Автор: Николоска Биљана
Post Views: 5 Отчет за првите 100 дена на Игор Трајкоски, градоначалникот на Дебрца. Изминатиов период направивме драстични измени во работењето на општина Дебрца, изјави Трајкоски. Додаде дека одговорно се посветиле на мештаните на Дебрца, ги сослушале нивните забелешки, сугестии и проблеми и успеале за прв пат да воведат веб страна на општина Дебрца со цел воспоставување на подобра комуникација и побрз пристап до информации.„Голем императив претставува и средба со најмалите од ОУ на Дебрца за кои прв пат беше отворена канцеларијата на градоначалникот. Знаејќи ги нивните потреби...
Македонската песна е посебно ценета во дијаспората
Post Views: 9 Музиката ми е работа, студирав за кларинет и саксофон во Сиднеј, настапувам во неколку групи и за се тоа сакам да дознаат моите сонародници од Македонија, раскажува за ТВМ младиот иселеник во Австралија Љупчо Стојчевски. Тој после 7 години доаѓа во Охрид и Битола, да каже како нашите во Австралија ја промовираат македонската култура и музика. „Целта наша е да се промовира македонската култура и музика надвор од македонскиот народ и сакаме Македонија да дознае за тоа. Тука сум до септември а вечерва ќе одам на фестивалот на песна во амфитеатар во Охрид, сакам да...
Вработените од Проаква бараат да им се платат придонесите за здравствено осигурување
Post Views: 3 Здравственото осигурување горлив проблем во МЈП „Проаква“, Охрид. Вработените се револтирани и реагираат бидејќи од април месец годинава доколку се разболат треба приватно да си ја платат сметката за лекување. Тие сметаат дека раководството треба да изнајде начин, нивното право на бесплатно лекување како осигуреици во фирмата каде што работат да им биде овозможено. Директорот на МЈП „Проаква“ Томе Паскалоски вели дека се соочуваат со сериозен проблем околу исплатата на придонесите, кој проблем го наследиле од претходното раководство. Додаде дека и покрај тешката...
Ул „Петрино“ чека асфалт
Post Views: 15 Жителите на улицата Петрино речиси цела година чекаат асфалт. Оваа предизборно раскопана охридска улица, е дел од програмата за асфалтирање на улици и патишта на Локалната самоуправа што годинава треба да се реализира. Жителите забележуваат дека асфалтирањето на потег од 500 метри се одолговлекува и не знаеле до кога ќе трае истото. Тие наведоа неколку причини поради кои се чекало толку време за асфалтирање на улицата. Но, не ги оправдуваат надлежните поради доцнењето.„Малце подолго се одолговлече бидејќи уште од есенеска даден е налог оваа улица комплет со...
Полициски службеници и родители во охридските кафулиња
Post Views: 4 Пиење алкохол, пушење цигари и останување во доцните ноќни часови, се најчестите прекршоци кои ги прават адолесцентите во угостителските објекти. Синоќа на терен излегоа „мешаните патроли“, составени од полициски службеници, родители, претставници на Локалната самоуправа, Училишните одбори, ЦСР и претставници од транзитниот центар за третман на деца на улици. Тие видоа како младите се забавуваат во главниот туристички центар како и тоа дали има пороци во нивниот живот. М-р Стефан Димовски портпаролот на СВР Охрид вели дека реализацијата на овој проект е од огромна...
Меморандум за соработка со лицата со попреченост
Post Views: 10 СРЦ „Билјанини извори“потпиша меморандум за соработка со лицата со попреченост. На вкупно шест здруженија од Охрид, на располагање ќе им бидат спортските објекти со кои стопанисува претпријатието за да можат да ги изведуваат сите активности што ќе ги организираат самите здруженија, вели првиот човек на СРЦ „Билјанини извори“ Иван Цветкоски.„Градскиот базен за време на летниот период ќе биде достапен за користење на здруженијата, да имаме едно промотивнио возоње со панорамскиот автобус кога ќе го отвараме и секако да им помогнеме во сите домени каде што може да...
Улиците да се враќаат во првобитната состојба
Post Views: 7 Прекопите по охридските улици со денови остануваат не санирани. Иако во согласност со законот за градба секој прокоп треба да се затвори во определен рок по завршувањето на градежните зафати и да се врати во првобитната состојба, во градот има многу примери каде тоа не е направено. Граѓаните го поздравуваат и поддржуваат асфалтирањето на улиците и санирањето на ударните дупки од страна на Локалната. Но, тие реагираат после зафатите кои се прават при дефект во водоводната и канализационата мрежа, тротоарите и коловозите во најбрз рок да се враќаат во првобитната...
Трпејчани на сред сезона без вода и струја
Post Views: 5 Трпејчани два дена останаа без вода. Проблемот е сериозен посебно земајќи го во предвид фактот дека тоа се случува во екот на туристичката сезона, реагираат мештаните на оваа елитна туристичка населба. Тие се револтирани и поради како што велат немање слух кај надлежните трајно да се надмине проблемот кој се повторува. Дел од нив се охрабрија и пред камерата на ТВМ јавно проговорија. „Во кажувањето од водовод, наводно водоводната линија не била добро споена. Проблемот се жалаат дека е поради струјата немало добар напон му спаднале моторите што неможат да уклучат....