Автор: Николоска Биљана
Post Views: 52Охридскиот регион со езерото, високите планински масиви, реките и чистиот воздух, живописните селски населби со домаќинства, со влез на инвестиции, се смета за подрачје со висок потенцијал што треба да се искористи, за развој на руралниот туризам. Токму поради тоа министерот за земјоделие Љупчо Димовски на средбата со охридскиот градоначалник Никола Бакрачески вети владина помош за развој и поддршка на руралниот туризам„Ние со општина Охрид во делот за развој на туризамот не би можеле да имаме некоја конкретна соработка, но во делот на руралниот туризам во селата околу Охрид...
Владина поддршка за охридското земјоделие
Post Views: 53Владина поддршка за охридското земјоделие со 25 милиони евра. Станува збор за прва сериозна соработка на Локалната самоуправа со министерството за земјоделие, која се состои во реализација на три мерки, изградба на откупен центар наменет за овошни насади со посебен акцент на охридската цреша, забрана за користење на пловните објекти во одреден временски период и поддршка на руралниот развој. Министерот Љупчо Димоски, убедува дека од денешната средба со градоначалникот Бакрачески најмногу добиваат охридските земјоделци.„Досега ја немавме таа можност да соработуваме со...
Опасност од пожари
Post Views: 48Одговорно однесување на граѓаните кои го посетуваат НП „Галичица“, предупредуваат надлежните од паркот. Поради високите температури но и според Законот за шуми никогаш не е на одмет да се нагласи дека, забрането е палење на оган на отворен простор но и секакви дејствија и активности кои можат да доведат до појава на пожар, апелира Наумче Новески, одговорниот за заштита од пожари. „Овој период ние сме во фаза еден, еден тоа е највисоката фаза што значи еден опасност за појава на пожари и прва категорија на мобилност, што значи дека лесно може да се појават пожари а од друга...
Скопјанецот Илиевски прв на целта на Илинденскиот маратон
Post Views: 67Александар Илиевски од ПК Студент од Скопје стигна прв на целта на малиот илинденски маратон во пливање. Со време од 28 минути 15 секунди и 88 стотинки тој ја преплива два и пол километарската патека, на потегот Горица – Охрид и тоа за прв пат го направи победник во сениорска категорија. Додека пак од женските пливачки најдобро се покажа Теа Калајлиева. „Не беше толку лесно ова ми е 11 пат како го пливам Охрид под 16 години три пати по ред го освоив маратонот а сега над 16 години прв пат го освојувам маратонот. Цела година се подготвувам ова ми беше како контрола пред...
Илинденски пливачки маратон по 34 пат
Post Views: 67Утре по 34 ти пат во водите на Охридското езеро ќе се одржи малиот илинденски маратон. На него ќе видиме 32 пливачи од 15 клубови од Р. Македонија. Секретарот на ПК „Охридски бранови 2008“, Никола Маленко, вели дека иако се вика мал илинденски маратон, неговото значење е огромно, бидејќи се одржува по повод големиот македонски празник „Илинден“. „Еден мал куриозитет, годинава ќе настапи дете, пливач од Битола со неполни 10 години а највозрасниот натпреварувач има 42 години. 02:20 + 03:27 Друг куриозитет за мене е што нема претставник од Струга, незнам што е работата,...
Села: На Струга и се земаат, а на Охрид му се даваат средства
Post Views: 60Централната власт при распределба на средства од државната каса за Охрид мајка, а за Струга маќеа. Ваков е впечатокот на струшкиот градоначалник Зијадин Села. Ова доаѓа откако како што обелодени Села, од буџетот на општина Струга, Централната власт одзела 100 000 евра, средства за сервисирање на долг од кредит на МЈП „Проаква“, од кој пак 90% ос средствата односно инвестицијата биле за Охрид.„Денес ни се одземени од буџетот на општина Струга 6 милиони денари или 100 000 евра. Тоа се пари на граѓаните на општина Струга кои се одземени од страна на централната власт. Ова е веќе...
Боди билдинг на плажа „Кадмо“
Post Views: 75Ревијален аматерски натпревар во машка и женска конкуренција во боди билдинг на плажа Кадмо Охрид. Организатори на оваа прва од ваков карактер манифестација се од фитнес клубот „Фит Форм“,Охрид. Фитнес инструкторот Гоце Мојсоски рече дека денешниов настан е ретка можност сите посетители на плажата да видат убаво изградено тело и сметаат дека манифеастација од ваков карактер може да ја збогати туристичката понуда. „Сакаме да ја поттикнеме цела популација што повеќе да се занимава било каков спорт, од причина што брзата храна и готовите јадења не направија тромави и...
Гајдата и тапанот-животна преокупација
Post Views: 76Цветко Блажески од Белчишта, славна Дебрца е најстариот и најпознат мајстор за изработка на стари традиционални музички инструменти. Првата гајда ја изработил на 20 годишна возраст, а веднаш после тоа и тапанот. Од тогаш па до ден денес, веќе три децении тие му се животна пасија. „Не само што ги изработувам и продавам инструментите, туку и одлично свирам на истите“, започна да ни раскажува чичко Целе. Но тој искрено жали што нема кој да го наследи. Чичко Целе смета дека надлежнте треба да направат нешто, и она малку што е останато од препознатливиот македонски идентитет да се...







