Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Архивата од некогашната детска болница сеуште незаштитена

Post Views: 4 Државниот санитарен и здравствен инспекторат се  изјасни за ненадлежен во врска со документацијата од поранешната специјална детска болница во Охрид. Пред нецел месец ТВМ објави прилог за состојбата со архивата од оваа болница и поплаките од родители кои со години не можат да ги пронајдат историите на болест од своите деца, некогашни пациенти во таа установа. Тогаш од државниот архив на Македонија, подрачно одделение охрид, инаку местото каде требаше да се наоѓа документацијата соодветно архивирана, не упатија до Министерството за здравство како правен наследник на...

Продолжи со читање

Обнова на акцијаштвото

Post Views: 7   Обнова на акцијаштвото. За прв пат во Македонија започнува иницијатива за отворање на волонтерски работен камп или продолжување на  акцијаштвото кое започна во Охрид пред 30 години со организирањето на првата работна сојузна акција Охрид 1984 година. Денес во извидничкиот камп беше потпишана и декларацијата за афирмација на акцијаштвото и волонтеризмот на сите клубови учесници.„Ја поздравуваме и прифаќаме заедничката платформа на здруженија и клубови за доброволни работни акции и волонтеризам, ги поддржуваме напорите на ОН и меѓународната заедница за...

Продолжи со читање

Нискоградба ќе обележува дел од улиците

Post Views: 8 ЈП Нискоградба Охрид на тест пред Локалната самоуправа. Иако од основањето на ова ЈП една од дејностите е изградба, одржување, реконструкција и заштита на локални патишта, улици и други објекти, ова претпријатие од годинава за прв пат ќе обновува дел од патната сигнализација на локалните патишта.„ЈП Нискоградба Охрид се вклучува во дел на обележување на градските сообраќајници. За почеток Локалната самоуправа го ангажира ЈП за просторот вон централното градско подрачје, од причина да ги види неговите технички и човечки перформанси со кои располага, информираат од...

Продолжи со читање

Охридскиот затвор место за ресоцијализација

Post Views: 19 Охридскиот затвор е едниствената казнено поправна установа за малолетни лица во земјава. Отворен за соработка директорот Стефан Трпеноски, ни откри како работи ова установа во поглед на затворските, односно притворските услови на лицата кои издржуваат казна за разни кривични дела. Трпеноски во брифинг за ТВМ потенцираше дека затворот е составен од два дела затвор и притвор. Притворените лица се во надлежност на судовите на градовите од каде што доаѓаат, односно од Охрид, Струга и Дебар, додека пак затворот има обврска да се грижи за сместување, исхрана, пружање...

Продолжи со читање

Златна матура на генерацијата 1962/63 год

Post Views: 10 Класен час на генерацијата 1962/63 година. Возбуда, воздишки, искрени и срдечни прегратки и евоцирање спомени, вака денес изгледаше средбата на соучениците од петтата генерација на средното економско училиште од Охрид. Дотерани и елегантни, насмеани и среќни, тие го одбележаа златниот јубилеј – 50 години од матурата. Чуството е неописливо, ваквите јубилеи се поскапи дури од златото, вели класниот раководител Трајан Ласовски. „Искрено јас многу сум соживеал со учениците во тоа време кога се наоѓав во економското училиште и до ден денс ме бараат и тоа ме...

Продолжи со читање

Балканско првенство во џудо во Охрид

Post Views: 6 Спортскиот центар „Билјанини извори“ денес и утре е арена на џудо борбите. Околу 500 учесници од 9 балкански земји во машка и женска конкуренција ќе земат учество на Балканското првенство во џудо за кадети и јуниори. Организатор е македонската џудо федерација во соработка сo балканската џудо федерација. Секретарот Горан Мицкоски информира дека овој настан бил предвиден уште пред две години, согласно нивната програма. Додава дека изборот за одржување на бакланското првенство во кадети и јуниори во Охрид не е случаен, бидејќи сметале дека Охрид има што да им понуди на...

Продолжи со читање

Шести пат „Матурска парада“

Post Views: 9 Охридските матуранти и годинава традиционално танцуваа квадрил на звуците на  штраусовата опера „Лилјакот“. На „матурската парада“ учествуваа 360 матуранти од гимназиските, економските и медицинските паралелки. Дел од нив за ТВМ изјавија дека овој момент долго ќе го паметат.Пред почетокот на парадата, на матурантите им се обрати д-р Никола Бакрачески, градоначалникот на Охрид. Тој им порача достоинствено и храбро да чекорат по патот што секој сам си го осмислил, да бидат цврсти во своите одлуки за напредок во животот на начин без да бидат нарушени човековите, етички...

Продолжи со читање

Грција – топ дестинација за охриѓани

Post Views: 7 Охриѓани не се откажуваат од летните одмори надвор од државава. Најпопуларен избор на туристичка дестинација годинава за нив се Грција, Турција и Шпанија, велат туристичките работници. Солена вода на убаво уредени егзотични песочни плажи, маслинови дрва, а сето тоа за ниски цени. Лептокарија, Крф, Олимпик Бич, Полихроно, Певкохори се само дел од аранжманите каде охриѓани веќе се решија да го поминат својот летен одмор открива Елида Битрак, менаџер на туристичка агенција. Оваа дестианција е најпримамлива посебно пред сезоната,  цените се многу ефтини, а во нив е...

Продолжи со читање