Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

pavel

Попоски -„Да, Знам зошто! “

Post Views: 70Чест и голема одговорност е да се биде советник во Охрид, бисерот на Македонија, рече Павел Попоски носителот на независната советничка листа бр. 38. Попоски нагласи дека неговата програма не се состои од празни предизбнорни ветувања, туку содржи неколку основни начела, за кои со целиот свој капацитет ќе се залага: За Охрид, модерен град, За туристичка сезона која трае, За стопанска перспектива, За развој на руралните средини, За социјална сигурност, За грижа на постарите лица, За спорт за сите, За Охрид, безбеден град.„Сметам дека убавините на Охрид треба многу повеќе да се...

Продолжи со читање

dom

ДОМ ќе ги осветлува патиштата до верските објекти

Post Views: 62Партијата на зелените, ДОМ, се претстави во Охрид. Нашето мото „Избери зелено, диши слободно“, има силна порака која со внимание треба секој од нас да ја протолкува, рече носителот на листата на кандидати за советници,  Летка Филиповска. Таа се задржа на неколку приоритети, за кои во иднина ќе се залагаат како сериозна партија и секако истата и ќе ја реализираат доколку ја добијат поддршката од граѓаните.„Прв приоритет е зелени општини за здрав живот, општини по мерка на човекот, со ефикасна заштита на животната средина, зелени градови, образование, култура и примента наука...

Продолжи со читање

Bakraceski

Бакрачески: На Охрид му треба универзална сала

Post Views: 99Враќање на културата во градот со изградба на репрезентативен објект, Универзална сала, посебен приоритет на кандидатот за градоначалник од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата , Др Никола Бакрачески. „Културата во Охрид е заборавена и се чуствува застој во културната понуда и културниот живот, нагласи Бакрачески. Тој потсети дека не треба да се заборави оти Охрид е изворот на културните и традиционални вредности, место од кое почнуваат многу процеси во културата, а со тоа и во политиката и целокупното живеење. „За таа цел еден од нашите позначајни проекти во овој сектор ќе биде...

Продолжи со читање

mitingsdsm

Петрески по трет пат ја побара довербата на охриѓани

Post Views: 61Охрид не го даваме. Вака се обрати Александар Петрески кандидатот за градоначалник на опозицискиот фронт „Сојуз на иднината“ , на митингот кој синоќа се одржа на градскиот плоштад, од каде што всушност Петрески и официјално ја започна својата кампања. Петрески на своите симпатизери кои вчечра излегоа во голем број да го поддржат, им предочи дека следуваат многу непроспиени ноќи, тешки утра и уште потешки денови, за да успеат во намерата да се зачува светоста на градот. Тој исто така со остра реторика во неколку наврати се обрати до Премиерот Груески.  „Само премиер како...

Продолжи со читање

acepetreski

Петрески – Подготвени сме за избори

Post Views: 55Комплетно сме подготвени за настап на овие избори, најави Александар Петрески, кандидатот за градоначалник на опозицискиот фронт „Сојузот на иднината“ кој од охриѓани ја бара довербата за трет мандат. Вечерва со митингот на градскиот плоштад Петрески презентирајќи ја својата изборна програма и официјално ја отпочнува битката за градоначалничката функција. Петрески рече дека Охрид заслужува да има убаво лице, а не грдо како синоќешната слика на митингот на владеачката гарнитура на ВМРО – ДПМНЕ, каде што според него имало се, само охриѓани не.„Преку 300 автобуси беа присутни,...

Продолжи со читање

petreski

Експресно изгласани 114 одлуки за легализација

Post Views: 66Доцна синоќа Советот на Охрид усвои одлуки за легализација на 114 бесправно изградени објекти во општината. Иако уште на почетокот на 60 сетата седница советничката група на ВМРО- ДПМНЕ побара одложување на истата поради сензибилниот период пред Локалните избори, како и поради опомената на Комисијата за спречување на корупција, дека не е добро точките од урбаната сфера да се донесуваат во овој период, тоа воопшто не ги заинтригира советниците од охридската позиција за можните последици поради експресното донесување на 114 те точки, вели советникот Борче Стефаноски од ВМРО –...

Продолжи со читање

rakomet

Ракометот во Охрид има светла иднина

Post Views: 130Ракометот во Охрид се враќа на голема врата, а младите се неговата иднина. Вчера во спортската сала на О.У. „Григор Прличев“, средната категорија на ракометари од Охрид и Струга одиграа контролен натпревар, со цел младите да видат што значи двобој со противници од својата возраст како и да го почуствуваат пулсот на паркетот, вели Ѓоко Апостолоски тренерот на младинската школа на РК Охрид 2011. Тој додава дека очигледно е тоа што кај младите преовладува спортскиот дух, а пред се ентузијазмот и веќе за наесен подготвуваат екипа во националните кадетски лиги за...

Продолжи со читање

brezani

Брежанци немаат линиски превоз

Post Views: 69Брежани има добра земја, здрава вода и убава природа, но нема линиски превоз до ова село. Сместено е во крајниот југоисточен дел на Дебрца, оддалечено од Охрид 32 км. До Брежани се стигнува од  Ботун, па патот врви низ селата Белчишта, Лешани и Велмеј. Брежанецот Цветко Суколоски се обрати до нашиот медиум и упати апел до надлежните, барем еднаш неделно да им организираат превоз до селото. Вели дека патот до сред село е асфалтиран а комбе оди само до Велмеј, кое е на 6 километри од Брежани. Тој додава дека во селото останале 20 тина мештани кои обработуваат земја и хранат...

Продолжи со читање