Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Конкурс за раководни лица во Охрид

Post Views: 7 Во понеделник ќе биде објавен конкурс за поставување на директори на ЈП во градов. Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека документацијата е подготвена. Со сите  ЈП во градов во моментов управуваат в.д директори. Во охридската јавност деновиве најактуелна беше состојбата во ЈП „Билјанини Извори“, каде вработените по оставката на Иван Цветкоски барале во најкус рок поставување на директор. Градоначалникот  со став.„Оставката ја имам разгледано и не се имам произнсесно по оставката. Значи се додека не донесам решение за разрешување сеуште таму директор е...

Продолжи со читање

Петрино се доасфалтира

Post Views: 9 Долгогодишната желба на жителите Петрино да добијат улица по сите стандарди, конечно се оствари. Тие навистина се соочуваа со голем проблем бидејќи нивната улица беше речиси неупотреблива за моторните возила, а пешаците со тешкотии се движеа по неа. Денес конечно Петрино беше доасфалтирана. Градоначалникот Никола Бакрачески признава дека рокот за асфалтирање на оваа улица е пробиен поради веќе познатите проблеми кои ги затекнале при раконструкцијата на оваа улица. Но потенцира дека цврсто ќе се држи до принципот, се што ќе се гради, доградува, реконструира и...

Продолжи со читање

Никнуваат нови мини депонии во Охрид

Post Views: 7 Охриѓани ги средуваат своите градини. Тоа може да се забележи и по депониите од зелен отпад кои никнуваат на секое ќоше во градов. Проблемот со несовесните граѓани кои постојано фрлаат ѓубре каде и да им се присака постои и никако да се надмине .  А рецептот за мини депонија е добро познат – доволно е една кеса ѓубре, дотраен мебел, па започнува да расте се додека некој од градските власти не ги забележи или некој не ги пријави. За жал се до моментот додека не се преземе нешто, поминува извесно време и не ретко од некоја мала депонија никнува голема, за која...

Продолжи со читање

Бела роза за почист Охрид

Post Views: 6 Активистките на Лајонс Клубот „Деница“ од Охрид засадија  бели рози во паркот пред хотел „Гарден“. Ове е најновиот проект и прв од ваков вид во градов  кој членките на „Деница“ го спроведуваат во соработка со Локалната самоуправа. Оваа иницијатива е само почеток на разубавување на градот вели Јулијана Василевска. Додава дека во иднина планираат низ целиот град да се засади белата роза и порача сите кои имаат дворови да се приклучат кон иницијативата на ЛК „Деница“ за поддршка на овој проект. „Оваа година Лајонс Дистрикт 132 започна една иницијатива која за среќа ние...

Продолжи со читање

Од Лајонс Клубот „Десарети“ и годинава хумани

Post Views: 5 Лајонс клубот „Десарети“ од Охрид и годинава традиционално се вклучува во неделата во борба против гладта. Претседателот на клубот Иво Захариески истакна дека секоја хуманост, а посебно онаа кон ранливата категорија на луѓе е нешто што секој го исполнува. Тој вели дека во иднина ќе се трудат и повеќе да помагаат на луѓето кои имаат реални потреби од тоа. „Ова е шеста по ред акција во која се вклучуваме во светската недела. Инаку пакетите се составени по терк на светската здравствена организација и содржат комплет намирници неопходни за потребите на едно четири члено...

Продолжи со читање

Митрески-На Галичица да се направи пункт за одржување на патиштата

Post Views: 4 На НП „Галичица“ се налага потреба од изградба на пункт за одржување на патиштата. Тука се наоѓа највисокиот патен премин во Македонија на 1600 метри надморска височина. Територијата на патот опфаќа две општини, Охрид и Ресен. Во границите на паркот има 18 села, од кои 14 на охридска територија и 4 на ресенска. Од ЈП „Македонија пат“, Јован Митрески, раководителот на секцијата Охрид, признава дека условите за одржување на овој патен правец се исклучително тешки не само за зимското оддржување туку и воопшто. „Изобилува со мошне стрмни и несигурни делови од патот,...

Продолжи со читање

Тодоров отворено проговори за дел од проблемите во здравството

Post Views: 8 Доктор не се создава преку ноќ. Кажете ми каде да најдам рентгенолог , анестезиолог уште  утре ќе го вработиме.  Ваков е коментарот  на министерот за здравство Никола Тодоров  за проблемот со дефицитот на кадар на доктори во општата болница Охрид. Според него проблемот е наследен бидејќи во минатото воопшто не се водело сметка за човечките капацитети.„Велите нема ренгенолози, нема анестезиолози, нема ни да се вработат, значи јас често кога ми го поставуааат ова прашање велам, да најдеме ренгенолог, анестезиолог кажете ми го кој е, ние ќе му се јавиме утре да го...

Продолжи со читање

Здравствен дом Вевчани, одбележа два јубилеи

Post Views: 5 Министерот за здравство Никола Тодоров во посета на Здравствениот дом во Вевчани на одбележувањето на два јубилеи, 50 години од ренген службата и 10 години од мамографија. Градоначалникот на Вевчани Цветомир Угриноски изрази големо задоволство од присуството на првиот човек на македонското здравство и истакна дека чест е да се подржат ваквите јубилеји, посебно 50 годишнината од ренген службата која е отворена меѓу првите 5 служби на државно ниво. „Овој Здравствен дом го покрива цел дримколски регион, десеттина населени места, преку 25 000 жители и мислам дека има...

Продолжи со читање