуваме на нашите предци кои несебично своите животи ги втемелија во слободата на нашата нација, рече заменик градоначалникот на општина Охрид Ангел Јанев, на денешното одбележување на двата Илиндени.„Денес овде сите ние се присетуваме на двата илиндена кога нашиот народ после повеќе векови почна да се буди како културно, така и политички и почна да го крева својот...

Продолжи со читање

Грдата слика кај болничките цркви ќе чека есен

Post Views: 7 До редакцијата на Телевизија ТВМ пристигнуваат реакции од граѓани од стар град во врска со разурнатиот ѕид на црквата Св. Богородица Болничка. Состојбата на тој потег ја нагрдува сликата која најубавиот дел од Охрид ја остава кај туристите. Состојбата е непроменета речиси две години. Според она што го слушнавме од мештаните тие не навлегуваат во плановите кои МПЦ ги има за тој потег, но сметаат дека додека се реши проблемот со дозволата за понатамошни активности на локацијата барем да се санира ѕидот. Ова лето нема ништо да се превзема за враќање на ѕидот во...

Продолжи со читање

Нема пријава за корупција во охридскта Локална самоуправа

Post Views: 15 Ниту еден граѓанин не пријавил анонимно мито и корупција во Локалната самоуправа. Пред три месеци Локалната го промовираше телефонскиот број 046 262 469 како и eмaил адресата prijavikorupcija@ohrid.gov.mk на кој граѓаните анонимно можат да пријават службеници доколку им се случило да им побараат поткуп за одредена услуга. Од ваквиот податок може да се заклучи дека државните службеници совесно си ја вршат работата и нема злоупотреби на службата или граѓаните тешко се охрабруваат да пријават незаконски дејствија. Од „Транспаренси интернешнел Маседониjа“ велат дека...

Продолжи со читање

Пресврт во ЈП „Градски Гробишта“

Post Views: 9 ЈП „Градски Гробишта“ вратило 60% од старите наследени долгови, се пофали првиот човек на ова ЈП, Зоран Симоноски на денешниот брифинг со новинарите. Имено долгот изнесувал 10 милиони денари и за период од нецела година вратени биле 6 милиони денари. Според него тоа се должи на низата мерки кои ги презело новото раководство на претпријатието, како што се, работните ангажмани кои на претпријатието му ги обезбедиле Локалната Самоуправа и Фондот за комунален развој,  отпочнување на производство на сопствени бетонски производи, отворањето на новиот наплатно информативен...

Продолжи со читање

Охрид заслужува постојана поставка со делата на големиот Вангел Наумоски

Post Views: 23 Изложба на 22 дела од големиот охридски ликовен творец Вангел Наумовски насловена како „Портрети и ликови“ деновиве е поставена во куќата на Уранија во Охрид. После подолго време љубителите на неговата уметност имаат можност да се сретнат со неговите дела. Оваа колекција на слики за прв пат е пред очите на јавноста и како што рече неговиот потомок синот Рубенс Наумовски изложбата  претставува блиц, ретроспектива на неговото творештво низ годиниве. Исто така тој нагласи дека годинава по повод двата големи јубилеи, 90 годишнината од раѓањето на Вангел Наумовски, како...

Продолжи со читање

Без енергетски сертификат нема градежна дозвола

Post Views: 8 Нема дозвола без сертификат за енергетска ефикасност. При издавањето одобрение за градба согласно законот мора да се обезбеди изјава и сертификат од лиценцирано лице или фирма за енергетска ефикасност. М-р Игор Шешо асистент на машинскиот факултет вели дека од 2015 година секој објект ќе треба да има сертификат за енергетски карактеристики. Додава дека пред еден месец на машинскиот факултет завршила обуката за енергетски контролори односно за лицата кои ќе вршат проценка на енергетските карактеристики на зградите. „Со енергетски сертификат се пропишува колакава...

Продолжи со читање

Романска делегација од Решица во посета на Охрид

Post Views: 8 Прва официјална средба на двата града, македонскиот Охрид и романскиот Решица. Тоа значи почеток на пријателски односи и можност за воспоставување на идна соработка во делот на образованието, спортот, културата и економијата . Двете страни ги разгледаа и можноста што ги нудат Европските фондови околу реализација на заедничките проекти за период 2014- 2020 година.„Ова е прва средба, благодарни сме што денес тие беа наши гости разговаравме на теми поврзани за и околу некои проекти од повеќе облести. Споменавме делот на турзмот, образованието, културната соработка,...

Продолжи со читање

Во охридско пронајдени гранати од Прва светска војна

Post Views: 12 Тринаесет артилериски гранати се пронајдени во Лескоец, охридско. До нив дошле работниците на скопската фирма Вардар вчера при вршење ископ за поставување на фекалната канализација во ова село. Тие веднаш прекинале со работа и случајот го пријавиле во полиција. Љупчо Прескакулов, од Дирекцијата за заштита и спасување вели дека веднаш после укажувањето од охридскиот сектор за внатрешни работи екипи излегле на лице место и ги извршиле сите потребни активности за детектирање и деактивирање на убојните средства. Според него станува збор за неексплодирани  гранати со...

Продолжи со читање