Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

работници на ЈП Охридски Комуналец, останаа без работа

Post Views: 11 Точно пред два дена група работници на ЈП „Охридски Комуналец“, беа вратени од работа. Станува збор за 27 работници кои беа ангажирани по пат на договор на еден, два месеци или со договор на дело, вели новата В.Д директорка Елена Скрческа. Таа појасни дека на истите им истекле договорите  на 31 март.„Со оглед на законските прописи не бевме во можност понатака да ги продолжиме нивните договори ние им кажавме понатака да не идат на работа до регулирање на делот од нивниот статус. Знаете дека ние сме претпријатие од сезонски карактер и во текот на летниот период...

Продолжи со читање

Попоски: Задоволни сме од успехот

Post Views: 8 Независниот советник Павел Попоски, денес на прес конференција излезе со свои видувања околуизборниот процес на Локалните избори 2013. Според него охриѓани излегоа масовно, мирно и достоинствено гласаа. Додаде дека цврсто застануваат на се што било кажано во изборната кампања и нивните залагања максимално ќе ги насочат за подобра иднина на Охрид.„Според нас изборите завршија во фер и демократска атмосфера. Охриѓани избраа нов градоначалник, г – динот Никола Бакрачески и во лично мое име и од мојата групација му го честитам изборот и му посакувам успешна работа во...

Продолжи со читање

Усеини: Моето место е обезбедено во идниот Совет

Post Views: 5 Моето место во Советот е загарантирано, во тоа длабоко сум убеден, рече Кујтим Усеини, носителот на мултиетничката независна советничка листа на граѓани. Усеини потенцира дека овој период воопшто не го чуствува како кампања, бидејќи според него тој четири години бил во трка на реализација на проекти кои се од суштинско значење за жителите од Охрид и околината, во што добро се докажал со изградба на дел од коритото на реката Грашница. „Проектите продолжуваат сакам да обезбедам подобро утре на граѓаните посебно сакам да ги ангажирам младите“, вели Усеини. Дел од...

Продолжи со читање

Децата со посебни потреби веќе имаат сопствен превоз

Post Views: 11 Пристигна возилото за деца со посебни потреби. Станува збор за реализација на акцијата, Декември – Месец на отворено срце која се реализираше минатата година. Сашо Алче директорот на ЈП „Охридски Комуналец“, уште еднаш потсети кој ја иницираше  оваа хумана акција и како истата се реализира.„Како идеја на Охридски Комуналец и Отпад Охрид, во која се приклучија Локалната самоуправа, Лајонс Клубовите Лихнидос, Десарети, Ротари клубот и сите дечиња кои на некој начин учествуваа, го купивме возилото за децата со посебни потреби. За една недела ова возило би...

Продолжи со читање

Здружената опозиција Охрид, побара ТВ дуели

Post Views: 5 ВМРО – ДПМНЕ најмалку може да зборува за културно наследство во Охрид, изјави Дејан Блажески, кандидатот за советник од „Сојузот за иднината“. Тој нагласи дека Заводот за заштита на културни споменици, за жал на охриѓани, наместо да вработува археолози во моментов бил претворен во архитектонско биро за дизајнирање и печатење на политички флаери на ВМРО – ДПМНЕ кои им служат во текот на изборната кампања.„ До кога дрквата Св. Богородина Перивлепта, црква со највредни фрески за културното наследство, ќе биде забулена и ќе личи на гулабарник?! Кога ќе биде вратен во...

Продолжи со читање

Трајкоски сигурeн во победа за Дебрца

Post Views: 5 Се надѕира крајот на долгогодишната голготата од владеењето на СДСМ и нивниот градоначалник Којчиноски, порача кандидатот за градоначалник за Дебрца, Игор Трајкоски. ВМРО ДПМНЕ ќе стави крај на манипулациите и на нивната не работа, веднаш штом ќе дојде на власт за неколку дена, додаде Трајкоски.„Сепак и покрај тоа што остануваат само уште неколку денови до локалните избори, старите навики за малверзации на СДСМ не се менуваат и одат до крај. Како последен обид за манипулирање на јавноста е тоа што претседателот на ОО од СДСМ Љубен Стојкоски е секретар на општина...

Продолжи со читање

Охрид мора да расчисти со непотизмот

Post Views: 5 Само навреди, лаги и закани слушаме кон и за противничкиот блок, изминативе 8 години од креаторите на програмата на охридските социјалдемократи. Падот на Охрид му го препишуваме на луѓето познати по тоа што програмата ја адаптирале во интерес нa еден потесен круг на луѓе, дел од највисокото раководство на СДСМ во Охрид, кажа Никола Митровиќ, портпаролот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ. Додаде дека Охрид мора да расчисти со непотизмот.„Градоначалникот  Александар Петрески, прво го вработи во Општината својот брат Здравко Петрески, а потоа сакаше да го постави и за Претседател...

Продолжи со читање

Петрески ќе донесе гасификација во Охрид

Post Views: 4 Александар Петрески, Кандидатот за градоначалник на здружената опозиција „Сојуз за иднината“ е загрижен за нивото на езерото. Тој упати порака до Владата и ресорните министерства навреме да реагираат, бидејќи водата на Охридското Езеро е над максималната кота и предизвикува големи штети.  Петрески вети дека уште денес ќе преземат активности за почеток на санација на Мостот на желбите.„Знаете дека ноќеска од ветерот и водената маса дел од Мостот на желбите према Потпеш се сруши и еве јас сум тука не сум Австралија, меѓутоа повторно да не бидам јас одговорен ги...

Продолжи со читање