Автор: Николоска Биљана
Post Views: 8 Со една вообичаена практика на доцнење, овојпат од половина час, отпочна 58 седница на Советот на општина Охрид. Главен акцент на седницата беа неколкуте предлог одлуки за донесување урбанистичко – планска документација за легализација на бесправно изградени објекти. Дејан Паноски од ВМРО ДПМНЕ во име на неговата советничка група даде комплетна поддршка на предлог одлуките кои се однесуваат на легализација на бесправно изградени објекти. Тој истакна дека овој проект на Владата на Р. Македонија, на сите сопственици на вакви објекти ќе им овозможи да ги...
Дупло се зголеми висината на средствата во општинската каса
Post Views: 31 30 000 денари дневно на располагање на општина Охрид. Оваа предлог одлука изгласана од мнозинството на Советот, помина на денешната 58 седница. Зголемување на касовиот максимум за 100% неприфатливо е од два аспекти, реагираше Јованка Дамоска Секулоска од ВМРО – ДПМНЕ.„Нашите забелешки се однесуваат на дуплото зголемување на обемот на готовина од 15 на 30 000 денари и во однос на тајмингот кога се врши тоа зголемување на масата на пари затоа што сметаме дека Локалните самоуправи тоа го вршат пред почетоткот на буџетската година, во овој случај тоа може да се...
Водата за пиење во Охрид нема да се испитува – Михаилов
Post Views: 8 Најновите вработувања во МЈП „Проаква“, го налутија директорот на Центарот за Јавно здравје Атанаско Михаилов. Тој се закани дека во Охрид ќе се случи прекин на испитување на квалитетот на водата за пиење, бидејќи на Центарот неопходни му се средства за набавка на основните материјали за вршење на испитувањата. Според Михаилов, не може едно Јавно Претпријатие кое има голем долг кон институциите да вработува нови партиски војници.„Како раководител на едно ЈП, морам да кажам дека, вработувањето на луѓе без никаква причина во претпријатие кое што долгува огромни...
Паркинзите повторно на менито на ВМРО – ДПМНЕ
Post Views: 4 Тендерот за стопанисување со паркинг просторите на улиците во Охрид, претставува криминално и коруптивно дејство на градоначалникот Петрески, обвинуваат од ОК на ВМРО – ДПМНЕ. Гласноговорникот Никола Митровиќ, потенцираше дека ова е чин на уништувње на градот од страна на градоначалникот.„Петрески се дрзна на два месеци пред заминување да распише тендер за стопанисување со паркинг простори на улиците на Охрид. Тоталното отсуство на знаење на Петрески и неговите тнр.експерти за сообраќај. Со овој чин го загрозуваат одвивањето на сообраќајот по улиците на Охрид...
Само делата се вистина
Post Views: 13 „Само делата се вистина“. Излезе од печат монографијата на „Адора Инженеринг“, по повод 10 годишниот јубилеј на компанијата. На 150 страници од монографијата ги забележавме сите успеси од една плодна деценија успешна работа на полето на градежништвото вели Чифлиганец. „Направивме над 1250 елитни станови, 1600 модерни паркинзи и 200 – 300 деловни простори и успеавме за овие 10 години. Успеав да направам компанија со сите брендови овие 10 години на 20 то место по успешност во Р. Македонија“. Тајната на успехот според Чифлиганец е од ништо да се создаде многу. Во...
Се изврши примопредавање на кумството за Водици
Post Views: 12 Минатогодишниот кум Ванчо Чифлиганец му го предаде кумството на Стојан Ѓоргоски годинешниот кум на Богојавление. Ѓоргоски посебно задоволен од честа што здружението му ја дала поддршката тој да биде кум на манифестацијата Богојавление – Водици.„Адетот и за оваа година е исполнет. Многу благодарам на здружението Богојавление и посакувам и до година да се негуваат адетите од памтивек“-рече Ѓоргоски.„Кумството, капењето во охридските води и се што помислив на деловен и приватен план последните три години ми се исполна, рече Ванчо Чифлиганец, минатогодишниот кум...
Охридски Комуналец во акција
Post Views: 9 Охридски Комуналец во акција. Екипите на ова Јавно Претпријатие по втор пат, веќе два дена во услови на дожд, излегоа на терен за ги чистат отпадоците расфрлани странично од коловозната лента на влезот на Охрид од петљата па се до Подмоље, како и од Биљанини извори до Св Наум. Првиот човек на претпријатието Сашо Алче, вели дека тоа го прават за да ја тргнат лошата слика на расфрлан смет на патниот правец кој води до Охрид, бидејќи очигледно дека тоа не му смета на претпријатието под чија што надлежност е овој патен правец.„И минатата година во месец јули откога...
Охридска геријатрија полна со гости
Post Views: 17 Пити и погачи од домашната кујна на охридските пензионерки, како и топли обувки денес пристигнаа на одделението на геријатрија при Општа болница Охрид. Ова е гест на Здружението на пензионерите од Охрид и Дебрца, кои и годинава по повод празниците, традиционално ги посетија старите лица кои се сместени на ова одделение.„Традиционално како и секоја година доаѓаме овде кај нашите колеги и колешки пензионери да им ја честитаме Новата година и Божиќните празници, со скромни подароци и со по нешто од нашите кујни и да им посакаме добро здравје и добро да се држат додека...