Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Закажана дваесеттата седница на Совет

Post Views: 8 Дваесеттата седница на Советот на општина Охрид закажана е за вторник 11 март. На дневен ред предложени се вкупно 56 точки. Предлог одлуките за усвојување на извештаите од работењето на одделението за даноци, комунални такси, противпожарната единица, секторот за спорт млади, невладини организации, како и реализација на програмите за развој на заштита на животната средина, локалниот еконмски развој, потикнување на развој на туризмот и др, за минатата година, се меѓу првите дваесеттина точки. Исто така на усвојување се и предлог одлуките на извештаите од  работење на...

Продолжи со читање

Домашна визита за сите стари лица

Post Views: 8 „Домашна визита“ е проект на превентивни здравствени прегледи. Старите и изнемоштени лица во охридскиот регион кои што не се во можност да вршат редовни контроли и прегледи, од месец ноември минатата година во нивните домови ги посетува поливалентната служба. Имено, патронажните сестри во нивните домови, како што рече првиот човек на ЈЗУ Здравствен дом, д-р Митко Дабески, вршат прегледи како мерење крвен притисок, шеќер во крвта, хемоглобин, холестерол, а во определени случаи и ЕKГ прегледи.„Имаме еден акционен план, една динамика на посета од тие 13 патронажни...

Продолжи со читање

На кому му сметаат клупите на ул. Карпош Војвода?

Post Views: 7 Иако како што се вели, уште бојата не е исушена на клупата на ул. Карпош Војвода, таа трајно е уништена. Пред неколку месеци ЈП „Охридски Комуналец“ се обиде да го уреди дворното место пред социјалната зграда на улицата Карпош Војвода, со поставување на две клупи. Очигледно тоа на некој му смета. Наместо клупите да бидат сочувани од страна на станарите, сликата зборува сосема друго. Од неа остана само металната конструкција. {loadposition content9}  

Продолжи со читање

Митровиќ: Господo од СДСМ, критиките свртете ги кон вас

Post Views: 6 На денешната прес конференција на ОК на ВМРО – ДПМНЕ портпаролот Никола Митровиќ кажа дека сака да ги потсети, како што рече, новите гласноговорници на СДСМ на осум годишната голгота на градот. Митровиќ рече дека СДСМ го остави Охрид  во 33 милионски долг, кој ДПМНЕ се обидува да го анулира. Исто така посочи дека  ВМРО ДПМНЕ се обидува да го реши урбаниот хаос и пренатрупаната и неефикасна администрација која ја наследиле од СДСМ.„Затоа, ВМРО ДПМНЕ ја разбира вашата потреба од медиумски простор, ја разбира Вашата потреба особено на оваа помлада генерација на СДСМ да...

Продолжи со читање

25 години успешна охридска приказна

Post Views: 6 Поликлиничкиот центар Стоматологија Д-р Јолевски претставува една успешна охридска приказна. Денес со пригодна свеченост овој центар одбележа 25 годишен јубилеј. Во текот на целиот период успеавме да се промовираме како една врвна медицинска установа во Охрид, вели д-р Љубе Јолевски, сопственикот на Поликлиничкиот центар.„Денес одбележуваме 25 години од основањето на нашата стоматолошка ординација која ја основаа моите родители на 01 март 1989 година и отогаш пополека и континуирано се прошируваме. Денес ординацијата брои 8 вработени од кои 4 се доктори и 4 сестри...

Продолжи со читање

Паноски: Политичката борба е споредба на сработеното

Post Views: 5 Очекуваме реални политички теми на прес конференциите на охридските социјалдемократи, се огласија денес од ОК на ВМРО – ДПМНЕ. Дејан Паноски рече дека во предизборието нормално е СДСМ да покажат дека постојат, но барем тоа да го направат со издржани пресови.„Имено, очекувавме а и натаму очекуваме на пример да свикаат прес и да кажат како тие го раководеа Охрид во периодот 2005-2013 година, кои резултати во тоа безмалку десетлетие ги постигнаа, колку на број добри дела направија за Охрид, колку објекти од јавен интерес изградија, колкава добивка во работата на...

Продолжи со читање

Михаилов: Не може двајца, да избришат долг од 8 милиони евра

Post Views: 9 Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Атанаско Михаилов, со експресна реакција на денешниот прес на ВМРО НП.  Тој нагласи дека неколкумина луѓе во народна, мислат дека граѓаните не знаат кој 8 години управуваше со Проаква и какви штети му направи на ЈП. Проаква е едно од најзадолжените претпријатија а за тоа главни виновници се точно претходното раководство во кое што заменик директор беше потпретседателот на ВМРО – НП, додаде Михаилов.„Борбата за враќање на ЈП на нормални патеки враќањето на долговите е започната и ВМРО – ДПМНЕ и градоначалникот Бакрачески ќе направат се...

Продолжи со читање

ВМРО- НП: Колекторот да стане државно претпријатие

Post Views: 9 Колекторот да го преземе и со него да управува државата. Ова на охридската владеачка гарнитура и го предложија од  ВМРО – НП. Претседателот на партијата Ванчо Костоски, смета дека двете општини, Охрид и Струга, не можат да се справат со големиот долг кој го има МЈП Проаква Р. Е.Колектор по основ на потрошена електрична енергија. Додаде дека ретките  природни богатства, како што е тоа Охридското Езеро признато на светско ниво, треба да биде на повисоко ниво, односно државата целосно да си ја преземе одговорноста околу неговата заштита.„Така што ние ова како идеја го...

Продолжи со читање