Автор: Николоска Биљана
Post Views: 6 Во петок 22 ви февруари како и за време на викендот охридската болница ќе биде исклучена од електричниот систем. Причина за тоа е приклучување на новото болничко крило на системот за електрично напојување, за што пак се наложило потребата од монтирање на нова трафостаница двојно помоќна од постоечката, вели првиот човек на болницата Љубен Арнаудов.„На 22.02 во петок од 07 до 17 часот ќе биде исклучена болницата од мрежата на ЕВН, но ние тој период ќе го покриеме со агрегатите кои ги имаме. 01:26 + 01:36 Тоа ќе се случува и во сабота од 07 до 16 часот. За недела...
Се распаѓаат жардињерите на Железничка
Post Views: 7 Попуштаат жардињерите на „Железничка“. Кај некои од нив дури се гледа и металната конструкција. Ова е уште еден во низата проблеми кои ја следат оваа сообраќајница од нејзиното проширување па до денес. Главниот изведувач, „Алпина“ од Австрија, пред година дена ги направи жардињерите вдолж улица „Железничка“, но очигледно не издржаа долго, за кратко време истите се распаѓаат.Жителите се обиделе уште минатата година кога истите се поставувале, тоа да му го укажат на главниот изведувач, но попусто. Тие додаваат дека денес излегува на виделина лошо изведената работа...
Михаилов: Петрески не ја дава салата за промоција на партиска програма
Post Views: 6 Градоначалникот на Охрид Александар Петрески со изговор дека спортската сала не се издава за политички цели не дозволи презентацијата на програмата на кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, Др Никола Бакрачески, да се одржи во Спортскиот центар „Билјанини извори“, реагира првиот човек на Охридскиот комитет Атанаско Михаилов. „Со жалење мораме да констатираме за што добивме и службен допис дека спортската сала нема да ни биде одобрена за презентација на нашата програма. Сметаме дека тоа претставува недемократски чин со што на граѓаните на Охрид им...
Грижата за Македонија пред се – Фронт на народот
Post Views: 7 Фронтот на народот, фронт на Македонија, одржа трибина во Охрид. „Апсурди на денешницата“, беше темата на која говореа истакнати професори, спортисти, уметници од земјава. Професор Виолета Наумоска истакна дека главната цел на трибините од ваков карактер е јавно да се зборува за апсурдите кои се случуваат во денешницата, како и да се истакне она што е заеднично за сите нас како граѓани на Македонија без разлика на која партија даваме поддршка, а тоа е грижата за Македонија.„Од тука е моето големо разочарување во опозицијата зад која што објективно, со 42 мандата...
Апел до Тодоров
Post Views: 6 Ќе се најде ли лек за Сенада Махмудоска од Охрид? Таа боледува од ретка болест на очите и го губи видот. Родителите на Сенада се во очајна битка со болеста на нивното дете и бараат спас насекаде. Засега нивните напори се без резултат. Како што кажа нејзината мајка, Зајде Махмудоска, докторите во Македонија не и влеале никаква надеж. Тие се решиле преку медиумите да го повикаат министерот Никола Тодоров, да ги посети и да оствари со нив разговор, надевајќи се дека сепак тој како прв човек на македонското здравство посебно ќе се заложи за нивниот случај.„Нашата намера...
Се подготвува капитална инвестиција во Лакочереј
Post Views: 5 Викенд населба со над 100 куќи, мал хотел и Дом за пензионери ќе се гради во Лакочереј. Инвеститорот е македонец кој живее и работи во Австралија а подготвен е да вложи над 20 милиони евра за реализација на проектот. Локалната му отстапи терен, така што на последната седница на Совет беше усвоен и нацрт урбанистичкиот план за локалцијата каде што треба да никне елитната населба, на посебна местоположба од каде се гледа Охридското Езеро. Градоначалникот Александар Петрески вели дека 6 годишните преговори конечно вродиле со плод.„Значи идејата е повратниците од...
Ќе се регулира поставувањето на пчелни сандаци во шумите
Post Views: 8 Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњаноски, при неодамнешната посета на Охрид зборуваше за поддршката на Владата што им ја пружа на македонските пчелари. Воедно тој најави дека следуваат измени на законот за шуми, поточно овозможување да се поставуваат пчелни семејства во шумските подрачја, што досега не беше случај.„Мислам имаше еден донерегулиран простор каде што на шумските подрачја не можеше да се постават пчелни семејства. Сега со измена на законот за шуми и тоа ќе го воспоставиме, да ставиме ред точно кој се процедурите и на...
Охриѓани во 2012 год поднеле 34 барања за информации од јавен карактер
Post Views: 8 Вкупно 34 барања на граѓани и невладини организации, влегоа во Извештајот за слободен пристап до информации од јавен карактер за минатата година. Васил Ложанкоски од одделението за односи со јавност при општина Охрид, вели дека општина Охрид важи за најтранспарентна во поглед на давање информации од јавен карактер. „Со оглед на тоа што во текот на 2012 година и изминатите 6 години од кога е во сила Законот за слободен пристап на информации од јавен карактер, можам да кажам дека општината Охрид во потполност го реализира овој закон и во рамките на законските...