Автор: Николоска Биљана
Post Views: 6 Хаосот со рекламирањето на јавните површини Локалната самоуправа на Охрид ќе го решава со унифициран изглед на билбордите. Ова го најавија од локалната пред два дена, а целта е градот да добие поубав и помодерен изглед. До крајов на месецов пак, се очекува да биде завршена тендерската постапка за доделување на локации за поставување рекламни паноа, билборди. Почетната цена ќе биде утврдена утре со одлука на Совет, а локациите ќе бидат издадени за период од 4 години. Од ова може да се заклучи дека унифицирани билборди на охридските улици нема да видиме наредните 4...
Документацијата од некогашната детска болница е во Св Еразмо
Post Views: 3 Документацијата од некогашната Специјална детска болница, од пред три месеци се наоѓа во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“. После неколкуте прилози на ТВМ за состојбата во која се наоѓа документацијата и самиот објект на оваа болница надлежните од Државниот Архив на Р. Македонија, Подрачна единица Охрид, презеле мерки за средување на архивската граѓа која цели 6 години лежеше расфрлана по подовите на овој руиниран објект. Раководителот Илинка Јанева кажа дека наишле на големо разбирање од страна на директорот на болницата „Св Еразмо“,...
Пристапниот пат до хотел Даљан неосветлен и неуреден
Post Views: 9 Пристапниот пат до извидничко и хотел Даљан, заборавен од надлежните. Бројните ветувања на градските власти години наназад, никако да се исполнат, нагласува Славица Стефаноска менаџер на хотел Даљан. Од таму постојано бараат од Локалната самоуправа пристапниот пат до хотелот да се осветли и да се расчисти од високите треви, трња и смет.„Во 21 век ние сеуште се соочуваме со некои проблеми, како што се осветлување пристапен пат што навистина не е фер, немаме еднакви услови за работа. Во Охрид туризмот како да е од Биљанини извори натаму и само некој елитен туризам,...
Ништо од орото за Гинис
Post Views: 9 Вистински дебакл се случи со македонското оро за Гинис. Охриѓани, бројните гости од земјава и од надвор, во Охрид на градскиот кеј повеќе од еден час чекаа за да видат дел од орото, а некои и да заиграат. Но од се тоа ништо. Помпезните најави на организаторите паднаа во вода, велат граѓаните, а дел од нив беа разочарани и коментираа дека најголемото оро за Гинис никој не го видел.„Немаше оро само наредени луѓе што се држевме за рака друго немаше. Значи минус за организаторот и ова е еден голем срам. Имаше деца од Турција во носии, од Албанија, доста наши облечени во...
Загрозени работничките права во Македонија
Post Views: 7 Правата на работниците во Македонија се загрозени. Најмал е проблемот кај луѓето кои што работат во Државната администрација како и оние кои работат во големите компании, сметаат експертите за социјално економски развој во јавниот и приватниот сектор, од регионов. Зоран Павловиќ, експерт на оваа тема од Босна и Херцеговина нагласи дека состојбата во Македонија по прашањето на работничките права е многу тешка и треба да многу да се работи да се достигне Европското ниво. Додава дека само со партнерство меѓу работодавачите, претставниците на синдикатот, трудовиот...
СВР Охрид, го одбележа денот на полицијата
Post Views: 9 7 ми Mај денот на македонската полиција СВР Охрид го одбележа со низа активности. За најдобар полицаец на годината е прогласен Мите Печовски, кој беше награден со телевизор од Локалната самоуправа на Охрид. Професионалното извршување на работата и работните задачи во МВР и откривањето на повеќе кривични дела во СВР, допринесоа, денес моето име да се најде меѓу најдобрите на локално ниво вели Печовски.„Оваа награда за мене претставува чест и задоволство и еден поттик во понатамошнот работење во Министерството за внатрешни работи. Му се заблагодарувам на...
Ударните дупки, грда слика во Охрид
Post Views: 3 Лоша состојба на улицата Бекир Алириза во близина на О.У. „Братство Единство“ во Охрид. Вдлабнатина до вдлабнатина, дупка до дупка. Овие големи дупки некои ги заобиколуваат, некои го запираат возилото се чудат и размислуваат што да прават, а има и такви кои ризикувајќи да се оштетат амортизерите и тркалата поминуваат низ острите и длабоки ударни дупки. Сето тоа го отежнува сообраќајот и ја намалува неговата безбедност во тој фрекфентен дел од улицата. Луѓето ги повикуваат комуналните и сообраќајните инспектори да излезат на теренот за да ги согледаат последиците од...
Ѓурѓовден – празник на животот
Post Views: 7 Православната црква денес го празнува споменот на светиот велекомаченик Ѓеорги Победоносец. По тој повод во црквата Св. Ѓорги, Охрид утрово се служеше света божествена архиерејска литургија. Големиот црковен и народен празник посветен на Св. Ѓорги меѓу народот е познат како Ѓурѓовден. Спаѓа меѓу неподвижните празници или помеѓу празниците со постојан датум и секоја година се паѓа на 6 ти мај според новиот или на 23 април според стариот календар. Протоереј Сашо Богданоски појаснува за занчението на денот. „Св велекомаченик Ѓорги е познат меѓу народот како познат...