Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Познати имињата на кандидатите за Св Климентовата награда

Post Views: 14 Обелоденети имињата на кандидатите за најпрестижната општинска награда Св Климент Охридски патрон на градот. Димче Јанко –копаничар, Димитар Масевски –композитор, ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ Охрид, Спец. д-р. Никола Михајло Филев – вработен во детското одделение при ЈЗУ Општа болница Охрид, Петар Голабоски од Здруженето на граѓани „Аикидо Клуб Буџин“ Охрид, Проф. Александар Радиќ – Леко, Проф. д-р. Павле Митревски – творец од областа на науката,културата и образованието, Тоде Илиевски – филолог за животно дело во областа на книжевноста, енигматика и...

Продолжи со читање

Со 8 илјади садници ќе се пошуми Охрид

Post Views: 11 Градоначалникот Никола Бакрачески, првите луѓе на охридските универзитети, претставници од Локалната самоуправа, од денес ја започнаа промотивната кампања на акцијата „Ден на дрвото-засадија својата иднина“. На потегот кај Холандскиот парк беа засадени првите десеттина палми од предвидените 70 кои треба да го красат централното градско подрачје. Првиот човек на градот ги повика охриѓани масовно да земат учество во акцијата  и укажа на придобивките од пошумувањето за здравјето на луѓето, животните и целиот биосвет.„Ние како општина Охрид од денес активно се...

Продолжи со читање

„Сирма Војвода“ се дави во кал

Post Views: 7 Со гумени чизми, најлонски кеси на нозете, испокршени коли, зимно време кал и вирови, летно време прашина, вака години наназад  живеат жителите на дел од улицата Сирма Војвада. Тие велат  дека по ваква улица цела со дупки минуваат секојдневно одејќи на работа, училиште и до болница. Бараат општината да се нафати и да ја асфалтира улицата и потесните улички кои водат до нивните домови. Цветан Андоновски крајно е револтиран од според него неодговорниот однос на надлежните институции за асфалтирање на патиштата. Тој е повратник од Германија и нагласи дека за 40 години...

Продолжи со читање

Локално економско-социјален совет и во Охрид?

Post Views: 27 Ќе се потикнува вработувањето на младите луѓе во Охрид, преку формирање на Локален економско-социјален совет. Денес во општината, во организација на ССМ и Фондацијата Фридрих Еберт се одржа трибина посветена на потребите и предизвиците кои се наметнуваат за креирање на Локални економско – социјални совети. Станува збор за тела кои се од советодавно консултативен карактер во чија што работа ќе учествуваат синдикатите, работодавачите како и претставници на Локалната Самоуправа. Како што изјави првиот човек на ССМ д-р Живко Митревски овие тела ќе бидат насочени...

Продолжи со читање

Падна дрво врз кола во Косел

Post Views: 13 Во центарот на охридското село Косел падна чинар врз возило марка Мерцедес. Возилото е речиси уништено. Искршените стакла од возилото и деловите од распуканите гранки од стеблото на чинарот сеуште не беа отстранети од местото каде се случи овој немил настан. Од сопственикот на возилото дознавме дека чинарот паднал вчера некаде околу 21 часот. Случајот бил пријавен во СВР Охрид. Направен бил увид и записник од страна на крим техника. Сопственикот најави дека ќе бара надомест на штета од Локалната самоуправа, бидејќи чинарот се наоѓал на јавна површина во сопственост...

Продолжи со читање

Кукли за болните деца

Post Views: 7 Во малите раце е магијата за оздравување на болните другарчиња. Караванот „Прегратка на дар“ и годинава пристигна во Охрид. Овој пат го посети клонот „Билјана“, на детската градинка Јасна Ристеска. Малите вешти рачиња на децата од оваа градинка од длабочината на свото детското срце изработија кукли, со желби за оздравување на своите болни другарчиња. Денес нивните  мали ремек дела ги предадоа на организаторите на овој проект, претставниците на Прегратка на дар, со што се приклучија кон големата акција која што се спреведува за новогодишните празници.„Децата од...

Продолжи со читање

Мал процент од македонките прават ПАП тест

Post Views: 12 Македонско – канадско искуство од областа на онко гинекологијата. Со цел подигнување на свесноста за превенција од рак на грлото на матката, врвен експерт од Канада, одржа предавање пред охридските доктори за значењето на раното откривање на овој тип заболување кај жената. Македонија се соочува со слаба покриеност на женската популација за ПАП тестовите, што како податок го изнесе д-р Лори Елит онколошки гинеколог од Канада.   „Како што дознав значи од официјални извори е дека покриеноста на оние жени кои што треба да направат ПАП е само 15 %, зошто, затоа...

Продолжи со читање

Охрид речиси полн за најлудата ноќ

Post Views: 4 Охридските хотели активно се подготвуваат да бидат добри домаќини за пречек на гостите кои решиле новогодишните празници да ги поминат во најатрактивниот туристички центар во земјава. Дел од нив имаат добар мотив за тоа, како што ни изјавија одговорните за продажба во дел од хотелите – постои голем интерес од страна на странските гости за пакет аранжманите кои им се понудени за време на новогодишните празници.  „До сега имаме склучено договори со нашите партнери кои се наши долгогодишни соработници и се работи за партнери од Бугарија, Србија и за изненадување...

Продолжи со читање