Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

На стружани им треба нова болница

Post Views: 5 На Струга и е потребна нова болница или реконструкција на постоечката. Во моментов оваа установа работи со полна пареа на сите одделенија.  Како што кажа првиот човек на болницата Ментор Ибраими чекаат влез во втора фаза од реализацијата на владината програма за реконструкција на здравствени објекти во државава. Нагласува дека потребно е да се прошират сите простории во постоечкиот објект.„Општа болница има потреба, сведоци сме последниве месеци дека имаме прилив на пациенти за лабараторија, дали е причина нашата прецизност во издавање резултати дали е причина што...

Продолжи со читање

Презентирани резултатите од проектот ИРЕКо

Post Views: 6 Заврши проектот „Зголемување на ЕЕ и искористување на ОИЕ во меѓуграничниот регион. Во хотел „Дрим“ Струга беа презентирани финалните резултати од имплементација на проектот кој што траеше 15 месеци во кој што беа вклучени сите општини од Југозападниот регион на Македонија и регионот Корча Албанија. Мирјана Лозаноска од Југозападниот плански регион вели дека задоволни се од постигнатите резултати, ги поминале сите општини од регионот, спровеле обуки, предавања, работеле на подигање на јавната свест, реализирале отворени денови, промотивни настани, и изработиле пилот...

Продолжи со читање

Зголемен бројот на пријавени случаи на насилство врз жената

Post Views: 9 Во борбата против семејното насилство треба да се работи на економското зајакнување на жената, бидејќи економски јака жена помалку ќе го трпи насилството и ќе каже не на торетурата, вели  Драгица павлеска Попеска претседателот на НВО Езерка од Струга.  Податоците на државно ниво кои говорат дека за 25% е зголемен бројот на пријавени случаи на семејно насилство од почетокот на годината до септември, споредено со истиот период лани, се бележат и во општина Струга, потенцира Попеска. Додава  дека тоа се должи на фактот што добар дел од предрасудите се надминати и...

Продолжи со читање

Шест ѕвезди за шест генерациски месарска традиција

Post Views: 26 Фамилијата Билјанови е симбол за најстарата месарска традиција во Струга. Тие од пред година дена отворија фабрика за производство на месни производи, во еден еколошки предел кој изобилува со чиста вода, воздух и природа, на крајбрежјето на две води, Охридското Езеро и реката Црн Дрим, под падините на Јабланица.  Најмладиот потомок кој ја презеде шест генерациската традиција Славчо Билјан не го крие задоволството од досегашниот успех и вели дека долгот и почитта кон предците е негова обврска и желба, чесно и еснавски да продолжи понатаму и преку пласман на...

Продолжи со читање

ЕВН ги исклучи од струја и струшките основни училишта

Post Views: 9 ЕВН почна да исклучува и во Струга. Наставниот процес во сите основни училишта се одвива во студени и недоволно осветлени училници, а часовите траат до 15 минути. Проблемот датира од пред неколку години информираше в.д директорот на ОУ „Јосип Броз Тито“, Тони Савески. Наследениот долг по однос на неплатени сметки за електрична енергија на училиштето изнесувал околу еден милион денари.„Проблемот ескалираше вчера во пладневните часови околу 12 часот бевме исклучени. Од моите сознанија разговарано е и се очекува можеби во текот на денешниот ден проблемот да се реши“...

Продолжи со читање

Обезбедена е нафта во ООУ„Јосип Броз Тито“, утре почнува наставата

Post Views: 8 Денес пристигна нафта за основците од струшко „Јосип Броз Тито“, како што информира Тони Савевски, В.Д. директорот. Учениците од утре, петок, ќе продолжат со настава откако е обезбеден неопходнот енергенс. Околу 10 тони нафта веќе се испорачани во ООУ, а дел од неа ќе биде испорачана и во подрачните паралелки во селата Враништа и Мислашево. Како што веќе информиравме со одлука на Советот на родители од вчера околу 700 основци не ја посетија наставата поради незагреаните училници. Родителите беа категорични во својот став, се додека нема нафта за греење учениците ќе...

Продолжи со читање

Празни училници во Струга

Post Views: 5 Околу 700 основци денес не посетија настава во струшко поради незатоплени училници. Децата од  ООУ „Јосип Броз Тито“ Струга и подрачните паралелки од Мислешево и Враништа нема да одржуваат настава додека не се реши проблемот со обезбедување на нафта за греење. Ваквата одлука паднала на синоќешниот состанок на Советот на родители со директорот на училиштето. „Цела недела немавме парно, ние децава на училиште ги пуштавме од две причини, колку толку времето не послужи и имавме секојдневни ветувања дека во секој момент ќе пристигне нафта и втората причина која е...

Продолжи со читање

Нов паркинг во СОУ „Нико Нестор“

Post Views: 4 Во завршна фаза е новиот паркинг на СОУ „Нико Нестор“. Станува збор за паркинг простор кој што се протега на површина од 300 метри квадрати со 30 паркинг места, кој што се гради позади објектот на средното училиште Нико Нестор. Овој простор претходно беше неуреден. Како што за ТВМ изјави директорот на училиштето Никола Затуроски, паркингот е наменет специјално за возилата на професорите, а неговата изградба е комплетна заложба на менаџерскиот тим на школото со несебична помош од и учениците и залагање на професорите. „Се што се прави и се што може финансиски да се...

Продолжи со читање