Автор: Николоска Биљана
Post Views: 47 Денес во хотел Даљан Охрид, домаќинките, членки на здруженијата за глуви и наглуви лица имаа можност да ги покажат своите кулинарски способности, како и да ги изразат своите вештини за креирање, декорирање и создавање на дела од храна кои потсетуваат на вистинска уметност. Благо, солено, месено, сукано, од се по нешто можеше да се забележи на работните маси во хотелската кујна, а богами и пријатната миризба на вкусно приготвените специјалитети дополнително привлекуваше. Сето тоа е во рамките на натпреварот „Жена домаќинка“ кое и годинава е во организација на хотелот Даљан....
Годинава сите охридски средни школи заедно на матурска парада
Post Views: 46По девети пат матурска парада во Охрид. Во тек се подготовките за овој традиционален настан кој матурантите и годинава ќе го изведат на градскиот плоштад. На часовите по фискултура се вежбаат последните елементи за изведба на танцот „Квадрил“ од Штраусовата опера „Лилјакот“ кој како што изјави Соња Думбалова Делова, професорката која години наназад стрпливо, професионално и напорно работи со генерациите матуранти. „Оваа година новина е тоа што се вклучени сите средни школи од градов, угостителското училиште „Ванчо Питошески“ електромашинскиот училишен центар „Св Наум...
Децата на гости во полициска станица
Post Views: 53Група деца од градинката „Јасна Ристеска“, со полициска придружба беа однесени во Езерска полиција и полициската станица за безбедност во патниот сообраќај во Охрид. А таму се запознаа со секојдневната работата и активностите на охридските полицајци. Ротационите светла и сирената од полициските возила не ги вознемири љубопитните дечиња. Тие веќе имаат познавање за дел од активностите на полицијата.„Чичко полицаец се грижи за нашата безбедност. Ги затвора лошите, а добрите ги чува. Го регулира собраќајот. Кога ќе пораснам јас ќе бидам полицаец и лошите луѓе ќе ги затворам“...
Св Еразмо – прва болница на Балканот која изведува операција на кичма со лумбален кејџ
Post Views: 135Ставање апликација на кејџ во лумбалниот, кичмен дел на човековото тело е новата метода која веќе отпочна да се применува во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“ Охрид. Следејќи ги модерните светски достигнувања во медицината нашата болница беше и останува лидер при изведување на оперативни зафати и лекување на пациенти, рече првиот човек на оваа медицинска установа д-р Митко Тилевски.„Моментално за оваа година имаме предвидено 30 пациенти во соработка со Фондот на Р. Македонија и Министерството за Здравство, планираме да го зголемиме обемот на...
Ќе се гради нов и ќе се уредува пристапот до постоечкиот инфо центар
Post Views: 42Набрзо ќе почне изградбата на новиот модерен туристички инфо центар, најавува Ѓоко Апостолов од Секторот за ТЛЕР. Проектот бил добиен од ИПА програмата со Р. Грција. Апостолов вели дека заедно со Локалната самоуправа од Охрид ќе направат напори и веќе постоечкиот инфо центар на влезот од градот да го стават во функција.„Паралелно се работи и на ставање во функција и на туристичкиот инфо центар на влезот во Охрид за кој што е предвиден и посебен сообраќаен пристап бидејќи сметаме дека сегашната локација на влезот односно пристапот не соодветствува на локацијата на тој инфо...
Инсајд ауто 15 години успешни
Post Views: 48Во еден прекрасен амбиент и пригодна атмосфера во петочното предвечерје компанијата Инсајд ауто во салонот на ул. 15 ти Корпус Охрид, го одбележа својот јубилеј, 15 години од постоењето на пазарот. По тој повод на Компанијата Лале Турс од страна на сопствениците на Инсајд ауто, семејството Митрески, им беа предадени клучевите од трите возила марка Ситроен и трите скутери. Снежана Митреска, сопственичката на авто салонот, нагласи дека соработката со клиентите во нивниот бизнис е на прво место и поради тоа цели 15 години опстојуваат на пазарот.„Овој ден за нас е многу посебен...
Стартува субвенционирањето на туристичката такса
Post Views: 47Стартува субвенционирањето на туристичката такса за охридските станоиздавачи од мал обем. Градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески и официјално ја промовира оваа долгонајавувана одлука. Денес, како што соопшти градоначалникот, објавен е и јавен оглас за пријавување на станоиздавачи кои сакаат да користат субвенции.„Како што и сами знаете на една од претходните седници на Советот на општина Охрид донесовме одлука со која што одвоивме ставка од буџетот на општина Охрид во висина од 1.800 000 денари, со цел да се субвенционира 50% од висината на туристичката такса, што...
Штитениците од метадонскиот центар Охрид добро се покажаа во уметноста
Post Views: 59„Употреба на уметноста онаму каде што е тешко да се зборува“. Денес во метатадонскиот центар во Охрид беше презентирана финалната изложба, односно примена на т.н. Социјална скулптура во работа со ранливи групи. Обуката ја водат уметници од Шведска кои имаат долгогодишно искуство и експертиза во оваа област, изјави кординаторот на проектот Јасмина Билалаовиќ. Уметниците задоволни од досега реализираните активности во рамките на проектот „Употреба на уметноста онаму каде што е тешко да се зборува.“„Целта е всушност да се помогне на ранливите категории на граѓани да им се...







