Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Размена на лекарски искуства меѓу Австралија и Македонија

Post Views: 6 Лекари од австралиско-македонско друштво престојуваат во земјава. Денес беа во Охрид. Целта како што изјави д-р Зоран Бечвароски е да се запознаат со колегите од Македонија, како и да разменат идеи, искуства и практики. Акцент на средбата беше ставен на неонаталниот скрининг или раното откривање на  оштетувањата на слух кај новороденчињата и каква е неговата примена во Австралија и Македонија. „Дечињата мали откако ќе се порадат што порано треба да се открие проблемот со слухот. Во спротивно тоа само по себе носи свои последици, пречки во говорот и.т.н. Во...

Продолжи со читање

Во пожар изгоре мајка и 3 месечно бебе

Post Views: 4   Утрово во пожар изгоре мајка и нејзиното три месечно бебе. Пожарот избувнал во 5 часот и 45 минути а пламените јазици до темел ја изгореа импровизираната куќарка сместена на ридот Чекоштина, Охрид, веднаш над бензиската пумпа Макпетрол. Пожарот бил забележан од страна на врабвотените во пумпата кои веднаш пријавиле во охридската против пожарна служба.„Со пријавувањето во противпожарната единица веднааш е интервенирано со 2 против пожарни возила и 8 пожарникари, пошто непристапен е теренот има растојание од местото на лоцирање на противпожарните возила до објектот...

Продолжи со читање

МОФ во Охрид

Post Views: 10 Под мото „Проблематично екстерно оценување, потпиши се за да се прогласи за пилот“ младите активисти на Младинскиот образовен форум не запираат со барање поддршка од учениците и граѓаните, како екстерното тестирање би се прогласило за пилот проект. Координаторот на програмата, Бранкица Затаракоска, задоволна од одзивот на учениците, родителите но и на останатите граѓани. „На национално ниво собрани се над 17 000 потписи а во Струга се собрани околу 1500. Засега имаме добар одзив од граѓаните а има и такви кои се плашат да потпишат. Од Охрид се собрани околу 200...

Продолжи со читање

Променливото време ги наполни амбулантите

Post Views: 9 Променливото време почна да создава проблеми. Дневните амбуланти преполни. Зголемен е бројот на пациенти кои се жалат на последиците од временските прилики, покачен крвен притисок, чести главоболки, стегање во градите информира Валентина Милошеска интернист од Општа болница Охрид.„Не се сите симптоми на срцево заболување, стресот исто така влијае, температурните промени влијаат но сепак ако имаат карактеристични симптоми болки и стегање во градите треба да побара помош“.  Не е мал бројот на охриѓани, кои кога ќе почуствуваат здравствени тегоби, наместо првично да се...

Продолжи со читање

Општина Дебрца погодена од невреме

Post Views: 10 Силно невреме проследено со дожд и град зафати делови на општина Дебрца вчера попладне. Многу лозови насади и градинарски култури се оштетени, велат мештаните на село Оровник. Претседателот на месната заeдница Маријан Лошкоски изјави дека вакво невреме постарите жители не паметат од пред 50-60 години. Додаде дека градоначалникот на Дебрца Игор Трајкоски, веднаш пристигнал на лице место да ги слушне проблемите на земјоделците кај кои невремето предизвика посериозни оштетувања на насадот. „Траеше некаде околу дваесеттина минути силно, големи зрна некаде со со обем на...

Продолжи со читање

Меѓународен камп „ЈЕСКО“

Post Views: 5 За прв пат годинава во Велестово, Црвениот крст од Охрид е домаќин на Меѓународниот камп „ЈЕСКО“. Тренинг центарот во оваа елитна населба е местото каде 5 дена ќе се одвиваат активностите на 32 учесници. За тоа во што се состои работилницата овие денови, појасна Весна Терезиоска потпретседателот на Црвениот крст Охрид.„Тоа е камп за развивање на моќта кај младите, се развиваат комуникациски и лидерски вештини имаме гости од Ужице и Крагуевац, исто така имаме учесници од Охрид.00:36 Охрид+00:43 Имаме 32 учесниц,8 ментори, 5 инструктори. Сакам да напоменам дека ова...

Продолжи со читање

Ќе се спасуваат останатите документи од некогашна детска болница

Post Views: 8 Архивата од некогашната специјална детска болница или барем она што остана од неа по се изгледа ќе си го најде патот до местото каде што припаѓа, охридскиот архив. Ова за ТВМ го изјави Никола Митровиќ инспектор на Историскиот Архив. Пред два месеци ТВМ се обиде да дознае зошто не е спроведена законската постапка за соодветно архивирање на значајната документација од болницата. Тогаш од архивот го поздравија нашиот обид а во меѓувреме институцијата воспоставила контакти со сите надлежни под чии домен спаѓаат овие документи„Она што можам јас да го кажам како инспектор...

Продолжи со читање

Опасни шахти на ул „Железничка“

Post Views: 6 Опасни шахти на ул „Железничка“. Поголемиот број од ревизорните шахти се пропаднати односно дел од коловозот околу нив, а некои од нив се целосно уништени. Безбедноста на улицата е на лошо ниво поради тоа што шахтите се наквалитетно изработени, со месеци никој не ја санира состојбата иако тие го загрозуваат сообраќајот како и учесниците во него, реагираат мештаните од оваа улица.„Ете можевме да посведочиме каков е звукот кога кола ќе помине преку шахтата. Значи во ноќните часови не може да се спие, не од самата бучава не од возилата туку од ударот на шахтата. Откога...

Продолжи со читање