Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Инфо пултовите во Охрид често се расипуваат

Post Views: 10 Само 5 инфо пултови се функционални од вкупно 10 колку што има набавено Општина Охрид. Два се целосно вон употреба, еден на влезот од градот кај туристичкото биро и еден кај автобуската станица. Нов инфо пулт ќе се постави кај Долна порта а за уште два се размислува за најсоодветна локација. Во моментов домашните и странските туристи  можат на дигитален начин и од улица да го изберат објектот каде што ќе се сместат, да ги видат содржините на градот, како и да погледнат кои културно историски споменици можат да ги посетат преку Инфо пултовите пред општинскта...

Продолжи со читање

Се уредува паркингот кај „Студенчишта“

Post Views: 10 Започнаа активностите за уредување на паркинг просторот наспроти Центарот за обука на вода во непосредна близина на мостот кај каналот “Студенчишта“ со кој  стопанисува ЈП “Билјанини извори.“  Активностите ги реализираат охридските јавни претпријатија “Ниско градба“ и “Градски гробишта“. Паркингот се очекува да биде ставен во употреба на крајот од оваа недела и ќе биде наменет за паркирање на околу 60-ина автомобили, информираат од Локалната Самоуправа. Паркирањето ќе изнесува 30 денари за час. Добро е што просторот се уредува затоа што од пред една недела...

Продолжи со читање

Трпејца полупразна, допрва очекува гости

Post Views: 6 Македонското Сен Тропе, туристичката населба Трпејца на сред туристичка сезона полупразна. Единствени гости кои што можат да се забележат се холандските туристи и понекои домашни. Гостите задоволни од убавините на местото, гостопримството на трпејчани а немаат ниту замерки за висината на цените. Претставниците на туристичките агенции пак се обидуваат во своите понуди да вметнат што повеќе интересни содржини за да ги привлечат странските гости. „Агенциите нудат големи екскурзии со различни групи, различни луѓе и воопшто холанѓани и најголемиот дел од луѓето кои...

Продолжи со читање

Бакрачески во посета на Трпејца

Post Views: 5 Дислокација на една од трафостаниците, слаб притисок на водата, немање паркинг простор, изградба на пречистителна станица се само дел од проблемите кои ги засегаат трпејчани. Денес, тие имаа можност лично на градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески да му укажат на овие потреби. Градоначалникот ги сослуша и вети во догледно време дека лично тој и службите на Локалната Самоуправа ќе се заложат да се подобри живеењето на месното население во Трпејца, со цел и тие да ги подобрат услугите кои им ги даваат на гостите. Бакрачески нагласи дека изградба на пречистителна...

Продолжи со читање

Зачестија дефектите во Охрид

Post Views: 6 Ова е трет поголем дефект за само два дена на подрачјето на општина Охрид. Синоќа жителите на улиците „Гоце Делчев“, „Дејан Војвода“, „Пере Тошев“, „Петар Поп Арсов“, „Стив Наумов“, „Јабланица“ и делови од булеварот „Туристичка“, до нешто после полноќ останаа без вода. Интервенцијата траела до доцна во ноќта затоа што  пукнала цевка со димензии Фи 300 и целата морала да биде заменета. И овој пат како и во претходните случаи со дефектите кај  Енерго Центар на ЕВН и наспроти СВР Охрид, кога жителите во реонот останаа без вода, директорот на МЈП Проаква Томе Паскалиев...

Продолжи со читање

Паркингот во Охрид поскапи или не

Post Views: 9 Дел од паркинзите од  зона Б, со одлука на Управниот одбор на ЈП „Билјанини Извори“, префрлени во зона А. Со тоа практично, паркирањето на најголем дел од паркинзите во градов поскапува иако не е променета цената  за паркинг место со одлука на совет. Граѓаните  реагираат дека  не се информирани кои паркинзи се префрлени во зона А каде што се наплатува по 30 ден за час. И што е уште поважно, дали Управниот одбор на јП, може, со одлука сите паркинзи од зона Б да ги префрли во поскапата зона без за тоа да побара амин од градските советници.Од ЈП „Билјанини Извори“ не...

Продолжи со читање

Бурна седница на охридскиот Совет

Post Views: 9 Бурна седница на охридскиот Совет. Обемниот дневен ред од 74 точки беше надополнет со уште 3 точки, по предлог на секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески. Предлог одлука за добивање согласност на одлуката за усвојување на физибилити студијата за ЈП Градски Пазар, предлог одлука за започнување на повторена постапка за доделување на договор за воспоставување на ЈПП за изградба на затворен пазар во Охрид и предлог одлука за давање согласност на одлуката за дополнување на ценовникот на услугите на ЈП „НИСКОГРАДБАОХРИД“ Охрид. Овие предлог одлуки неприфатливи од...

Продолжи со читање

Ако е паркинг, треба да се уреди да личи на паркинг

Post Views: 10 Деновиве почна да се наплатува паркинг кај атрактивната плажа „Куба Либре“. Граѓаните затечени од тоа затоа што ништо на просторот не укажува дека станува збор на паркинг. Лицето кое што наплатува паркинг се претставувало како вработен во ЈП „Билјанини Извори“. Од прпетпријатието велат, паркингот е на Билјанини Извори и дека на него легално ја вршат дејноста организирање и наплата на паркинг.Просторот кој најмалку наликува на паркинг е дел од планот за спас на ЈП „Билјанини Извири“. Имено во писмениот допис од Локалната самоуправа се вели, цитат: „Паркингот оваа...

Продолжи со читање