Автор: Николоска Биљана
Post Views: 196 Несреќата се случила синоќа во 21 часот на самиот влез во Струга, каде врз сега починатата удрило патничко моторно возило „Фиат пунто“ со струшки регистерски таблички управувано од 27 годишниот О.Ш, од Лабуништа. Според портпаролот на СВР Охрид, м-р Стефан Димовски причина за несреќата било неправилно преминување на улицата од регионалниот пат, од страна на починатата, во која, со левиот преден дел удрило возилото, од што таа на лице место им подлегнала на повредите. На возачот на патничкото возило одредена му е мерка притвор во траење од 15 дена. Тој возилото го управувал...
Препораки за капачите за Водици
Post Views: 171 Вкупно 8 тимови на спасители на вода од охридскиот Црвен крст, распоредени долж градското пристаниште и во спасителни чамци како и 4 нуркачки тимови ќе се грижат за безбедноста на капачите кои во вторник на 19-ти јануари ќе скокаат по Светиот Крст во водите на Охридското Езеро. Спасувачките екипи ќе бидат засилени и со 8 медицински тимови за укажување прва помош со едно амбулантско возило, помогнати со 2 медицински тима на Итната медицинска помош со две амбулантски возила.Со оглед на релативно ниската температура на водата во Охридското Езеро кај пристаништето која...
Ачик несредени плажи на струшкото крајбрежје
Post Views: 173 На прагот од летната сезона струшките плажи кои не се издадени под концесија, се несредени. Неискосена трева, расфрлано ѓубре, недоизградени објекти, е само дел од сликата која боде очи не само на мештаните на туристичка Струга, туку и на секој посетител и гостин.Од секторот за урбанизам Ресул Хани, кажа дека проблемите во врска со плажите долж струшкото крајбрежје се наследени, но влева надеж и убедува дека сепак во интерес на градот и туристичката сезона ќе се заложат за брзо време истите да се надминат. Инаку тој во брифинг за ТВМ потенцираше дека имаат формирано...
Села да прифати македонец за претседател на Совет
Post Views: 153 Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Перо Петкоски уште еднаш го повика градоначалникот на Струга Зијадин Села, да не дозволи најсилниот политички субјект да биде игнориран во општина Струга. Тој инсистира, македонец од редовите на коалицијата „Заедно за Струга“ да застане на кормилото на струшкиот Совет.„Затоа упатуваме уште еден апел до градоначалникот Зијадин Села, добро да размисли пред да го предложи повторно неговиот фаворит за претседател на Советот на Општина Струга. Претседателот на Совет природно и припаѓа на Коалицијата „Заедно за Струга“ како најбројна и најмоќна...
Средношколците од „Јахја Кемал“ ги добија дипломите
Post Views: 161 Шеесет и четири матуранти од ПСУ „Јахја Кемал“ подготвени за академски студии. Синоќа во Ц.К „Браќа Миладиновци“, во свечена пригода на учениците од генерацијата 2012-2013 им беа доделени дипломите. На сите присутни на церемонијата им се обрати директорот Исмаил Ердил, кој истакна дека учењето преставува најдобра инвестиција за иднината на еден млад човек. Тој додаде дека со овој свечен чин се заокружува четригодишното образование на една генерација на ученици, од која некои ќе се запишат на факултет, некои ќе побараат вработување, но заедничко за сите ќе останат спомените...
Доцнат „Гоцеви денови“, во Подгорци
Post Views: 222 О.У. Гоце Делчев од Подгорци не го одбележа својот патронат во средината на мај, како што тоа традиционално се практикуваше 41 година по ред. Одбележувањето на патронатот беше ставен и изгласан во прогамата за култура на минатиот совет, што како одлука треба да ја почитува и новиот градоначалник, забележува советникот на здружената коалиција „За подобра Струга“, Никола Затуроски, кој воедно изрази сомнеж дека во случувањата во Подгорци свој удел има и градоначалникот Зијадин Села. Тој пак ги отфрла обвинувањата.„Подгорци е рак рана на образованието во Струга, и сметам...
