Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

На Охрид му треба подобро претставување на саемите

Post Views: 11 Како да се продолжи туристичката сезона во градов, да се збогати понудата на содржини за туристите и поуспешно настапување на саемите за туризам, дел од темите на денешната работна средба на градоначалникот Никола Бакреачески со првиот човек на  Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Христијан Џамбазоски. Како што кажа Бакрачески на средбата биле изнесени заклучоци за понатамошната соработка на Агенцијата со општина Охрид на полето на работата на Секторот за туризмот, како и низа активности кои во иднина треба да се реализираат како плод на таа...

Продолжи со читање

Монографија по повод 50 години од матурата

Post Views: 9 Зборовите бледнеат, сликите остануваат. Безвреден е животот ако зад него не оставиме спомени, рече авторот на Монографијата по повод 50 години од матура,  Димче Стојкоски Лепиот. „Оваа книга претставува трајно дело и ќе биде пионер на ова школство на сите генерации во сите сфери на општеството“, вели  Стојкоски.„Јас сум благодарен што успеав да ја напишам оваа книга, благодарение на моите колеги кои ми доставија фотографии. 50 години од матурата ги содржи сите активности на генерацијата кои активности на чело со професорите кои што ни беа и родители и другари бевма...

Продолжи со читање

Ќе се издава ресторанот на охридските гробишта

Post Views: 10 После три месеци пауза, на повидок е повторно отварање на ресторанот во кој се прават задуши кај охридските гробишта. Функционирањето на овој ресторан е од посебна важност за граѓаните на Охрид, бидејќи секоја друга опција за правење на задуша на друго место само дополнително го оптоварува буџетот на корисниците на таа услуга.  „Се надевам дека огласот за издавање под закуп на ресторанот нареднта недела ќе биде објавен.  Интересот е огромен така да ќе видиме кога ќе го објавиме огласот кој се посериозни кои навистина сакаат да се јават “ – најавува...

Продолжи со читање

На охридските градски гробишта има тоалети

Post Views: 13 ЈП „Градски гробишта“ на само неколку дена од празникот Духовден, на големо се подготвува да ги уреди гробиштата. Но, граѓаните забележуваат дека недостасуваат јавни санитарни јазли. Првиот човек на ЈП, Зоран Симоноски не се согласува со ваквата забелешка и појаснува дека имаат тоалети, кои се функционални и истите се со задоволителен квалитет.„Не се согласувам дека во овој простор воопшто нема тоалети во самиов објект покрај тоалет за вработените имаме тоалети од отворен тип за граѓаните“– вели Симоноски.Симоноски го оправдува барањето на граѓаните дека...

Продолжи со читање

Писи – педија, нов софтвер во Охрид

Post Views: 10 За првпат во Македонија се јавува нов софтвер, Писи-педија, кој денес и официјално беше промовиран. Како што изјави Ангел Јанев, еден од основачите на ПИСИ, новиот софтвер има две карактеристики, односно спој на википедија електронската енциклопедија од една страна, со мудл, софтвер наменет за електронско тестирање од друга страна.„Јас се надевам дека овој софтвер ќе биде почеток и повик до сите млади луѓе, морам да кажам дека е производ на образовниот центар ПИСИ и на учениците кои излегоа од тука. Тоа не се веќе ученици тоа се искусни програмери има повеќе од 30...

Продолжи со читање

Промоција на дански културен настан во Охрид

Post Views: 7 За прв пат во Охрид гостува данскиот хор „Копенхаген“. Нашиот град е дел од нивната балканска турнеја. Драгана Боцевска, директорката  на Центарот за култура вели дека иницијативата на данскиот хор за посета на Охрид била прифатена со огромно задоволство од нивна страна и заедно со општината се потрудиле овој настан што подобро да го организираат. Таа додаде дека овој настан влегува во промоција на културниот туризам, односно освојување на туризмот и културата. „Охрид се повеќе и повеќе нуди такви можности за спојување на овие две работи, културните настани...

Продолжи со читање

Високи треви, грда слика за туристичкиот бисер Охрид

Post Views: 5   Нашиот град Охрид интензивно се рекламира како атрактивна туристичка дестинација. Тоа е добро. Но, која е сликата  што ја добиваат гостите при првиот контакт со Охрид. За жал, првата слика која ја добиваат туристите при самиот влез во градот тешко се поправа со скапите реклами за вечноста на Охрид. Насекаде дури и во централното градско подрчје градот е обраснат со високи треви, дел на јавните површини, во дворните места на станбените објекти, во запуштените куќи. Граѓаните велат дека на нашиот туристички бисер не му одговара една таква слика и дека туристите не...

Продолжи со читање

Здружението „Брег на младоста“ќе помага во поплавените региони

Post Views: 14 Охридското здружение „Брег на младоста“ ќе помага на настраданите во поплавите од Србија, Босна и Хрватска. Членови на здружението, од 18 до 60 години подготвени се некаде кон средината на месец јуни да заминат во градовите погодени од катастрофалните поплави, со цел да помогнат во изградба, санација и ревитализација на просторните и животни услови на тие места. Зоран Стевоски од здружението вели дека следуваат подготовки и медицински обуки на луѓето кои ќе помагаат.„Во овој момет не можеме да тагуваме, не можеме да бидеме рамнодушни, сега е време за хуманост,...

Продолжи со читање