Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Се санира оштетениот бедем на Долни Сарај

Post Views: 6 Се санира оштетениот бедем на Долни Сарај. Министерството за култура годинава издвои 1 милион денари за првата фаза која како што ни открива директорката на Завод и музеј, Тања Паскали – Бунташеска предвидува санирање на ѕидните јужни платна кон езерскиот брег, од летната сцена на Долни Сарај. На ваков чекор се одлучиле по повеќегодишното укажување од опасноста од уривање на летната сцена, додава таа.„Оштетувањата беа настанати во голема мера со тек на време што не беше интервенирано на самите зидини, поточно дел од малтерите го имаа изгубено врзивното својство и...

Продолжи со читање

Продолжува асфалтирањето на улиците во Охрид

Post Views: 9 Продолжуваат интензивните активности за асфалтирање на главните сообраќајници во Охрид. Градоначалникот Никола Бакрачески изјави дека работат со полн капацитет и не застануваат додека не го исполнат зацртаниот план за реконструкција на улиците. Додава дека работите на терен откриле и дополнителни проблеми. „Токму денес се наоѓаме пред една од тие локации а тоа е дел од ул Јане Сандански во која што предвидуваме да асфалтираме околу 2000 квадрати, тоа е прва фаза од реконструкцијата на оваа улица. Во иднина ќе се реконструираат и асфалтират улиците, Сирма Војвода...

Продолжи со читање

Охрид домаќин на меѓународниот фестивал „Разиграно оро“

Post Views: 5 Охрид домаќин на меѓународниот фолклорен фестивал „Разиграно оро“. Неговото свечено отворање ќе биде утре, трети јуни од 20 часот, на сцената на Античкиот театар, а ќе трае до петок. Од оргазнизациониот одбор на фестивалот секретарот на фолклорното друштво „Филиграни“, Зоран Симјаноски, вели традицијата продолжува и од година во година фестивалот го зачувува приматот на најмасовна манифестација од тој вид во Македонија.„Оваа година по седми пат го одржуваме меѓународниот фолклорен фестивал „Разиграно оро 2013“. Го одржуваме епитетот на најмасовен фестивал бидејќи...

Продолжи со читање

Хуманитарен концерт за малечката Елиза

Post Views: 7 Хуманитарен концерт за малечката Елиза. Во рамките на „Канео фест“, младите охриѓани Антонио Малчески и Александар Трифуноски, втората вечер на фестивалот ја резервираа за хуманитарен концерт. Средствата собрани од концертот ќе бидат наменети за шест месечната Елиза на која треба да и се направи хируршка интервенција на окото за да прогледа, открива Антонио Малчески, техничкиот директор на фестивалот „Утре ќе се случува хуманитарниот концерт кој ќе започне во 21 часот ќе настапуваат побвеќе охридски звезди со охридски бенд и мислам дека ќе биде забавно и интересно...

Продолжи со читање

Се поизвесна бродската линија Струга-Поградец-Охрид

Post Views: 7 Се поизвесна бродската линија Струга-Поградец-Охрид. Децениската желба на луѓето од овие три града ќе биде реализирана, уверува градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. Додава дека во повеќе наврати на оваа тема веќе биле остварени разговори со градоначалникот на Струга и Поградец и идејата била силно поддржана.„Мислам дека постоеа некои пречки во законските регулативи на албанската страна, мислам дека постоеа закони кои го регулираа сообраќајот само во приморскиот сообраќај и не постоеше регулатива за регулирање на водниот сообраќај но колку што јас имам...

Продолжи со читање

Охрид знае како да се промовира

Post Views: 14 Хотелиерите и угостителите од Охрид, Струга и Поградец, на свој начин учествуваа во одбележување на Денот на езерото. Штандовите со рекламни материјали, но и штандовите со рибни специјалитети, домашни ракотворби, како и сувенири, покажаа дека трите крајбрежни града, има што да им понудат на туристите.  Угостителите од струшко Радожда ги имаа изложено дел од специјалитетите на нивната куќа. За нив ваквите манифестации биле од големо значење, но семтаат дека треба да има повеќе настани од ваков тип.„Ние како претставници на рибни ресторани, односно го претставуваме...

Продолжи со читање

Фиќо од Италија, на грaдскиот плоштад во Охрид

Post Views: 9 Вистинска атракција на плоштадот Св. Климент беше олдтајмерот фиат фиќо, со кое од Падова, Италија допатува Џорџо Андриан. „Секогаш кога го возам фиќото се чуствувам среќен, го добив од татко ми и тоа е од голема важност за мене“ вели Андриан. „Тешко е да се објасно љубовта кон ова фиќо ова е старо од 1964 година сопственост на мојот татко кој исто така ме научи да го возма ова фиќо“. Предизвикот пак, италијанецот Џорџо Андриан да  дојде во Охрид е тоа што не може да одолее на убавините на нашиот град. Тој вели дека нашето место е прекрасно и порача жителите од...

Продолжи со читање

Охрид домаќин на „Ден на езерото“

Post Views: 10 Уметничка програма, забава, велосипедски караван околу крајбрежјето на Охридското Езеро, се само дел од содржините од заедничкото одбележување на Денот на Езерото, на трите соседни града Охрид, Струга и Поградец. Нашиот град годинава, домаќин на оваа манифестацијата. Промоција на целокупната туристичка понуда на охридското крајбрежје, е само дел од низата активности предвидени во рамките на одбележувањето на овој настан, изјави Ѓоко Апостоловски, раководителот на Секторот за туризам и локален економски развој. Воедно Апостолоски најави што ќе се случува во текот на...

Продолжи со читање