Автор: Николоска Биљана
Post Views: 10 Нов повик за волонтери. Мировниот корпус како владина американска агенција денес во Охрид одржа презентација со која на сите наставници, заинтересирани училишта, НВО и околните општини им понуди можност да дознаат како треба да аплицираат за волонтер. Линдита Реџепи која во Мировниот корпус е ангажирана како асистент за програма и обука ги појасни програмите по кои што делуваат волонтерите, односно Американците кои во Македонија доаѓаат на волонтерска основа.„Мировен корпус во Р. Македонија има две програми едната програма е за развој и унапредување на наставата по...
Советниците од опозицијата се сретнаа со Бакрачески
Post Views: 23 Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески денес остварил средба со советниците од опозицијата. На средбата како што кажа градоначалникот биле изложени гледиштата и размислувањата за она што се случува во организацискиот дел и менаџирањето со општинската администрација и општинските јавни претпријатија. Опозицијата смета дека има селективност во поглед на спроведување на некои кадровски решенија во општинската администрација и јавните претпријатија како и селективност во поглед на организација на работата во општинската зграда во Косел, рече Бакрачески....
Уништени столбчиња на Туристичка и Железничка
Post Views: 6 Дел од столбчињата на бул. Туристичка и бул. Железничка се уништени. Тоа го злоупотребуваат дел од охридските таксисти. Речиси секое утро или во вечерните часови охридските таксисти преминуваат преку пешачките острови од една на друга страна на бул Туристичка.Ваквата појава ја загрозува безбедноста на учесниците во сообраќајот. Од Локалната самоуправа веќе се запознати со проблемот. Портпаролот Томе Џамтоски вели дека сообраќајната полиција треба да преземе мерки за прекршителите на сообраќаните правила во тој дел. Додека пак она што е во надлежност на Секторот за...
Излезе брошурата Инвестирај во Охрид
Post Views: 6 Официјална промоција на брошурата „Инвестирај во Охрид“. Преку оваа брошура домашните и странски инвеститори добиваат можност на едно место да добијат брз и ефикасен преглед на потенцијалните можности за инвестирање во општина Охрид, на локалитетите, на индустриските капацитети, како и на плановите и развојните стратегии на општина Охрид, изјави градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески.„Можам да кажам дека сум презадоволен од она што го постигнавме во изминатиот период во насока на изработка на оваа брошура и мислам дека сме единствената општина во Р. Македонија...
Отворени денови на катастар во Охрид
Post Views: 6 Агенцијата за катастар на недвижности и годинава продолжува со своите активности во рамките на веќе започнатата акција „Отворено со катастар“. Директорот на Агенцијата за катастар Славче Трпески на 05 и 06 февруари од 09 до 16 часот, заедно со тим од стручни лица од Секторот за внатрешна контрола ќе биде во посета на Охрид и Струга во своите подрачни единици. Според неговата агенда, директорот Трпески ќе одржи работен состанок со сите раководни лица на подрачните одделенија на тема дигитализација на катастарските општини и нивната важност. Исто така од Агенцијата за...
Поправен семафорот на Туристичка
Post Views: 5 Утрово откорнат семафор висеше на раскрсницата кај Охридска банка. Екипите на ЈП НИСКОГРАДБА Охрид по кратко време го наместија семафорот. Екипата на ТВМ забележа дека вертикалната сигнализација на пресекот на бул. Туристичка и ул Македонски просветители наместо да им помага на учесниците во сообраќајот истата ги збунува. За среќа паднатиот семафор не повредил никој од пешаците, кои чекаат да поминат улица во тој дел на пешачкиот премин. {loadposition content9}
Калфите се враќаат во дуќаните
Post Views: 8 Голем чекор за занаетчиството, калфите, односно чираците се враќаат во дуќаните. Претседателот на регионалната занаетчиска комора Сашо Богоевски, вели дека задоволни се што Министерството за економија покажа разбирање и направи напори, нивните барања да ги стави во законска рамка. „За прв пат во последниве 20 години во законот се вметнати и калфи. Она што ние упорно го баравме, ајде да кажам една од моите големи заслуги тука и успеавме калфите да ги вметниме во законот, јас барав три години калфите да учат занает, предлогот на Министерството за економија во новиот...
Две нови мерки за наплата на сметки
Post Views: 9 ЈП НИСКОГРАДБА Охрид воведува две новини во начинот на наплата на сметки кои важат само за физичките лица. Почнувајќи од денес па се до крај на месец февруари граѓаните ќе можат својот заостанат долг кон ЈП да го плаќаат на рати. „Физичките лица кои што имаат неплатен долг му даваме можност за тој долг да склучиме договор тука во ЈП и долгот го плаќаат на 3, 6, 9 и 12 рати. Со што сакаме да потенцираме дека се трудиме она што го имаме како побарување да го наплатиме и му излегуваме во пресрет на граѓаните во Охрид. Втората услуга и таа се однесува на физичките...