Автор: Николоска Биљана
Post Views: 9 Волино ќе добие ново училиште. Објектот е од монтажен тип со добра градба и ќе претставува најсовремено училиште во општина Дебрца, истакна градоначалникот Игор Трајкоски, во неговото денешно обраќање до медиумите. Додаде дека новиот објект ќе обезбеди солидни услови за одвивање на воспитно образовниот процес. „Училиштето ќе има две училници каде што ќе бидат учениците, потоа имаме санитарни јазли во склоп на училиштето, просторија за наставниците, ходник голем. Во училиштето имаме петто-одделенска настава и учат 12 ученици. Досега учениците од село Волино настава...
Градежен отпад се фрла насекаде
Post Views: 6 Дворно место од станбен комплекс на ул „Галичица“, затрупано во градежен шут. И не само градежен шут, на тоа место може да се забележи и покуќнина, кревет и сл, но и зелен отпад. Расфрлан е насекаде, како резултат на несовесното однесување на поединци, укажуваат мештаните од ова маало. Јован Наумоски и јавно проговори за проблемот со градежниот шут.„Од кога се реновираше зградата на поткровјето остана еден огромен дел нафрлан како шут, многу време е тоа, скоро две три години но сега последниве денови сите околни куќи и жители од оваа мала го фрлаат својот градежен...
Се изловува рибниот фонд на Слатинско Езеро
Post Views: 8 Рекреативните риболовци од здружението Св Апостол Петар, денес отпочнаа со излов на рибниот фонд од акомулацијата Слатинско Езеро. Како што веќе од таму укажаа, Слатинското Езеро е пред еколошка катастрофа поради напукнување на браната, која го спушти нивото на водата од 9 на еден метар. Првиот човек на општина Дебрца, Игор Трајкоски, вели дека изловот на рибниот фонд е само времено решение и смета дека рибата набрзо ќе се врати во истата акомулација наесен, после санирање на браната за што потврда добил од Министерството за земјоделие.„Со напорите што ги направи...
Заев: Да ја спуштиме топката
Post Views: 6 Новиот претседател на СДСМ Зоран Заев, меѓу своите сопартијци од Охрид. Заев на денешната прес конференција кажа дека има многу поплаки од граѓани на Охрид, дека се изложени на огромни притисоци во локалните институции каде што работат.„Многу граѓани кои што немаат своја членска книшка а се вработени во локалните јавни претпријатија се деградирани од своите места, голем дел преку советот слушнавте беа принудени да поднесат оставки од своите раководните кадри, голем дел од луѓе кои немале до крај регулирано работен однос се повијувани на информативни разговори она...
Слатинско Езеро пред еколошка катастрофа
Post Views: 5 Вчера требаше да биде првиот ден за риболов на Слатинското Езеро. Наместо тоа рибниот фонд ќе се излови бидејќи езерото е пред еколошка катастрофа, открива претседателот на здружението на рекреативни риболовци Св Апостол Петар, Радован Димитриески. Според него ваквата состојба се должи на непреземањето мерки за санација на пукнатината од браната. „Хидробиолошкиот Завод вчера на Совет донесе мислење, да рибата се излови, при што ќе се изврши здравствен преглед на рибата и капиталните примероци на краповите ќе се префрлат во дворот на хидробиолошки завод во нивното...
Се средува хаосот со таканаречените туристички водичи во Охрид
Post Views: 6 Општинскиот инспекторат со засилени контроли за сузбивање на појавата на нелегални туристички водичи. Досега не е изречена глоба, што значи дека не е најден нелегален водич вели, раководителот на инспекторатот Танас Танасоски. Додава дека инспекторите постојано се на терен, посебно на најпосетуваните пунктови во градов од страна на домашните и странски гости.„ Се контролира најмногу стариот дел на градот, Св Наум, Заливот на коските. Овие локации се под најголем надзор од страна на нашите инспектори. Очекувам оваа година и ние како инспекторат но и туристичките...
Слаба наплата за гробарина
Post Views: 6 Слаба наплата за гробарина. Услугата за одржување на градски гробишта започна да се применува од 2011 година согласно одлука на Советот на општина Охрид. Директорот на ЈП Зоран Симоноски, вели дека околу наплатата на гробарината се појавиле многу нејаснотии кај лицата кои поседуваат гробно место.„Има некои нејаснотии кај граѓаните точно, имаме секојдневни приговори граѓани кои што идат за појаснување, за што се работи сакам да појаснам. Имаме голем број на гробни места поточно некаде околу 1200-1300, кои што не се внесени во нашиот компјуерски систем и за кои ние...
Општината ја спроведува одлуката за раскинување на договорот за закуп на паркинзи
Post Views: 8 Како што ТВМ неофицијално дознава, општина Охрид веќе ја спроведува одлуката за раскинување на договорот за закуп на паркинг простор во централното градско подрачје со кој што во моментов стопанисува ДООЕЛ „Сузуки“, Охрид. Согласно заклучокот на Советот на општина Охрид од 10ти Мај 2013 год, за раскинување на договорот за користење на паркинг просторот, досегашниот приватен субјект не ќе може да наплаќа за паркинг местата. Од Локалната самоуправа најавија подетални информации во текот на утрешниот ден. {loadposition content9}