Автор: Николоска Биљана
Post Views: 177 Отворен ден во ФЗО, Струга. Осигурениците остварија директни средби со претставниците на Фондот за здравствено осигурување од подрачната единица како и со Бојан Цветковиќ, директорот на Секторот за управување со човечки ресурси. Цветковиќ покрај што бил запознат со работата на службите, пријатно бил изненаден како што и самиот кажа од коментарите на осигурениците кои изразиле задоволство од работата на подрачната единица во Струга во секој поглед.„Фондот е транспарентен, отворен во секое време за секое прашање, можам да ги кажам и тел броеви кои можат да ги свртат...
О.У. „Јосип Броз Тито“, доби нафта за греење
Post Views: 198 О.У. „Јосип Броз Тито“, доби нафта за греење. Од денес наставата се одржува во загреани училници. Сепак од школото напоменуваат дека мора да се води економија бидејќи станува збор за 8 тони нафта, количина која доколку се грее нормално во зимската сезона е доволна за два месеци. Се врати детскиот џагор во О. У. Јосип Броз Тито Струга. Во текот на вчерашниот ден пристигна нафта за греење. После два дена без настава, учениците повторно седнаа во училишните клупи. Децата велат дека денес веќе се чуствува топлина во училниците и за прв пат после долго време ги соблекле...
Започна вештачкиот мрест на пастрмката
Post Views: 262 Струшкото мрестилиште Шум подготвено е да ја прими икрата од охридската пастрмка наменета за вештачиот мрест. Со околу 20 илјади зрна икра вчера во струшкото село Радожда отпочна мрестот на охридската пастрмка.„Ние сме подготвени годинава да примиме над 2 милиона икри се надеваме дека имајќи ги во предвид предусловите, заштитата, вложувањата и интересирањето на државата и она што се прави сега ќе успееме да го зголемиме производството односно рипчињата што ќе ги произведеме да бидат најмалку 80% повеќе од минатата година“. Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство...
Тодоров: Концесијата ќе ги подобри условите на дијализа
Post Views: 172 Отуѓувањето на еден сегмент, односно центарот за дијализата од струшкиот Завод за нефрологија нема негативно да се одрази врз работата на институцијата, тврди министерот за здравство Никола Тодоров. Според него концесионерите ќе ги подобрат условите во центрите за дијализа, во полза на пациентите но и на вработените.„Вработените нема од што да стравуваат затоа што спеоведовме постапка во која комплетно ги гарантираме правата на вработените. Тие можат да изберат дали ќе преминат во новата здравствена установа на концесионерот или ќе останат во постојната здравствена...
Во Вевчани ќе се гради ски центар
Post Views: 184 Вевчани ќе добие современ ски центар. Истиот предвидено е да се изгради на планината Јабланица во месноста Јанков Камен, кое се наоѓа над Вевчани. Според најавите на градоначалникот Цветомир Угриноски, во тек е изработка на проект за овој ски центар и истиот ќе се гради по пат на јавно приватно партнерство.„Овде веќе престојуваа екипи ги разгледаа терените на кои што треба да се изградат ски центрите, хотелите и викенд населбите. Во текот на месецов ќе биде објавен и тендер и нормално по законските прописи ќе трае 45 дена после што ќе се знае и изведувачот на проектор....
Струга во знакот на врвниот ракомет
Post Views: 200 Bо очи на големиот меѓународен ракометен турнир „Струга 2013“ организаторите уште еднаш потсетија на големината на оваа врвна ракометна манифестација. „Ланската година славевме јубилеј 40 години и тогаш ветивме на Струга и македонската јавност дека овој меѓународен ракометен турнир сакаме да го сврстиме меѓу петте најдобри европски ракометни турнири и она што сме го зацртале како цел со сигурност ќе го оствариме“.Градоначалникот на Струга Зијадин Села смета дека спортските манифестации дополнително допринесуваат во развојот на туризмот, бидејќи класичниот туризам веќе...
