Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

bazen

Пуштен во употреба отворениот базен

Post Views: 13 Пливачите на ПК Делфина го сефтосаа големиот пливачки базен кој работи во рамките на ЈП „Билјанини извори“. Од денес и официјално започна со работа отворениот базен за рекреативна и професионална употреба. Првиот човек на Билјанини Извори Ристе Мише, рече дека после месец дена континуирана подготовка за пуштање во употреба на малиот и големиот пливачки базен успеале да ги обезбедат најбитните услови.„Во изминатиот периот ги направивме сите потребни санации припреми и проверки и системот за третирање на водата што за мене е најбитниот дел од припремите за пуштање во...

Продолжи со читање

demir dalip

Меморандум за соработка во социјалната сфера

Post Views: 19 Денес беше потпишан Меморандумот за соработка помеѓу НВО „Светла иднина 2009 “ и „Подобар живот“. Поради исклучителен придонес кон развојот на мултиетничката демократија во Охрид како и афирмација на етничката заедница Египќани овие две НВО, како акт на добра воља го прогласија градоначалникот на Охрид д-р Никола Бакрачески за почесен член на коалицијата на организациите на египќаните од Охрид.„Предмет на овој меморандум за соработка е меѓусебната соработка и заеднички настапи во апликација и реализација на проекти од сферата на човековите права и слободи...

Продолжи со читање

свр

Момче од кочанско се удави во Охридското Езеро

Post Views: 16 Младо момче се удави во водите на Охридското Езеро. Безживотното тело било забележано утрово во 7 часот и 20 минути од страна на случаен минувач и за тоа веднаш била известена П.С. Во Охрид. Од страна на надлежните служби излезено е на терен и преземени се сите мерки кои полициските службеници ги преземаат кога станува збор за ваков трагичен настан, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. „Она што можам посебно да го потенцирам во овој момент е дека се работи интензивно на идентификацијата на безживотното тело, значи полициските службеници посветуваат...

Продолжи со читање

bolnica pestani

Пештани доби летна дежурна служба

Post Views: 36 Во туристичката населба Пештани после 9 месеци повторно проработува службата за примарна здравствена заштита. Денес во Пештани и официјално се отвори новиот пункт на Здравствен дом Охрид. Целта е на осигурениците но и за туристите да им се овозможи континуирана и достапна здравствена заштита, вели директорката на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Маја Парнарџиева-Змејкова.„Дежурната служба има обврска да овозможи во периодот кога нема покриеност за здравствена заштита на населението да се активираат капацитетите на Здравствениот Дом и матичните...

Продолжи со читање

saraiste

Кој треба да ги отстрани кајчињата од Сараиште?

Post Views: 15 Плажата на најубавото место на Охридското крајбрежје, Сараиште, во лето узурпирана од кајчиња. Малку простор останува туристите да постават пешкир и да уживаат во топлото летно сонце и местоположбата што го нуди ова место. Мештаните од Сараиште речиси секоја летна сезона укажуваат на овој проблем и сметаат дека ваквата слика е срам за туризмот на општина Охрид и оти Локалната самоуправа треба сериозно да пристапи кон решение на проблемот. Старата добра практика, топката за вината да се префрла од една на друга страна и во овој случај не изостана. Од општинскиот...

Продолжи со читање

opstina ohrid

Охрид воведува ред во урбаната опрема со електронски систем

Post Views: 20 Електронски систем за  конечно воведување ред во поставувањето на урбаната опрема. Локалната самоуправа на Охрид наскоро ќе воведе електронски систем за следење на договорите за поставување на урбана опрема. Како што информираат од таму целта е да се избегне пречекорување на договорот и со тоа да се врши узурпација на јавна површина или злоупотреба на приватен имот без да бидат подмирени обврските кон градот. Новиот електронски систем треба да ги алармира надлежните 15 дена пред да истече рокот, а тие го известуваат корисникот на урбана опрема дека има уште 15 дена...

Продолжи со читање

ribari

ЗРСК „Св Стефан“ го даде и првиот државен репрезентативец

Post Views: 21 Деновиве Струга беше домаќин на Државното првенство во спортски риболов во дисциплината пливка за најмладите натпреварувачи, кадети (деца до 14 години) и јуниори ( од 15 до 19 годишна возраст). На натпреварот учествуваа вкупно 10 екипи од 7 риболовни здруженија од 6 градови од Р.Македонија. Учество зедоа и кадетската и јуниорската екипа на Здружението риболовци Св Стефан од Охрид. Илија Рупев беше најдобриот поединец кој го освои петтото место  во својата конкуренција со што и обезбеди место во македонската репрезентација во категоријата кадети.  Државното...

Продолжи со читање

kiosk

Хаварисаните возила, камп приколки и киосци да се тргнат од улиците

Post Views: 18 Хаварисани возила, стари камп приколки, киосци, кајчиња, претставуваат грд декор во дворното место  на неколку приватни локации во Охрид. Станува збор за објекти за кои  години наназад никој нема преземено никакви мерки за нивно отстранување.  Согласно Законот за јавна чистота и одлуката за комунален ред, општинскиот комунален инспекторат е задолжен да ги санкционира сопствениците на ваквите објекти кои не водат грижа за нив. Обраснати со трева, искршени, оставени на забот на времето, а некои од нив претставуваат и извор на зараза и собиралиште на змии и други...

Продолжи со читање