Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Струга отвора ново одделение

Post Views: 8 Клучните проблеми на младите во Струга се исклученост од носењето одлуки на локално и национално ниво, огромна стапка на невработеност и непостоечко или партизирано младинско организирање. Овие проблеми ги делат речиси сите млади во Македонија. Младите стружани сакаат да бидат вклучени и во процесите на одлучување, да има плурализам во младински одлуки, односно нивно директно учество. Со цел да се излезе во пресрет на дел од потребите на младите стружани, Локалната власт донесе одлука за формирање ново одделение кое ќе функционира во рамките на Локалната...

Продолжи со читање

Калиштани 30 години чекаат асфалт

Post Views: 2 Само со добра патна инфраструктура, може да развиваме туризам. Жителите на Калишта струшко години наназад на надлежните укажувале дека патната инфраструктура која води до нивното село е во очајна состојба, како што изјави Урим Јусуфи потпретседателот на МЗ. Тој вели дека од страна на премиерот уште пред две години им било ветено дека ќе се направи но од тоа ништо.„Овој пат Струга – Калишта е изграден кога е изграден хотел Бисер, во 1975 година и оттогаш не е направено ништо. Вие како што знаете овој пат требаше да се асфалтира до Радожда бидејќи овој пат е...

Продолжи со читање

Струга ќе ја подобрува читачката култура

Post Views: 4 Струшката читалница на ЕВН место за средби, дружба со одбрана литература. Леа, Теа и Арба ги пренесоа своите искуства од едно вакво катче, убаво обоено во розева боја, соба каде спонтано се собираат се дружат, читаат, креираат а истовремено ги поттикнуваат и читачките навики. „Научив повеќе за македонскиот јазик многу е интересно читаме лектири кои не се задолжителни, работиме во тимови и групи а некогаш самостојно од работилницата ми се допадна тоа што читаме лектири и учиме нови зборови. Проектот е за учењето на албански јазик, ми се допаѓа читањето на лектири и...

Продолжи со читање

ВМРО-ДПМНЕ и ДПА од Струга ја раскинаа коалицијата

Post Views: 7 Раскината коалицијата на ВМРО – ДПМНЕ и ДПА во струшкиот Совет. Причина несогласуваање со одлуката за доделување на парична помош во висина од 600 000 илјади денари за општина Куманово. Претседателот на струшкиот Совет Абдула Ќазимоски појасна зошто се одлучиле да направат еден ваков гест.„После разгледувањето на проблемите кои ги имаа граѓаните на Куманово, после тие ветувања од Владата која требаше да им даде одредени финансии, слушнавме дека се дадени само хотелското сместување, гледаме и одговорно кажувам дека ние како граѓани и јас како претседател на Совет...

Продолжи со читање

Штрајк на вработените во Водовод, Струга

Post Views: 6 Шест месеци без здравствени картони и без плата не се живее, реагираат вработени на Р.Е. „Водовод“ Струга. Тие денес својот револт и јавно го изразија преку протест барајќи од одговрните излез од кризата која веќе подолг временски период владеела во ова ЈП. Како што изјави Блерим Ала денес оствариле разговор со дел од менаџерскиот тим на струшкото ЈП и побарале веднаш да им бидат исплатени 3 плати како и здравствено осигурување за да можат да се лекуваат.„Не земаме ниту картони ниту плата ниту ништо. Платата ни ја делат по 10, 1000 денари 15 денари исто како...

Продолжи со читање

Дали стружани ќе прошетаат по „Мостот на љубовта“?

Post Views: 7 Стружани нареднава година ќе го видат новиот лик на Мостот на љубовта, според најавите на надлежните од оваа општина. Се поизвесна станува неговата изградба, информира раководителот на Секторот за урбанизам Ресул Хани. Како што истакна Хани градоначалникот Зијадин Села и неговиот тим веднаш се нафатиле  да им го вратат на стружани мостот кој бил белег на градот. Првично увиделе дека во нивната архива но и во Историскиот архив од Охрид не постоела никаква документација од некогашнот мост. Откриле кој бил изведувач, некогашната фирма „Југодрво“  и почнале да...

Продолжи со читање

Миграцијата проблем кај младите од Струга

Post Views: 3 Акцискиот план за Локалната стратегија на општина Струга за соработка со граѓанскиот сектор, е резултат на работата на младите од Струга и општината. Повеќемесечните напори вродија со плод. Конечно визијата, стратешките цели, приоритетите, мерките и активностите на маладите стружани добија своја рамка каде на еден фокусиран начин се поставени можностите за изработка на проекти и нивна имплементација во различни области, истакна, Јане Вртески од Центарот за развој на локална демократија Скопје. Вртески кажа кој е бенефитот од изработката на еден ваков акт.„Па како...

Продолжи со читање

Алфа Медика Плус, се прошири

Post Views: 13 Алфа Медика плус се проширува. Поради недостиг на биохемиски лабаратории на подрачјето на општина Струга, менаџерскиот тим на овaa медицинска куќа, одлучило да отворат и своја лабараторија. Др Соња Милеска вели дека почнале со една екипа од матичен доктор и сестра за да сега прераснат во еден поголем тим, кој на пациентите ќе им стои на располагање во две смени. Полека но сигурно стануваме една мала дијагностичка клиника која излегува во пресрет на барањата на пациентите кои од ден на ден се се побројни, додава Милеска.„Во нашата ординација има пациенти од 0 до...

Продолжи со читање