Отчет на Села за првите 100 дена
Post Views: 159 Промена на режимот на сообраќај, отстранување на паркинзите кои беа на самите сообраќајници, ослободување на шеталиштето од металните конструкции, осветлување на дрвениот мост на реката Црн Дрим со многубоен систем, редовно миење на градските улици, уредување и ставање на функција на фонтаната на градскиот плоштад, се само дел од реализираните активности на градоначалникот Зијадин Села, кој успеал да ги спроведе за 30 дена а не за 100 дена како што ветил во предизборната кампања. Но Села на денешната прес конференција по повод 100 дена од неговото делување посебен...
Утре во Струга започнува ракометниот турнир
Post Views: 190 Струга се наоѓа пред големо ракометно уживање. Утре на Женска плажа започнува 41 от меѓународен ракометен турнир „Струга 2013“. Подготовките околу годинешното издание на меѓународниот турнир се одвивале речиси 8 месеци, со цел оваа традиционална ракометна манифестација да биде организирана во најдобро светло, изјави претседателот на турнирот Лилјана Затуроска.„На ова отворено ракометно игралиште покрај охридското езеро како што забележувате сеуште сме во припрема за утрешниот настан кој што ќе се случи, припремите се при крај значи имаме ново асфалтирано игралиште...
Струшкиот Совет конечно живна
Post Views: 157 Струшкиот Совет конечно живна. Денес на продолжението од втората седница беа избрани Комисиите од советници како и Управните одбори на Јавните претпријатија. Мал револт покажаа двајцата советниците од ПЕИ, кои сметаат дека се недоволно застапени во Комисиите како припадници на торбшката заедница.„Ни е битно затоа што ние сме избрани од таа заедница и ја претставиваме таа заедница во Советот на општина Струга. Тоа е дискриминација“. Даме Ложанкоски советникот на струшките социјалдемократи рече дека работите во струшкиот Совет конечно почнале да се придвижуваат и дека...
Криза во струшкиот Совет
Post Views: 163 Криза во струшкиот Совет. Само што почна втората седница, на Советот на општина Струга советниците на ВМРО – ДПМНЕ ја напуштија. Според координаторот на советничката група Перо Петкоски, предлог точките на дневен ред биле обемни и тие немале време да се подготват за истите. „Исто така Комисиите не беа формирани точките не беа разгледани па прво беше даден предлог да се формираат комисиите, а ние сметаме дека не треба да се избрзува околу формирањето на комисиите. Изненади тоа што советниците на СДСМ кои се во коалиција со ВМРО – ДПМНЕ останаа на седницата. Ставот...
Над 890 уметници на Вевчанско културно лето
Post Views: 187 Вевчани со забрзани чекори оди кон развој на туризмот. Oпштината културно ќе се издигнува преку организација на ВЕКУЛ, Вевчанското културно лето, кое започна на 14.07 и ќе трае до 08 ми септември годинава. „Ме радува силната поддршка од членството на културната манифестација „Печалбарски денови“ како и на членовите на КУД „Дримкол“ од Вевчани, кои своите програми ги обединија и за прв пат ќе ги презентираат на ВЕКУЛ“, истакана Цветомир Угриноски – градоначалникот на Вевчани.„Нашата општина Вевчани е прва и единствена од помалите општини во Р. Македонија, која организира...
Средба со министерот Тодоров бараат вработените од дијализа
Post Views: 166 Згаснува ли струшкиот Завод за Нефрологија, прочуената Дијализа? Медицинскиот персонал на оваа болничка установа денес излезе со јавен повик до Министерот за здравство Никола Тодоров, со цел да побара изземање на дијализата од Владините планови за издавање лиценци за вршење на оваа здравствена дејност. Вработените за јавниот повик од ресорното министерство за доделување лиценци за вршење дијализа дознале од медиумите и во име на сите инсистираат на средба со министерот Тодоров.„Денес повторно во име на вработените во нашата болница и стручниот колегиум,здружението...