Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Одделението за уво, грло и нос доби нова опрема

Post Views: 11 Охридската општа болница доби опрема од австралиско – македонското друштво на лекари. Се работи за современ уред за полесно дијагностицирање на болестите на уво, нос и грло, а исто така и прегледите со помош на новата опрема треба да бидат побезболни, како што изјави др Ленка Беде. Таа појасни дека со новата опрема болницата оди чекор понапред и ги следи современите светски трендови во медицината.„Добивме еден софицистиран уред бинокуларна конвергентна оптика со која може многу прецизно да дијагностицираме, а исто така и да го опсервираме лекувањето после...

Продолжи со читање

Се чисти Охридското Кале

Post Views: 9 Се отстрануваат сувите дрвја, бршлени и трња низ шумскиот дел на охридското Кале. Се чисти на два потега, на делот од вториот чинар до Горна Порта и од Горна Порта до амбулантата Воска, информираат од ЈП „Охридски Комуналец“. Дел од активностите се редовни, додека дел се спроведувааит по налог на Фондот за Комунален развој и се во соработка од Локалната самоуправа, вели Стефан Маслов – координатор на проекти од јавна хигиена во ЈП. Додава дека со оваа голема акција на пешаците ќе им биде овозможено непречено движење по патиштата а исто така и на возилата.„Охрид...

Продолжи со читање

Доделени наградите за најубав двор или тераса

Post Views: 14 Денес општина Охрид на трите семејства кои учествуваа на конкурсот за „Најубаво украсен новогодишен двор или тераса“ им ги додели наградите. Добитници се Иванка Гигер прва награда, Ристо Димоски втора и Фанија Станкоска трета награда. Секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, истакна дека оваа активност на Локалната како дел од програмата за одбележување на Нова Година, побудила голем интерес кај охриѓани. Додаде дека тоа е доказ оти сите сограѓани сакаат Охрид за време на празниците да биде запаметен како прекрасно украсен град.„Јас ќе ја искористам приликата...

Продолжи со читање

Јоксимовиќ за Водици во Охрид

Post Views: 6 Јануари – месец богат со празници и славења. Охриѓани во очекување на големиот христијански празник Водици, кој од година во година се по масовно се одбележува во нашиот град. ТВМ неофицијално дознава дека годинава атмосферата пред празникот ќе ја загрее познатиот српски пејач Жељко Јоксимовиќ, кој со свој концерт ќе настапи на 17ти јануари во спортско рекреативниот центар Билјанини Извори. Сите љубители на неговата музика ќе можат да уживаат во познатите рефрени.  

Продолжи со читање

Божиќна честитка од градоначалникот Бакрачески

Post Views: 3 Рождеството Христово го означува најзначајниот миг во човековата историја, симболизирајќи ги новите вредности, мирот, човекољубието, толеранцијата и милосрдието. Ова е празник на љубовта, блискоста, добрината и почитувањето помеѓу луѓето. Божиќ претставува возвишување на семејните вредности и разбирањето. Овој празник не потсетува на суштината на христијанското учење, да бидеме скромни, чесни и правични, да ја исполуваме Христовата мисија и бидеме достојни верници исполнети со духовна  хармонија, мир, разбирање и солидарност. Честитајќи го Рождеството Христово,...

Продолжи со читање

Успешна година за охрдскиот катастар

Post Views: 3 Одделението за катастар на недвижности Охрид, минатата година бележи голем успех во својата работа. Од таму информираат дека во насока на одржување на постојана комуникација со сограѓаните, непосреден пристап и транспарентност во работењето успеале да ги решат сите предмети кои биле доствени до нив, односно над 51 000. Раководителот на одделението Ана Димитрова зборуваше за новините кои се предвидени да се реализират во 2014 год.„Во претстојниот период на ниво на Република Македонија, меѓу другото предвидено е уште во Јануар месец пуштањето во употреба и на новиот...

Продолжи со читање

Настоски во домот на Мона

Post Views: 12 Љупчо Настоски и годинава за Божиќните празници во домот на Симона Јовеска. Охридскиот советник, не ја заборави малечката Мона, која што сеуште за жал живее во светот на темнината. Но новина е тоа што Мона веќе излегува од својот дом и научила многу работи во Дневниот Центар „Доброљубие“, каде што се образува.„Еден, сва три четири, десет. Брзај, брзај прваче кон школскиот двор, те чека учителка со мајчински збор“.Малечката Мона ја чуствуваме како дел од нашето семејство, вели Настоски. Тој раскажа дека посебно бил трогнат кога Мона на 27 декември минатата година го...

Продолжи со читање

Тажен и непосакуван крај на потрагата по 14 годишната Маја Блажеска од Лешани

Post Views: 11 Тажен и најнепосакуван крај на потрагата по 14 годишната Маја Блажеска од Лешани. СВР денес и официјално потврди дека мртвото женско тело кое беше пронајдено во текот на вчерашниот ден во месноста Натнасер бачила во атарот на Велмеј е на Маја. Обдукцијата покажала дека на телото немало траги на насилство, изјави портпаролот Стефан Димоски.„Од досегашните информации со кои што располагаме од обдукцискиот наод најверојатно причината е хипотермија односно губење на телесната топлина како резултат на подолготрајна изложеност на екстремно ниски температурри кои што...

Продолжи со читање