Автор: Николоска Биљана
Post Views: 43Како што ТВМ неодамна информираше, пристапот до реномираната Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“, Охрид, е комплициран за пациентите кои доаѓаат од другите градови, бидејќи нема ниту една сообраќајна ознака која ќе ве одведе таму. Исто така пристапниот пат до таму е изрешетан со ударни дупки, а во ноќните часови лесно може овој комплекс да го одминете затоа што не е осветлен. градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески со оптимистички најави во врска со ова.„Ние сме во постојана комуникација со Агенцијата за патишта и постојано ги известуваме и ги...
Наместо зеленило, смет
Post Views: 53Наместо уредено зеленило, купишта смет расфрлан насекаде. Ваква е секојдневната слика на дел од ул. Карпош Војвода, каде што до израз очигледно доаѓа негрижата на станарите од околните станбени комплекси во тој дел. Наместо во садовите предвидени за комунален смет, едни ѓубрето го фрлаат од терасите а други пак следејќи го лошиот пример само го оставаат преку оградата. Покрај комунален отпад на тоа место не ретко се одлага и градежен шут, па оттука совесните граѓани ги повикуваат надлежните инспекциски служби да излезат од канцалариите, бидејќи сметаат дека во делови од...
Брошура – Отчет на досега сработеното
Post Views: 51Презентирана отчетот на градоначалникот Никола Бакрачески. 72 наслови и 100 активности на 50 страни, содржи печатеното издание на отчетот за дел од активностите и дел од реализираните проекти на градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески, во периодот април-декември 2013 година. Во отчетот се нотирани деловите од функционирањето на Локалната Самоуправа кои се значајни за инфраструктурните, организациските и јавните дејности во општината кои согласно законските дејности ги извршува Локалната самоуправа, истакна првиот човек на општина Охрид Никола...
Ванковска: Споро е темпото за собирање потписи
Post Views: 54Темпото со кое оди собирањето потписи за кандидатура за претседател е споро. Засега единствената кандидатка за функцијата претседател, припадничка на понежниот пол, Проф. Билјана Ванковска вели дека спорото темпо не ја изненадува затоа што зад неа не стоела никаква организација и се е оставено на самоиницијативноста на граѓаните. Таа додава: „Немам автобуси кои би ги носела своите поддржувачи“. По првите денови на гужва и непристојна агитација од членови на одредени партии, состојбата деновиве била посмирена. Граѓаните во попристојна демократска атмосфера одат да го остават...
Асфалт ќе легне на улиците во Косел, Вапила и Сирула
Post Views: 58Денеска отпочна асфалтирањето на уличките во Косел. Тоа е реализација на еден од двата проекти со кои Локалната самоуправа, на оглас од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој, аплицираше кон крајот на месец мај минатата година. Првиот човек на општина Охрид, д-р Никола Бакрачески се пофали дека програмите се покажале како издржани и точно поради тоа и двете биле прифатени од Агенцијата. „Ова асвфалтирање ќе заземе 8 краци во село Косел со вкупна должина од 1000 метри на површина на 3000 метри квадрати. Рок на изведување на работите е еден...
Под клуч ресторанот на охридските гробишта
Post Views: 54Ресторанот кој работи во склоп на охридските гробишта под клуч. Влага, мувлосани и напукнати зидови, пајажини, неподнослива реа во делот каде што се готви, неиспрани завеси, дотраена и излупена дограма и што уште не, се е дел од амбиентот кој не иполнува минимум услови за извршување на дејноста за која е наменет, а цели 11 години е во владение на фирмата Ивире, вели првиот човек на ЈП Градски гробишта Зоран Симоноски. Тој додава дека договорот со досегашниот корисник, завршил на 27 јануари оваа година и истиот не е продолжен, од причина што затекнале катастрофално лоша...
ВМРО – ДПМНЕ: СДСМ да не ја заморува јавноста
Post Views: 46СДСМ ја заморува јавноста со пресовите на кои ги објаснуваат активностите и заложбите на ВМРО – ДПМНЕ во Охрид, обвинуваат од владејачката партија. Наспроти тоа, на јавноста добро и е познато кој работи, истакна гласноговорникот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Митровиќ. Тој на охридските социјалдемократи им порача, доколку сакаат да разговараат во интерес на граѓаните на Охрид, да се изјаснат за економските потези на Владата на ВМРО – ДПМНЕ.„Нека нека се изјасни дали зголемувањето на платите на вработените е за нив добар економски потег и во интерес на сите граѓани вклучувајќи...
Месец на дијабет во Дарон
Post Views: 52Месец на дијабет во Дарон. Трета година по ред Лајонс Клубот од Охрид, ПЗУ „Дарон“ и Здружението на дијабетичари, организираат хуманитарната акција за проверка на тримесечниот шекер во крвта. 300 пациенти ќе можат бесплатно да го тестираат шекерот вели д-р Костантин Георгиески од ПЗУ „Дарон“. „Пациентите по претходно добиен ваучер од своите матични лекари или од Здружението на дијабетичари можат да добијат тестерање на гликозиран хемоглобин HB1C . Сите пациенти кои што се заинтересирани да земат учество во оваа акција, да се обратат кај својот матичен лекар за да собијат...







