Автор: Николоска Биљана
Post Views: 6 Денес во Струга беше промовирана новата ИПА програма за прекугранична соработка помеѓу Р. Македонија и Р Албанија 2014-2020. Оваа програма во суштина е продолжување на претходната ИПА програма а целта е да се стимулира повеќе избалансиран, инклузивен и одржлив социо-економски развој на прекуграничната област. Министерот за Локална Самоуправа Лирим Шабани, вели дека досега со вакви проекти се постигнала успешна соработка помеѓу двете земји, бидејќи биле реализирани 50 проекти во вредност од над 7 милиони евра. Тој воедно ги охрабрува сите субјекти од двете страни...
Села: ДУИ да излезе од владата за да се стави крај на политичката криза
Post Views: 5 За да се стави крај на политичката криза во земјава потребно е ДУИ да излезе од владата. Ова денеска го изјави градоначалникот на Струга и претседател на ДПА, Зијадин Села.„Мислам дека ДУИ треба да излезе од владата, со тоа ќе се најде и политичко решение, спокојство кај граѓаните и стабилизација на ситуацијата во Македонија. Ако ДУИ излезе од Валда се знае дека ќе има техничка влада, нели за тоа цело време се зборува и треба да се најде некое решение“ – вели Села.Според него скандалот со прислушкувањето лошо се одразува врз државата и животот на граѓаните без...
Нарушена границата меѓу езерото и тлото во Струга
Post Views: 4 Нарушена границата помеѓу езерото и тлото. Урбанизацијата на езерскиот брег од струшката страна на Охридското Езеро ништо не е подобра од онаа на охридскиот појас тврдат струшките екологисти. Берат Села претседателот на ЕД „Натура кажува дека поради се позачестената изградба на градежни објекти во крајбрежниот појас, на потегот од Женска плажа до Калишта, направиле траса која претставува гранична линија помеѓу езерото и тлото и според нивните укажувања истата не треба да се поминува. „Ние имавме едно такво лошо искуство ние бевме и против концесиите што ги издаде...
Во Југозападниот регион најбројни се микро претпријатијата
Post Views: 3 99% микро претпријатија во кои се вработени не повеќе од 10 вработени се најбројни во Југозападниот плански регион, изјави раководителот на Центарот за развој на ЈПР Мирјана Лозаноска. Таа нагласи дека се организираат работилници со цел преку проектните активности да се дадат насоки на приватниот сектор за зголемување на економската ефикасност, а со самото тоа да се привлечат нови домашни и странски инвестиции, да се креираат и нови работни места како и да се подобри животниот стандард на луѓето.„Тоа ќе го направиме преку неколку клучни активности, денес ќе...
И струшките средношколци кажаа „не “ за лошите реформи во образованието
Post Views: 6 Струшките средношколци од сите етникуми денес се приклучија на протесниот марш против екстерно и математика како трет задолжителен предмет од државната матура. Стотина ученици од двете гимназии во Струга „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“ го кажаа своето „не“ за лошите реформи, и со кренати транспаренти извикувајќи „Доста беше молк“, „Не за математика“, „Ние сме иднината“, продефилираа од чаршискиот мост по двата кеја на реката Црн Дрим, и низ струшката чаршија.„Бараме да не е задолжена математика, односно бараме да се воведе стариот начин на полагање на матурата, бараме...
Корупцијата во Македонија на петто место
Post Views: 5 Македонците ја препознаваат корупцијата дури и во посложени форми но не се решаваат да ја пријават. Граѓаните се сретнале со корупција во работата на локалните власти, лекарите, полицијата. Но сепак корупцијата во земјата не е на врвот на листат проблеми со кои се соочуваат граѓаните. Ова го покажува извештајот за проценка на корупцијата во Република Македонија изработен од МЦМС. „Извештајот покажува дека корупцијата македонските граѓани ја сместуваат на петтото место како клучни проблеми со кој се соочува државата, после сиромаштијата невработеноста, ниските...
Старата училишна зграда во Вевчани ќе прерасне во Музеј
Post Views: 12 Старата училишна зграда во Вевчани, изградена во далечната 1949 годна, ќе се реконструира и преадаптира. Многу вевчанци растурени насекаде низ светот биле заинтересирани за таа некогаш велелепна градба изградена од вевчанци со свои средства и доброволна работна рака, која ги потсетувала на незаборавните школски денови, вели градоначалникот Цветомир Угриноски. Тој кажа дека целиот проект за старата училишна зграда бил комплетиран, како инвестиција кошта 650 000 евра и веќе почнале да работат, а се надеваат дека тука и Владата ќи им излезе во пресрет .„Ќе ни помогне...
Зимско село и ски центар на Јабланица во Вевчани
Post Views: 9 Зимско село и ски центар на планината Јабланица ќе никне во месноста викана „Јанков Камен“ во Вевчани. Градоначалникот Цветомир Угриноски годинава очекува Владата на Р Македонија да даде зелено светло за изработка на мастер план за ски центарот кој го изработува француска фирма. Како што нагласи Угриноски, физибилити студијата покажала одлична подлога изградба на преку 30 скијачки патеки на само 3,5 километри од селото каде ќе можат да скијат околу 4 500 луѓе.„Поволно е што таму има езеро и многу извори така да и кога нема снег во мај и октомври може да се прави...