Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Демолиран штабот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ

Post Views: 6 Искршени стаклата на влезната врата и прозорците. Вака осамна утрово штабот на ОК на ВМРО- ДПМНЕ. Успесите на Владата и Локалната самоуправа на некој не му се допаѓаат. Ваков е коментарот на првиот човек на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, Атанаско Михаилов, по синоќешниот настан на ул Димитар Влахов.  Михаилов најостро го осуди ваквиот вандалски чин, како и начинот на кој според него се поттикнува или манифестира политичка борба во државата.„Би сакале да изразиме длабоко разочарување од насилниците кои што пробаат на ваков начин да предизвикаат политички тензии кои во минатиот...

Продолжи со читање

Охрид го одбележа Денот на македонската револуционерна борба

Post Views: 5   Охрид го слави Денот на македонската револуционерна борба. По тој повод, Општинската организација на Сојузот на борците од Охрид и Дебрца, делегација на Општина Охрид како и претставници на политичките партии ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ, положија свежо цвеќе пред бистите на македонските револуционери во градскиот парк. Во рамките на одбележувањето на денот кога точно пред 120 години во Солун беше основана Внатрешно Македонската Револуционерна Организација , општина Охрид организира и велосипедска трка која се одвиваше низ улиците на централното градско подрачје. Стартот...

Продолжи со читање

Четири охридски плажи издадени под концесија

Post Views: 22 Четири атрактивни плажи на источното крајбрежје од Охридското Езеро, се доделија под концесија. Постапката за јавно наддавање на 5 плажи заврши на 7 октомври оваа година информира општинскиот гласноговорник Томе Џамтоски. Една плажа не е издадена поради некомплетна документација, додава тој. Џамтоски обелоденува дека на јавното наддавање кое се однесува за сите понудени плажи, почетната цена од 80 денари за метар се зголемила на 90 денари, а што се однесува на заинтересираните лица, имало толку понудувачи колку што е и бројот на плажите кои се издаваа под...

Продолжи со читање

Неизвесна судбината за изградба на Св. Димитрија, Октиси

Post Views: 6 Останува неизвесна судбината околу изградбата на црквата Св. Димитрија во Октиси, струшко. Судбината на овој верски објект беше доведена во прашање кога пред нецели два месеци жителите од муслиманска вероисповед спречија да се изврши осветување на темелите и покрај укажувањата на православните верници од селото, дека тоа место е црковно и нема да отстапат од намерата за подигање на Божји храм. Во врска со ова прашање досега се остварени повеќе средби со митрополитот дебарско-кичевски г- дин Тимотеј, струшкиот градоначалник Зијадин Села како и со струшкиот муфтија...

Продолжи со читање

Божиновска: Ставовите на научните институции треба да се почитуваат

Post Views: 10 Ставовите на научните институции треба да се почитуваат, и при градење на споменици и поставување обележја истите да не се прескокнуваат во процедурата, порача денес од Охрид претседателот на Комисијата за верски заедници Виолета Божиновска. Ова се однесува на неодамнешниот настан во Струга каде во неколку  струшки села беа откриени спомен плочи по повод сто годишнината од македонско-албанското востание против тогашниот окупатор, во присуство на претседател на Академијата на науки и уметности од Р. Албанија Музафер Куркути. Божиноска истакна дека на тој настан...

Продолжи со читање

Во Охрид се одржа меѓународен симпозиум за Дичо Зограф

Post Views: 20 По повод 140 години од упокојувањето на Дичо Зограф, МПЦ, односно Дебарско-кичевската епархија организира  Меѓународен научен собир. Митрополитот Дебарско – кичевски г-дин Тимотеј истакна дека преку научниот собир салкале уште повеќе да се расветли големото црковно уметничко дело на познатиот и голем македонски зограф Дичо Крстевич Зограф од Тресонче, на просторите на Македонија со посебен акцент на Дебарско- кичевската епархија. Г. Тимотеј додаде дека огромно е значењето на овој зограф посебно за Дебрско – кичевската епархија бидејќи неговите први и завршни творби...

Продолжи со читање

Охрид дел од глобалната акција за борба против гладта

Post Views: 9 Денес, 16 ти октомври е светски ден за борбата против гладта. Годинава под мотото „Помислете на нас“, охридските училишта како и неколку поголеми маркети, во соработка со Црвениот Крст, Локалната самоуправа активно се вклучија во одбележувањето. Акцијата воглавно се состои во собирање на прехранбени намирници, наменети за ранливата категорија на граѓани. Анета Јованоска од Црвениот Крст Охрид вели дека  списокот на лицата кои побарале помош од нив е загрижувачки и дека бројката надминува над 500.  Додава дека сепак барем еднаш годишно прават напори оние на кои им е...

Продолжи со читање

ЈП „Охридски Комуналец“, ќе добие нови возила

Post Views: 4 ЈП „Охридски Комуналец“ ќе ја обновува застарената механизација. Градоначалникот Никола Бакрачески најави дека најверојатно тоа ќе се реализира со средства од кредит на Светска банка. Од ЈП веќе ја изготвуваат листата на приоритетни возила кои треба да се набават. Ќе се обновува возниот парк на ЈП „Охридски Комуналец“. Старите дотраени камиони за подигање на смет постојано се расипуваат па од таму потребата за набавка на нови. Како што изјави градоначалникот  Никола Бакрачески, Локалната самоуправа при крај е со изготвување на документацијата за апликација до...

Продолжи со читање