Автор: Николоска Биљана
Post Views: 50Намалување на трошоците за одведување на отпад, предлагаат од ВМРО – НП. Денес на прес конференција оваа политичка партија предложи пилот проект за селектирање на отпад во домаќинствата. Како што кажа претседателот на охридскиот огранок на партијата, Ванчо Костоски, целта е да се намалат расходите на ЈП „Охридски Комуналец“ кое дневно прави огромни трошоци по основ километража на камионите кои секојдневно депонираат отпад на депонијата Буково.„Значи еден камион да појде до Буково и назад е пеесетина километри а денот имаме десетина до дванаесет такви камиони кои што...
Улицата Јордан Мијалков во најава за изградба во 2014
Post Views: 70Изградбата на новопроектираната улица „Јордан Мијалков“ кај локалитетот Бејбунар во Охрид ќе почека. Граѓаните кои што живеат на овој потег 4 години чекаат да се стави во функција оваа сообраќакница затоа што води кон локацијата каде што се градат станбни комплекси. Години наназад тие реагираа дека градежната механизација и камионите кои се движат кон градилиштата поминуваат по тесните улички буквално под нивните прозорци, создавајќи тесни грла во сообраќајот. Каде закочи изградбата на оваа улица? Портпаролот на општина Охрид Томе Џамтоски убедува дека ништо не е закочено,...
Каргов во посета на ФТУ
Post Views: 86Директорот на царинската управа на Македонија Ванчо Каргов во посета на ФТУ. Тој на студентите од факултетот за царина и шпедиција им одржа предавање за организацијата и работата на царинската управа и специфичните области од царината. Каргов истакна дека целта на ваквите предавања е студентите поблиску да се запознаат со работата на царината не само од она што го имаат како претстава во книгите туку и практично. Соработката со ФТУ е одлична и студентите од овој факултет се потенцијални кандидати за работа во царинската управа, додава Каргов.„Тие се едни од најфрекфентните...
ГРОМ пред охриѓани
Post Views: 56Охриѓани покажаа голем интерес за Граѓанската опција за Македонија, која како структура во градов брои над 1200 членови, изјави Стевче Јакимоски лидерот на ГРОМ. Синоќа во центарот за култура „Григор Прличев“ се одржа основачкото собрание на оваа политичка опција. Јакимоски истакна дека излегуваат со целосна понуда пред граѓаните на Охрид и неговите очекувања се дека како трета опција ГРОМ ќе го освежи црно-белиот политички амбиент во нашиот регион. „Во делот на економијата ГРОМ смета дека со вакви високи фискални расходи ставаме оловни нозе на нашето стопанство и сметаме...
Дневниот центар „Зраци“, се бори за опстанок
Post Views: 55Згрижувањето на децата со интелектуална попреченост во Охрид, е процес полн со предизвици. Денес во посета на дневниот центар „Зраци“, беше првиот човек на општина Охрид д-р. Никола Бакрачески. Целта на посетата беше градоначалникот лично да ги види условите за работа во овој центар и да ги слушне нивните проблеми и потреби. Орхидеа Топенчарова мајка на дете кое го посетува центарот, вели дека во моментов самите родители го финансираат центарот, додека пак УНДП го плаќа надоместокот за двете ангажирани лица. Родителите бараат Министерството за труд и социјална политика да го...
Проблемите од урбанизмот на видело
Post Views: 52Шеесетина граѓани на Охрид беа денес во малата општинска сала на средба со стручните екипи од Секторот за урбанизмот. Натрупаните и со години нерешени проблеми од урбаната сфера сеуште ги тиштат охриѓани, но најакутен проблем според она што повеќето од нив го кажаа е легализацијата на бесправно изградените објекти. Некои од граѓаните излегуваа задоволни а некои не. Дел од нив со коментар како гледаат на ваквите средби. „Многу сум задоволен посебно што ни рекоа дека во петок ќе ги имаме документите в раце. Однапред се заблагодарувам на екипата што беше тука. Одобрението за...
Три лица загинаа во сообраќајна незгода кај Елешец
Post Views: 51Тројца охриѓани трагично ги загубија животите во страотна сообраќајна несреќа која се случи синоќа десет минути по полноќ на регионалниот пат Охрид – Св Наум. Тумбата кај населбата Елешец беше кобна за 21 годишниот Х.Ј и брачната двојка К.Д. (39 годишен) и Т.Д. (28 годишна). Во несреќата тешко е повреден П.Ш (21 годишен) кој веднаш е префрлен во хируршкото одделение при Општата болница во Охрид каде му е извршен оперативен зафат. Додека пак 23-годишниот Д.С. е полесно повреден.„Најверојатно причината за случената сообраќајна незгода е директен судир помеѓу две патни...
СДСМ: Урбанистичките планови кои ВМРО- ДПМНЕ ги критикуваше, истите сега ги поддржува
Post Views: 56Нема оправдана причина советничкото мнозинство да не го прифати барањето на СДСМ, и да не ги постави двете точки од урбаната сфера од дванаесеттата седница на тринаесеттата, реагираат од СДСМ Охрид. Како што кажа Христина Гоговска, раководителот на Центарот за комуникации, изненадени се како се променил принципиелниот став на ВМРО – ДПМНЕ кои цели 4 години за време на владеењто на поранешните градски власти од 2009 до 2013, биле исклучиво против сите детални урбанистички планови и гласале против, а сега со промената на власта на локлано ниво тие исти луѓе од ВМРО – ДПМНЕ ги...







