Автор: Николоска Биљана
Post Views: 8 Охридските социјалдемократи реагираат дека со вчерашното донесување на Правилникот за субвенционирање на приватните станоиздавачи, Советот донесол незаконска, нестатутарна и неделовничка одлука. Правилникот е акт што треба да го донесе градоначалникот, како извршна власт во општината, додаваат од таму. Советникот Јован Стојаноски на пресот најмногу се задржа на Предлог Одлуката за усвојување на физибилити студијата за ЈПП за изградба на затворен зелен пазар во Охрид. Советниците од СДСМ сметаат дека студијата била непрофесионално изработена и побарале од Советот...
Хуманитарна вечер под маски
Post Views: 8 Женскиот лајонс клуб „Деница“ од Охрид синоќа ја заокружи хуманитарната акција за собирање на средства за Дневниот центар за лица со посебни потреби „Зраци“. Настанот беше под мотото „Секој под маска“ и сите присутни имаа можност да ја покажат својата хуманост. Учество во оваа хуманитарна вечер имаа четирите Лајонс клубови од Охрид, ротаријанците, како и штитениците од „Зраци“, кои што беа вклучени во хуманата акција со изработка на маски кои синоќа се продаваа. Покрај донациите од клубовите, хуманитарниот фонд беше збогатен и со средствата од организираната...
ВМРО – ДПМНЕ: СДСМ оди упорно против народот
Post Views: 10 СДСМ ги наградува личностите кои биле дел од тимот на владеење, за време на т.н мрачен период за Охрид, обвинуваат од ОК на ВМРО – ДПМНЕ. Портпаролот Никола Митровиќ постави низа прашања до кандидатот за пратеник од редовите на СДСМ Томислав Тунтев: Дали Тунтев знаел за долгот на градот и што направил за да го спречи финансиското тонење на градот? Кој бил ставот на Тунтев кога во 2013 година во предизборниот период ангажирале 320 нови лица и покрај тоа што знаел дека администрацијата е пренатрупана и кога знаел дека општината и ЈП се во финансиски колапс? Митровиќ...
СДСМ: Проектите за спортот на ДПМНЕ, само мртво слово на хартија
Post Views: 8 Охридските социјалдемократи на денешната прес конференција посочија каков е односот кон спортот на новата локална власт. Според нив, градската власт, следејки ги политиките на централната извршна власт за бркање на младите од сопствената држава, ги превзела следниве конкретни чекори: згаснување на женската фудбалска екипа, Кошаркарскиот клуб „Колибри“ бил оставен на цедило без средства за котизација и превоз, Атлетскиот клуб бил оставен сам на себе, а активностите на кајакарскиот и веслачкиот клуб биле сведени на минимум. Портпаролот Александар Кузески обвини дека...
СДСМ:Скандалозна е одлуката паркинзите повторно да се дадат под концесија
Post Views: 8 Тие што со години наназад беа најголемите, најгласните и најревносните противници на издавањето на јавните паркинг простори во градот под закуп или концесија со Јавно приватно партнерство, сега тоа истото им го предлагаат на народните избраници во општинскиот совет, велат од ОО на СДСМ. Портпаролот Александар Кузески кажа дека допрва охриѓани ќе бидат принудени да плаќаат огромни судски оштети поради со сила раскинатите и поништени договори за закуп и за концесија на паркинзите.„Пред извесно време паркинзите, од сопственост на општината, со одлука на Советот...
Волкот и 7 те јариња повторно пред младите охриѓанчиња
Post Views: 5 Утре во Центарот за култура „Григор Прличев“ во 12 часот ќе се прикажува детската балетска претстава „Волкот и 7 те јарина“. Директорката, Драгана Боцеска, потсетува дека оваа претстава премиерно била изведена на крај од 2013 година, и од тогаш па досега не престанувал интересот на помладата публика за нејзино репризно прикажување. Боцеска категорична дека Центарот за култура ја негува младата популација со тоа што ја упатуваат во тајните на уметноста, посебно во балетот.„Интересно е тоа што во оваа претстава учествуваат деца од 4 до 15 годишна возраст. Вклучени се...
Македонија и Албанија да се договорат за регулација на нивото на езерската вода
Post Views: 6 Намален водостојот на Охидскот Езеро. Нивото на езерото деновиве е на 17 сантиметри над дозволената кота. Според Дејан Паноски од Билатералниот секретаријат ваквата појава за овој период од годината била вообичаена. Но сепак Паноски смета дека нивото на езерото најмногу варира како последица на искористувањето на водите од сливот на Езерото за потребите од електрична енергија на двете држави, Македонија и Албанија. „Секако дека во наредниот период ќе треба да внимаваме и на човековите активности бидејќи Охридското Езеро во најголем дел се третира за жал како...
О.У. „Григор Прличев“ го одбележа денот на пролетта
Post Views: 10 Денот на пролетта, денот на екологијата, децата од О.У. „Григор Прчичев“ го одбележаа со еко хепенинг во дворот на училиштето. Децата, покрај садењето, изведоа приредба, со пригодни песнички и рецитали за пролетта. Садењето на дрвца и цвеќиња, ликовните работилници на отворен простор и еко хепенинзите веќе прераснаа во традиција, вели Анастасија Настеска, психологот во ова основно училиште. Додава дека денешните активности се во рамките на Еколошката кампања „Македонија земја на цвеќето – земја на розите“, на Министерството за животна средина. Настеска нагласи...