Струшкиот Совет не избра претседател
Post Views: 186 Денес, на првата седница на струшкиот Совет не беше избран претседател на ова законодавно тело. Верификационата комисија ги предложи, Јулијана Зуноска од Сојозот за Струга и Абдула Ќазимоски од ДПА, за кандидати за претседател. Но ништо од тоа, политичките партии по се изгледа не се договорија. Очигледна беше поделеноста на македонскиот и албанскиот политички блок. Од здружената коалиција не го поддржаа Ќазимоски. Од таму се произнесоа дека нема да попуштат и оти цврсто стојат на својот став, претседател на струшкиот совет да биде македонец, заради зачувување на соживотот...
Ќе се рушат дивоградбите на кејовите на Дрим-Села
Post Views: 161 Градоначалникот Зијадин Села решен е да стави крај на дивоизгрдените објекти на јавни површини во Струга. Ќе започне од двата кеја на реката Црн Дрим. Новиот струшки градоначалник открива дека веќе е објавен тендер за фирма која ќе ги урива дивоградбите. Села вели дека доколку не успее во неговата намера, тогаш без исклучок на сите граѓани ќе им дозволи да градат, тезги, кафулиња и други објекти, кој каде сака.„ Ќе биде расчистен дримот од двете страни значи сите тие објекти ќе бидат информирани сопствениците кои изградиле да ги тргнат. Засега сопствениците не се...
ВМРО – ДПМНЕ од Струга бара да нема етнички поделби
Post Views: 166 ОК на ВМРО – ДПМНЕ ги повика странските амбасадори во нашата земја, да ја посетат Струга, пред да биде избран претседател на Совет. Перо Петкоски претседателот на струшкиот огранок истакна дека на ваков чекор се одлучиле по барање од граѓаните, со цел да биде слушнат ставот и искуството на странските дипломати.„Ваши Екселенции, г – дин Волерс, Шчербак, Кристијани, Ивон, г- ца Стеинакер, Шуман и останатите. Ве покануваме, овде во Струга, додека не е избран претсесателот на Совет на општина Струга, да дојдете и да го пренесете вашиот став и искуство, како и чуството...
Турскиот конзул се сретна со градоначалникот на Струга
Post Views: 301 Струшкиот градоначалник Зијадин Села оствари средба со турскиот конзул Абдураман Бајрактар. Можностите за културна и економска соработка во фокусот на разговорите. Села смета дека има многу полиња за соработка со Турската држава но посебен акцент стави за можноста за реставрација на објектите кои датираат од среден век.„Разговаравме за можноста на реставрација на амамот на Мустафа Челеби и изградба на саат кулата и тн низа проекти што ние како општина тешко ни е да ги изведеме бидејќи во меѓувреме таму изградени некои куќи. Мислам дека со помошта на турската држава...
Се разрешуваат македонци раководители – ВМРО- ДПМНЕ
Post Views: 163 Македонците останаа без единствените две места кои им припаѓаат во Локалната самоуправа, реагираат од ОК на ВМРО – ДПМНЕ, Струга. Најновите кадровски измени кои градоначалникот Зијадин Села ги прави во Струга, со луѓе само од неговата партија, води кон тоа да целокупната одговорност за последиците од таквите постапки, ги сноси самиот тој, додаваат од таму. Претседателот на партијата Перо Петкоски, категоричен во својот став, дека доколку за одлуките кои ги донесува Општинската администрација, не бидат консултирани, истите ќе ги сметаат како нелигитимни и како такви...
Во Струга одбележан денот на победата над фашизмот
Post Views: 182 Борците од Струга ја одбележаа 68 годишнината од победата над фашизмот. Воедно го одбележаа и денот на Европа. Во Струга и денес постојат живи сведоци, учесници во НОВ, кои сеуште не ги забораваат дамарите на 4 годишната борба против германскиот окупатор и на нив се сеќаваат како да било вчера. Еден од нив е Илија Балоски. Тој вели дека денешната годишнина е посветена на еден од најславните денови во историјата на македонскиот народ и сите народи во светот.„Периодот од 1941 – 1945 и нешто пред неа беше период на огромно злосторство над народите во светот. Една одредена...