Автор: Николоска Биљана
Post Views: 41На денешната 16 седница на Совет градоначалникот Никола Бакрачески кажа дека на барање на граѓаните донеле предлог измени во одлуката за воведување автобуски линиски превоз, односно после подолго време одлучиле да се воспостави линиски превоз на ниво на општина Охрид. Исто така градоначалникот Бакрачески ги зарадува и такси превозниците, бидејќи на барање на здружението на такси превозниците цената за добивање на лиценца од 40 000 денари намалена е на 10 000 денари. Новата атракција на плоштадот монтажното лизгалиште се најде и во дискусиите на денешната седница. Советикот од...
Вевчани се подготвува за карневал
Post Views: 46Вевчани се подготвува за карневал. Многу забава, интересни содржини за сите од најмладо до најстаро, ветуваат организаторите на карневалот. Престојниот безграничен театар под маски, кој традиционално се одржува за Стара Нова година и празникот Василица, ќе биде во една беспрекорна организација и сосема поинаква од изминатите години, ветува првиот човек на општина Вевчани, Цветомир Угриноски. „Карневалот ќе трае повеќе и започнува на 10 и ќе трае до 14 јануари 2014. гостите ќе бидат дочекани од насделението сите капацитети ќе бидат отворени,а подготвени ќе бидат и вевчанските...
Учениците од Братство изработија новогодишни честитки
Post Views: 51Pаботилница за рачна изработка на честитки по повод претстојните новогодишни празници во О.У. „Братство Единство“. Во пријатна атмосфера поткрепена со искрено дружење помеѓу учесниците на оваа работилница беа изготвени најразновидни новогодишни честитки. Карактеристично за овие честитки е тоа што тие се единствени и неповторливи, бидејќи секоја една честитка е лична креација на секој учесник одделно, вели педагогот Дрита Ќато. Додава дека со тоа децата покажаа дека постои меѓуетничка интеграција во образованието, „Токму денес ова што се случува во училиштето е една...
ОО на СДСМ Дебрца, го промовираше Центарот за комуникации
Post Views: 50ОО на СДСМ Дебрца, го промовираше Центарот за комуникации, преку кој во иднина ќе ја информира јавноста за сите партиски активности. Портпаролот Ангел Секулоски на првиот прес се задржа на забелешките кои ги имаат кон актуелното раководство на ВМРО – ДПМНЕ на Дебрца, предводено од градоначалникот Игор Трајковски. Според него владеачкиот режим на Трајкоски претставува чин на грубо кршење на основните човекови слободи и права, политичка дискриминација и реваншизам. Како пример за тоа ја наведе состојбата на претседателот на ОО на СДСМ раководен државен службеник во Локалната...
Откриени проблеми во социјалната зграда – можно е некој да остане без станарското право
Post Views: 53Будно се следи состојбата во социјалната зграда на ул „Карпош Војвода“. Таму постојат проблеми од различна природа, за која треба да се ангажираат сите релевантни служби почнувајќи од МВР на Р. Македонија, Центарот за социјални работи, па и Агенцијата за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, вели првиот човек на Агенцијата, Цветко Грозданов. Алармот за примена на радикални мерки е вклучен додава тој. „Мислам дека имаме тенденција на изнаоѓање на два или три такви станови кои што сметам дека во периодот кој што следи ќе бидат раскинати договорите на овие две...
Започна трката за најубаво украсен двор
Post Views: 64Почнува трката за најубаво украсен двор, балкон, куќа за новогодишните и божиќните празници. После една година пауза општина Охрид ја продолжува оваа традицијата. Според Томе Џамтоски портпаролот на општина Охрид, годинава направена била мала измена, со тоа што право на учество на повикот за избор на најубаво украсен новогодишен имот ќе имаат исклучиво само граѓаните.„ За оваа година конкурсот ќе гласи „Најдобро украсен двор или балкон, значи објектот во кој живеат оној што ќе аплицира за оваа награда. Апликациите можат да се достават во архивата на општина Охрид со назнака...
Како до заштеда на електрична енергија?
Post Views: 51Проблематиката поврзана со енергетиката, една од главните цели во работата на Македонскиот центар за енергетска ефикасност (МАЦЕФ). Проекниот лидер на НВО на МАЦЕФ Јасминка Димитрова Капац, го истакна значењето на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија како важни економски параметри во Југозападниот плански регион на Македонија и регионот Корча во Р. Албанија. Според Капац, граѓаните однапред треба да размислуваат како може да се намали сметката на потрошена електрична, топлинска енергија или горивото во возилото, а не во моментот кога ќе дојдат високите...
Од визија до акција
Post Views: 48Од визија до акција. Од соседна Албанија Поградец започна иницијативата за воспоставување на пограничен биосферн резерват во охридско-преспанскиот регион. На албанскиот дел од охридското крајбрежје пограничните градови се соочуваат со два посериозни проблеми, изградбата на патот на брегот на езерото и ископувањата од рудниците кои имаат негативни влијанија на езерскиот брег. Заменик министерот за животна средина од Албанија Дијана Бејко, рече дека проблемите навистина се присутни и ресорното министерство утврдило дека има непочитување на Законот за заштита на еко системот и...







