Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Слаб интерес за згрижувачки семејства воОхрид

Post Views: 10   Во тек е кампањата на Министерството за труд и социјална политика „На секое дете му е потребно семејство“. За таа намена охридскиот Центар за социјални работи изготви акционен план за спроведување на владината кампања, во кој предвидено било настап на медиумите како и трибини во населените места во градов и руралните средини, вели Гордана Атанасова од Центарот. Планот се изготвувал со цел народот да се запознае со условите и критериумите како едно семејство да пројави интерес да биде згрижувачко, додава таа. „Во Охрид засега имаме две згрижувачки семејства,...

Продолжи со читање

Ден на дефекти во Охрид

Post Views: 10 Ул. „Македонски просветители“ блокирана од дефекти. За кратко време на овој потег се случија два поголеми дефекти речиси на исто место. Граѓаните на социјалните мрежи десеттина дена наназад коментираат дека газат по калливи улици и постираат слики од состојбата. Немаме детали за карактерот на дефектот, како и за тоа, зошто за толку кратко време се повторува проблемот на истата локација. Од ЈП Водовод Охрид денес беа  недостапни за коментар. Граѓаните со бројни забелешки, велат дека дефектите не се нешто ново и чудно во градов. Тие бараат, барем во летната...

Продолжи со читање

Итна медицинска помош од денес во Љубаништа

Post Views: 8 Започна да функционира амбулантата во Љубаништа. Истата ќе работи секој ден од 10 до 18 часот. Според изјавата на директорот на Здравствен дом, Митко Дабески, со отварањето на амбулантата во Љубаништа ќе се постигне поголема мобилност и брза интервенција во населбите и плажите во околината на Љубаништа. „Тим доктор, сестра и шофер со возило, тие 8 часа ќе бидат таму и ќе прегледуваат пациенти во амбулантата во тој дел Трпејца и Љубаништа ќе ги покрива и плажите до Св Наум до границата и долу плажите“.Амбулантата во Љубаништа требаше да биде отворена од 1 јули....

Продолжи со читање

Редици пред Корисничкиот Енерго Центар на ЕВН Охирд

Post Views: 9 Редици пред шалтерите на Корисничкиот Енерго Центар на ЕВН во Охрид. Не ретко редицата од граѓани кои чекаат да си ги платат сметките излегува дури и надвор.  Нервоза и напнатост може да се забележи кај граѓаните, велат дека проблемот е во тоа што многу бавно се извршува плаќањето. Граѓаните сметаат дека доколку празните столчиња на пунктовите се исполнат со кадар на ЕВН, би се намалил метежот.„Пола саат чекам треба да се запосли уште една работничка Не е ова издржливо на ваков начин не се работи ние не сме отука не живееме тука ама вака не е добро. Повеќе...

Продолжи со читање

Пристигнаа ѕвездите што ќе го отворат Охридско лето

Post Views: 4 Пристигнаа звездите на 54 тото издание на реномираниот фестивал Охридско лето, сопранистката Барбара Фритоло и баритонот Лео Нучи од Италија. Светски познатите уметници не го криеа задоволството што се во Охрид. Првите впечатоци ги добиле летајќи со приватниот авион над Охридското езеро.„Многу сме среќни што сме овде, прв пат сме во вашата земја мило ни е што ја имаме оваа можност да настапиме пред публиката во оваа прекрасна земја – вели Фритоли. Сите ми кажуваа дека ова е прекрасно место со убаво езеро и навистина е така. Ви ветувам дека утре ќе ви приредиме...

Продолжи со читање

Иванов – Насилството нема да се толерира

Post Views: 5 Ѓорге Иванов, претседателот на Република Македонија, по бројните забелешки за молкот околу протестите за процесот „Монструм“ денеска од Охрид се огласи со свој став. Тој истакна дека постојано бил во контакт со институциите околу сите настани во врска со протестите и ги осуди сите насилни акти кои се случуваат. Иванов нагласи дека протести се дозволени секаде, меѓутоа насилството не е дозволено и не се толерира. Според него во државата постојат надлежни институции кои функционираат и преземаат се што е потребно за да се спречат појавите на било какво...

Продолжи со читање

Охрид конечно доби автопазар

Post Views: 9 Охрид конечно доби автопазар. Трговците со половни автомобили како и оние граѓани кои што сакаат да купат половно возило, веќе нема да одат во други градови за оваа потреба, рече градоначалникот на Охрид, д-р Никола Бакрачески, на денешното официјално отворање на новиот охридски автопазар.„Сметам дека со ова успеавме да излеземе во пресрет и на граѓаните на Охрид  меѓутоа и на трговците кои се занимаваат со овој бизнис. Само можам да кажам дека авто пазарот ќе служи за изложување не само на патнички возила туклу и на тешки товарни возила, моторцикли и авто делови“...

Продолжи со читање

Слаб старт на туристичка сезона Пештани

Post Views: 12 Слаб старт на туристичката сезона во Пештани. Освен малиот број странски гости посебно холндските туристи, други гости речиси и да нема, се жалат мештаните. Но пештанци не губат надеж. „Нема сеуште нема чекаме и се надеваме на добра сезона. Наназад 10 години исто е вака па сега ако нема во јули кога ќе има, обично од 15 се полни. Моментално сеуште ги чекаме има ама многу слабо. Не се надеваме на повеќе и сега не е тоа што беше некогаш.Во Пештани населението треба и можи да живее од туризмот, но недостасуваат повеќе работи кои треба да се средат, велат од Месната...

Продолжи со читање