Автор: Николоска Биљана
Post Views: 9 Надлежните иако најавија дека експресно ќе бидат санирани уништените препреки камерата на ТВМ денес регистрира само еден камен поставен во лежиштето на едно од столбчињата на Туристичка. Како што ТВМ пред една недела поточно на 5 ти февруари информираше, на дел од пешачките острови на двата најфрекфентни булевари дел од столбчињата се откорнати. Таквата состојба ја злоупотребуваат возачите, посебно таксистите и често преку тие острови недозволено преминуваат од едната на другата страна на улицата, со што ја загрозуваат безбедноста на учесниците ов сообраќајот. Од...
Состојбата со грипот во Охрид, стабилна
Post Views: 8 Состојбата со грипот во Охрид, стабилна. Од почетокот на сезоната, бројот на заболени од грип е во благ пораст, но, бројките не се разликуваат драстично од истиот период од минатата година. Според информациите од епидемиологот д-р Јованка Стурлакова Коровешоска, во првите две недели биле регистрирани 18 заболени, третата недела започнала да расте бројката за да стигне до 104 претходната и 110 последнава недела.Имунизацијата на охриѓани со вакцини против грип и тоа како има влијание врз бројката на заболени. Според Стурлакова досега немало пријавено заболен од грип...
Тунтев откри дел од темите за идните пресови на СДСМ
Post Views: 9 Како што кажа Тунтев прес ќе одржеле следнава недела за ветените а нереализирани проекти односно она што било ветено во програма ВМРО- ДПМНЕ за Локалните избори затоа што не добиле отчет од градоначалникот што било срботено во 2013 година. Тунтев како тема го посочи и односот на ДПМНЕ кон културата во градот потенцирајќи дека охридскиот народен театар не одржал претстава 6 месеци. Еден од следните пресови СДСМ ќе го закаже на локлитетот Плаошник за како што кажа Тунтев јавноста да види дека бетонските чудовишта биле повисоки од црквата. „Каде е извештајот...
СДСМ: Студенчишкото блато наместо да се заштити ќе се урбанизира
Post Views: 4 Развојно туристичка зона и урбанизација на Студенчишкото блато, наместо реализација на проектот „Заштити го блатото сочувај го златото“, предупредуваат охридските социјал демократи. Портпаролот на ОО на СДСМ Александар Кузески истакна дека ништо од она, што било усвоено и потврдено од релевантните лица и институции, за Студенчишкото блато не важело. Важеле инструкциите, добиени од власта на ДПМНЕ, според кои локалната самоуправа треба да изврши ревизија на зоната на строга заштита.„Сега дознаваме дека студијата не важи, дека одлуката на охридските советници од пред...
Oдбележан роденденот на А ден Долард
Post Views: 8 Културно-информативниот центар „Култура 365“ денеска трета година по ред го одбележа роденденот на холандскиот новинар, писател, патеписец и вљубеник во Охрид и Македонија А. ден Долард. За неговиот животен пат и она што го оставил зад себе пред присутните зборуваше писателот Мишо Јузмески. Тој истакна дека Долард е истакнат по тоа што повеќе децении од својот живот потрошил работејќи на промоцијата на Охрид и Македонија меѓу холанѓаните.„Неговата активност или поточно кажано Охрид и Македонија како тема во неговото пишување се присутни од триесеттите години на...
Одложен семестар на студентите од ФТУ
Post Views: 10 Дефект во системот за топловодно греење ги одложи предавањата на студентите на ФТУ Охрид до 14 февруари. Деканот на факултетот проф Сашо Коруноски признава дека во неколку наврати овој систем откажувал. Проблемот според него настанал поради претходно несоодветно изведени интервенции врз него, бидејќи овој систем бил заеднички и на факултетот и на средното угостителско училиште.„Решението беше врз основа на предлозите беше направен технички елаборат за делење на системите и сега се интервенира на тој дел. Тоа е еден пообемен зафат кој што значи неможност за...
ОУ “Григор Прличев” го одбележа патронатот
Post Views: 6 ОУ “Григор Прличев” со низа активности, меѓу кои и синоќешната свечена приредба, го одбележа патрониот празник во слава на преродбеникот и поетот од крајот на 19-ти век Григор Прличев. Синоќа во преполнетата сала на НУ Центар за култура “Григор Прличев“ се одржа свечената приредба на основците од училиштето чиј патрон е големиот поет. Подготовките за приредбата, која што беше круна на дводневното чествување на делото на Прличев, траеле два месеци, изјави директорката на училиштето Силвија Мојсоска. „Ние веќе два месеци наназад ги правиме плановите за...
Охрид ќе субвенционира евтини авио летови
Post Views: 8 Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески најави дека наредната недела треба да биде објавен тендер за субвенционирани авио летови од Охридскиот аеродром Св Апостол Павле. Станува збор за проект кој градските власти долго време го најавуваат. Тоа за почеток се однесува за летовите до Северна Италија, Цирих, Виена и Љубљана.„Доколку добиеме зелено светло од антикорупциска комисија со оглед на тоа што сега влегуваме во еден изборен период и доколку добиеме зелено светло во текот на наредната недела ќе објавиме тендер за субвенционирање на летови. Се надевам дека...